На 10км јужно од Делчево, на надморска восочина од 1.300 м, под врвот Чавка (1.538 м), на планината Голак се наоѓа РКЦ " Голак " . Одмаралиштето е основано 1981 година.Тоа има свој ресторант и сопствени терени за мал фудбал, кошарка и одбојка.
  
Детско Одмаралиште " Голак "
Тука се изградени и повеќе одмаралишта-викенд куќи на делчевски фирми ( " Гранит ", " Фротирка-компани " , " Делчево-Табак " , " Технозавод " ). Рекреативниот центар сместен среде бујни столетни борови и букови стебла.

Вила " Гранит "
Далеку од градската бучава, прекрасната вгетација, чистиот воздух и студената и бистра планинска вода, претставуваат мевлем за душа на посетителите. Зиме, под дебелата снежна покривка Голак нуди Незаборавни и неповторливи гледки.
За добронамерните гости, туристи и други посетители на располагање и стојат:Хотел " Македонија " ,мотелите " Кула " и " Коми Калај " , Рестораните " Трло "," Две Липи " и " Т ' га за југ " , гостилницата " За вас " и голем број на кафеани, диско барови и сендвичари.
 
Градски базен(Мал) и Спортска Сала(недовршена)
Градскиот стадион и терените за кошарка и мал фудбал што ги има многу во градеот, како и градскиот базен се маста каде делчевчани го минуваат своето слободно време наменето за спорт и рекреација.
Пријатни часови за одмор и риболов нудат малите акумулации " Петрашевец " и " Сандански " кои се наоѓаат лево од стариот пат Делчево- Тработивиште. |