Државно Средно Училиште „М.М.Брицо“ - Делчево

Home | Favorites| E-mail | Print
Директор | Управа | Професори | Одржувачи
Историја на Училиштето | Училиштето Денес
Нови Ученици | Реформирано Образование | Струки
Географска Положба | Популација,Клима,Хридрографија | Историја,Културно,наследств | Делчево некогаш и денес | Угостителство и трговија | Култира | Образование | Здравство | Туризам,Спорт и Рекреација | Стопанство и Економија
Матурски Испити | Уписи за Факултет | Слики од Матуранти
Кои сме Ние | Кои се Професори | Проекти | Cluster 2 | Национална Конференција - Охрид 2003 | Интернационална Конференција - Охрид 2004
под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7
под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8

Методи Митевски - Брицо

small logo
Се наоѓате во секторот за информации во врска со градот Делчево.


Историја, Културно Наследство
Испратил Webmaster на 14 June 2004 @ 08:59   

Историја на нашиот град

Во дното на Пијанечка котлина,на двата брега на Брегалница во подножјето на планинат а Голак се наоѓа Делчево, најубавата и најголемата населба на Пијанецот.За првпат како населба се спомнува под името Царево село.Делчево Според едно предание во виз антиско време се викало Василево, што на наш јазик значи Царево село.Првите делчевчани живееле од десната старна на реката Брегалница на денешно време ридот Острец.Научните сознанија зборуваат дека во турско време Де лчево се викало Султанија.Кон средината на XVII век во оклината на делчево престојувал турски султан Мехмед IV .Кога тој бил тука, во Пијанецот е извршено масовно потурчување.Во тоа време населбата од под Острец е прместена на левата страна на реката Брегалница. Од тој временски период датира градската џамија.За најстар дел од градот се сметаат живеалиштата околу џамијата-турската колонија на градот.Се до XIX векДелчево било село, турската колонија носело со извесен број чистокрвни Турци, голем број потурчено население и неколку македонски фамилии.Кон средината на XIX век почнала да се развива чаршијата.Почнал да се зголемува бројот на македонското население.Во 1863 год.Делчево имало 75 куќи,а во 1873год.103 македонски куќи.Во 1856год.била завршена градбата на црквата, околу која живееле претежно македонско население.Во период на Руско-турската војнасе јавувало големо иселување на македонскота наслеление во Ќустендилско, а во Царево Село дошло турското население наречено Маџирци.Се населиле на долниот дел на Царево Село и по формирањето на Маџир маало, денешен III реон.Со градењето на првите занаетчиски, трговски дуќани во рамничарскиот дел на реката Брегалница почнала да се раѓа чаршијата.Во1894 год. Царево Село имало 520 христијани, 575 мухамеданци,425 турци и 90 роми. Во 1931 год.Царево Село ќе има 3746 жители.Првите куќи од десната страна на реката Брегалница почнале да се градат во 1935 година.На 13 V 1950 год. Пленувањето на околинскиот народен Одбор на град Царево Село донесе одлука градот Царево Село да добие ново име Делчево.Секој граѓанин се гордее со достигањата на нашиот град и поднеб је зашто со векови наназад создавале животни добра, белег на овој град кој што со достоинство го носи иметона македонскиот идеолог и револуционер Гоце Делчев.

Панорама на ДелчевоЛокалитет „Градиште“

 

Исто така постојат повеќе научни теории за тоа како областа го добила името Пијанец.За најверодостојни се сметаат:

- Името Пијанец потекнува од името на племето Пеонци(Пајонци) кои ја населувале областа помеѓу реките Вардар и струма и планините Беласица и Осоговските Планини.

- областа го добила името по средновековниот град пијанец, чија локација се уште не е утврдена.Во грамотата на Василиј II издадена од Охридската архепископија 1019 година се наведува: " Епископот на Мороздвиза да има во Мороздвиза, Злетово, Луковица, Пијанец и Малешево 15 клирици и 15 парици " .

Историчарите сметаат дека словенското племе Струмјани на овие простори се доселиле кон крајот на VI век. Пијанец до средината на XIV век е под византиска власт, бугарските цареви го владета околу 2 века, српските околу 1 век, а до крајот на XXIV век па се до 1912 година ( цели 540 години) со областа владеат Турците.По кратко српско и уште пократко бугарско владение, по првпат во својата историја, Делчево станува ослободено на 07.09.1944 година.

ЃумКула

Црква „св. Богородица“ - ДелчевоЦрква во с.Вирче

Стаклена чаша од 2 век најдена во с.Драмче

 

Слики од Делчевското Културно наследство

 

 

 

 

 

 


 

 

 

 

 

Делчево
 



 

 

Горе| Почетна | Site Map | Webmaster | Посетители | Контакт | ©2004 DraganSoft Верзија 2.1.2 Страната беше направена за 8.634 сек

Hosted by www.Geocities.ws

1