Добредојдовте во Официјалната Веб Страна на ДСУ „М.М.Брицо“ - Делчево
Веќе подолго време интернетот подлабоко навлезе во нашето секојдневие. Го примаме за доручек, го јадеме место ручек, и ја прескокнуваме вечерата на интернет. Така барем млад оптимист од ДСУ „М.М.Брицо“ од Делчево кој секојдневно сонуваше да направи нешто вредно за неговото училиште по кое тоа ќе се гордее со тоа што го има, се обиде да го стори тоа на најдобар можен начин, иако верува дека може да се надмине себеси и да создаде нешто кое многу одамна сонува, а тоа е од страната да направи Портал. Иако ни приближно страната не личи на Портал, сепак може барем да ги задоволи потребите на учениците во ДСУ „М.М.Брицо“. Затоа гостину на страната, од каде и да си, уживај во малото царство на нашето училиште, и прелистувајќи ја страницата со секој поминат линк, ќе дознаеш нешто повеќе за нашето училиште, за нашиот град, за нашата земја како и пошироко,а секако мошеш да испратиш и ти некоја твоја вест за која мислиш дека е интересна.
Со почит Wembaster |
|
| Проектот "Schоol Connectivity" Ќе го води новоизбрана група |
Во петок на 15.10.2004 год. беше одржано предавање на кое новата група која го води проектот составена од ученици од I,II и IV година беше запознаена со можностите што ги нуди проектот и какви се неговите цели. Предавањеот го водеше проф. Стаменковска Розе. Се надеваме дека новоизбраната група активно ќе работи и ќе се залага за целосно реализирање на проектот во оваа учебна година.
|
|
|
| Избрани се Идните Новинари на страната! |
| Испратил Webmaster на 15 Octomber 2004 @ 10:48 |
Се известуваат учениците кои се имаат пријавено за млади новинари на страната на ДСУ „М.М.Брицо“ дека се одржа селекција на новинарите. Поради потребата од повеќе новинари, комисијата одлучи да ги прими сите новинари. Значи честитки до сите новинари кои се пријавија и се примени, а тоа се:
Веста на Емил:(„Само две нешта се бесконечни: -Вселената и Човековата Глупост П.С. за Вселената не сум баш сигурен!!!“)
Веста на Марина: („Сметам дека во Делчево постојат многу паметни млади луѓе, но за жал тие немаат можност да го покажат се она што поседуваат, и сакам да ги известувам младите од нашиот град, па и пошироко за рационалното искористување на времето. Во Македонија има организацијакоја одржува средби, кампови, сесии.. за талентирани „деца“, така да би можела јас како КООРДИНАТОР на делчево да ги известувам и вклучам...“ )
Веста на Жикица: ( Во минатата сабота, во просториите на интернет центарот во нашето училиште Д.С.У. „М.М.Брицо“ беше изведена втората по ред обука која е дел од проектот „Чекор кон Европа“. За учесници во овој проект воглавно се предвидени ученици од II и IV година од начето училиште кои имаат познавање на англиски јазик и знаат да работат со компјутери. Кoординатори на овој проект во град Делчево се Стаменковска Розе и Георгиевски Сребран. Се надеваме дека програмата на овој проект ќе биде успешна и во целост имплементирана. ПОДГ: ЖИКИЦА ПАГОВСКИ)
Анита Златковска - ученичка од IV - б клас
Веста на Анита:(Веста ќе биде објавена подоцна)
Примените новинари за своите понатамошни задачи и обрски ќе бидат известени по mail или лично од Webmaster.
|
|
|
| Кој вели дека се откажав од 007 |
| Испратил Webmaster на 03 Octomber 2004 @ 19:12 |

Пирс Броснан и Хали Бери во Die Another Day -007
По повеќе медиумски шпекулации, за новиот Џемс Бонд, за кој многумина типуваа на Дагреј Скот, Пирс Броснан излезе во јавноста со изјави дека има желба уште еднаш да биде Џемс Бонд. „Немаше никаква изјава за моето откажување, новинараот најверојатно погрешно разбрал. Мислам дека реков нешто во стилот ‘Преку глава ми се муабетите за Бонд', тоа не беше службена изјава”.

Дагреј Скот - новиот Бонд
Кога новиот Бонд ќе биде снимен, не се знае. Филмското студио MGM е на продажба, како најсериозен купувач се спомнува Сони. Објавено е дека нема ништо од најавената премиера за 18 октомври 2005. Следната недела продуцентите ќе одлучат, дали ќе го најават новиот Бонд за летото 2006 или за октомври истата година. Сценаристите Нил Пурвис и Роберт Вејд, кои ги напаишаа претходните две сценарија, сe уште работат на приказната. |
|
|
| Некој за Колеџ! |
| Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:51 |
|
1400 американски колеџи на едно место. Со базични информации за нив: адреса, веб сајт, имеил за контакт.
|
|
|
| Прозорец за Вселената |
| Испратил Webmaster на 29 September 2004 @ 22:00 |
Најголемото стакло за употреба во вселената конечно се изработи и сега ќе им овозможи спектакуларен видик на астронаутите во вселенската интернационална станица... |
|
|
| Какви Компјутери не очекуваат до 2021 година! |
Одговорот на ова прашање го дава Intel за познатото списание PCWORLD. Според Intel компјутерите во 2010 година ќе имаат работна фреквенција од 15 GHz, што е 5 пати побрзо од онаа на 3GHz на моментално најмоќните компјутери за домашна употреба. Во контекст на ова Intel ја искористи можноста да ја пофали архитектурата на својот Pentium 4 процесот, кој според нив е способен со таа архитектура да работи на 10 GHz. Кога П-4 ќе го одживее своето тогаш Intel ќе ја претстави архитектурата на процесорот од иднината, следбеникот на П-4.
|
|
|
| Ново од Linux |
Што е Knoppix? Како Работи Knoppix? |
|
|
| |
| |
| |
| |
| |
| |
| |
|
 |
Одбери јазик за приказот: |
|
|
|
 |



 |
Нова рубрика со активно on-line учење на нови зборови од Англискиот јазик |
|
|
 |
 |
Еден ден Мали Ѓокица не бил во училиште.
- Зашто не беше на школа вчера М.Ѓокица?
- Морав да ја водам кравата на бик. - одговворил М,Ѓокица.
- Зар татко ти не можел да го стори тоа?
- Можел, учителке, но бикот тоа подобро го прави. |
|
|
 |
|