Се наоѓате во секторот за информации во врска со комјутерската технологија
Игри
|
|
| Call of Duty |
| Испратил Webmaster на 03 Octomber 2004 @ 19:17 |

|
|
Процесор: |
P-3 на 700 М Hz |
| RAM меморија: |
128 MB |
| Графичка картичка: |
Direct 3D и Direct X 9.0 компатибилна графичка картичка со најмалку 64 MB VRAM |
| Оперативен систем: |
Windows ( сите верзии) |
Појавувањето на првото издание од ова чудо од игра, во светот на компјутерските игри донесе многу новини. Од појавувањето на Call Of Duty на сите некако им текна дека на игрите им недостасуваат реални real-time светлосни ефекти и дека е конечно дојдено време, да се заменат мапираните густи шуми, со тродимензионална изведба на истите. Тука започна идејата за вметнување на ниско полигонски 3D растенија во акционите игри. Па се појави FarCry, a истото е најавено и за долго очекуваната S.T.A.L.K.E.R. Никогаш нема да ми стане јасно, зошто, технолошки револуционерните новини во Call of Duty останаа невнимателно забележани. Call of Duty за прв пат донесе волуменозни облаци и експлозии, а денес сите се воодушевени и со нетрпение ги чекаат истите од S.T.A.L.K.E.R.: Shadow Of Chernobyl. Како и да е Call of Duty зад себе дигна многу прашина, па затоа вреди да се чека тоа што, од неа, следува.
United Offensive ќе ја задржи структурата на оригиналното издание, но ќе донесе и неколку новини. Втората Светска војна ќе ја гледате низ очите на руските, британските и американските војници во нова кампања, долга нешто повеќе од 10 мисии. Така, ќе започнете со најголемата тенковска борба во историјата, односно битката кај Курск. Потоа ќе ги оставите Русите и ќе ја проследите историјата на Британците, за да на крај завршите најамерикански, со битката кај Булџ. Малку детали се откриени, но сепак познато е дека во играта ќе може да се забележи присуство на важни историски личности, од тој период. За кои точно ќе станува збор, сe уште не е познато.
United Offensive ќе ја смени големината на мапите, па тие ќе бидат површински многу поголеми, од оние во оригиналната Call of Duty.
Со тоа ќе биде ставен акцент на дејствието во играта. Ако се води Втората Светска војна, тогаш таа неможе да биде видена само низ очите на еден војник, зошто не се војувало само на едно место. Така уште во првата мисија, односно битката кај Курск, се забележуваат споредните воени случувања во подалечната околина, од онаа каде вие се наоѓате. Вашиот конвој се упатува кон фронтот. Вие се возите во задниот дел од еден од камионите во конвојот. Постојано ќе бидете опкружени од војници кој го следат конвојот и ја менуваат местоположбата, грижејќи се за неговата безбедност. Додека се движите кон фронтот, во перспектива забележувате авиони кои бомбардираат, густи експлозии на неодредено време и интеракција на околината со секоја честичка прав и чад. Ваквите случување го зголемуваат интензитетот на чувството, дека во Call of Duty се води војна.
Најавени се неколку нови оружја, меѓу кои и огнофрлачи, а исто така најавена е зголемена употреба на превозните средства, во текот на војувањето.
Покрај можноста да војувате со тенкови, United Offensive ќе ве качи и на авион, па од кулата на добро познатиот Британски B-17 бомбардер, ќе имате незаборавно глетка на периферијата, преплавена со волуменозни облаци и експлозии. За да бидат задоволени fan-овите најавени се 9 нови multiplayer мапи.
Инаку, кога се во прашање хардверските побарувања, нема најава за промени во истите .
Официјалната промоција на United Offensive е закажана за 4 Октомври, оваа година, што е совршен период за играње нови игри.
|
|
|
| DOOM 3 |
| Испратил Webmaster на 03 Octomber 2004 @ 19:17 |

По сите бомбастични најави, очекувања и претпоставки, Doom 3 e конечно со нас. Иако во изминатите 2 сезони на Ентер, неколку пати зборувавме за оваа игра, сепак официјалното мора да се почитува. Многу од работите ви се познати, но незнаете сe. Официјалното издание на Doom 3, изгледа вака!
Сега кога и самите знаете дека ве предизвикува една од најдобро направените компјутерски игри на сите времиња, несмеете да останете рамнодушни. Експресно брзо, снабдете се со Doom 3 копија, пред да почувствувате дека не сте во тек со настаните од светот на компјутерските игри. За Doom 3 се зборува секаде и во секој момент. Еве зошто е тоа така.
Никогаш во историјата на компјутерските игри, ниедна компанија освен ID Software, не се осмелуваше да презема радикални чекори и да си игра со трпението на гејмерот. Тоа што ID Software беше единствена во преземањето храбри па дури и ризични чекори, ја направи една од најпопуларните компании во светот на игрите. Ако сметате дека тоа не е така, тогаш сетете се, кога за прв пат решивте да го надградите својот компјутер. Ако не ви текнува тогаш, доволно ќе биде само да го споменам, името Quake за да се потсетите.
Ако Quake беше револуција во 1999 година, тогаш Doom 3 треба да биде пет пати по тоа. Еве зошто.
Од појавувањето на првото Quake издание поминаа без малку 5 години, што значи речиси 5 пати понапредна технологија и исто толку пати позрело размислување од страна на ID Software. Напредувањето на технологијата, за секое наредно издание на ID, резултирало во сe поквалитетни графички енџини, па затоа пред крајот на 2004 година можеме да се гордееме со милијардите полигони присутни во виртуелно реализираниот Марс. Заглавени на црвената планета, во атмосфера со постојана вознемиреност, како безимен и безгласен вселенски маринец ќе морате да се соочите со вистината дека, таму не сте пожелни. Немате апсолутно никакви шанси да се вратите назад, па со тезата „што биде нека биде“, почнувате да се пробивате низ пеколот кој ве опкружува.
Во третото Doom издание ќе ги видите истите чудовишта од претходните 2 дела, но тешко ќе ги препознаете, бидејќи тие изгледаат подобро од кога и да е.
Како различно деформирани и искубани парчиња месо, чудовиштата се тука, да ви отежнат во играњето. Созревањето на ID Software без сомнение, значи созревање и на ѕверовите, што резултира со висок степен на интелегенција на истите. Тоа ја прави играта малку потешка за играње, но по половина час тренинг, можете да сметате дека барем во почетните мисии, сте подготвени за предизвикот.
Иако визуелно, Doom во ова издание е многу изменета, сепак во гејмплејот речиси ништо не е изменето, туку стариот шаблон е убаво маскиран со новиот изглед. Вашата играње ќе се состои во убивање различни типови чудовишта, собирање на потребните клучеви и конечно отворање на заклучените врати со нив. Во неколку од мисиите ќе морате да прочитате неколку говорни пораки, зачувани на постоечките уреди и така да стигнете до потребниот клуч. Кога вака ќе ги поставиме работите, тогаш, по малку разочарувачки делува фактот што Doom 3, не се базира на конкретна приказна која се разработува во текот на играњето. Но како што веќе реков, немањето приказна значи имање апсолутно сe друго. На крајот на краиштата, вие имате толку многу работи на кои треба да внимавате при играњето, што не дава место за постоење на уште неколку правила кои треба да ги почитувате заради приказната. Да беше тоа случај, тогаш наверојатно, Doom 3 ќе беше една од најтешките компјутерски игри на сите времиња.
И конечно сe што е квалитетно има своја цена. Doom 3 ќе ве чини најмалку 1,5GHz процесорска моќ, 512MB RAM меморија, 64MB VideoRAM и 2,2GB слободно место на хард дискот. Ако сте подготвени да дадете толку, Doom 3 ќе знае како на тоа да возврати.
|
|
|
|
 |
|
Вестите од дигиталната технологија се позајмени од страната на Enter.net.mk |
|
|
|
 |
|