Водечка организација во сферата на здравството и здравствените услуги во Општината е ЈЗО " Гоце Делчев " . Здравствениот дом има дислоцирани амбуланти во сите поголеми населени места, нуди здравствени услоги (општи и социјалистички) и современ центар за дијализа има регионален карактер.

Здравствен Дом " Гоце Делчев "
Граѓаните користат здравствени услоги и во единствената Приватна Здравствена ординација со биохемиска лабараторија опремена со најсовремени апарати " Акус-Медика " .
Граѓаните, исто така , можат да ги кодистат и стоматолошките услуги кај приватните стоматолошки ординации: " Д-р Јоди " , " Д-р Цвета " и " Д-р ванчо " .
Општина Делчево, иако има релативно неповолна географска положба, сепак има добра сообраќајна поврзаност. Со меѓународниот пат М-5 Делчево е поврзано со Р.Бугарија и преку Турција со Блискиот Исток.Поштенските услуги за граганите ги извршува работната единица на " Македонски пошти " , додека " Телеком-Матав " нуди телеграфско-телефонски и интернет врски.

Автобуска Станица " Полет " |