Градот досега 4 пати го менува своето име.Во византиско време го носел името Василево. Во 1761 година областа лично ја посетил султанот Мехмед IV , при што било извршено масовно потурчување на христијанското население, а населбата го добила името Султанија.
Исламизираното хрисијанско население не го научило турскиот јазик, па името Султанија го преименувале во наше име Царево Село. Една година пред Султанот Мехмед IV овде поминал познатиот патеписец Евлија Челебија и запишал: Од Виница се покачивме на Кочанската планинска рудина, движејќи се низ клисурата по четири часа пристигнавме во Царево Село. Ова е муслиманско село расположено во полите на една планина и е украсено со 100 куќи и една ѓевѓирана со минаре чудесна Џамија.


Делчево во 30 - тите години Стара градба денес
Сегашното име Делчево, градот го носи од мај 1950 година, во чест на Гоце Делчев, кој овде престојувал повеќе пати и кога учителствувал во штипско Ново Село.
По Руско - Турската Војна (1878) голем број од христијанското население избегало во Бугарија, а на нивно место од Мала Азија се доселиле Турци - Маџири.
Триесеттина години подоцна, за време на Балканските војни, дошло до повторно масовно иселување , но овој пат на турското население.
Меѓу двете светски војни Делчево е мало провинциско гратче, со трошни куќи, мал број занаетчиски дуќани, со тесни калливи улички.
 

Делчево во моментов
|