Се наоѓате во секторот за информации во врска со комјутерската технологија
Хардвер
|
|
| Mustek pl408 |
| Испратил Webmaster на 12 Octomber 2004 @ 17:20 |

Сакате да бидете еден од господарите на прстенот, да летате со Хари Потер или да бидете дел од многу други авантури? Со новиот портабл DVD плеер на Mustek, одсега ќе можете да уживате на било кое место во светот, гледајќи ги вашите омилени DVD изданија.
Мustek pl-408 multiregion е совршен избор за сите оние што бараат одличен квалитет со вградена анти-шок технологија. Димензиите 212x158x29.8 mm, се погодни за да можете да го поставите на било кое место, а неговата тежина од 850 g го прави лесно подвижен.
Мulti-Region опцијата го прави употреблив во сите региони, а со ќе тоа можете да го гледате омиленото DVD издание на било кое место во светот. Покрај ова, вие ќе можете да направите избор од вашата фонотека и да слушате музика во MP3 формат. Овој DVD плеер има вградени стерео звучници, но доколку сакате помоќен звук постои можност за приклучување на аудио засилувачи. Ако не сакате да им пречите на другите, може да приклучите два пара стерео слушалки, а постои опција и за безжични преку вградениот инфра-црвен порт. Mustek pl-408 ги поддржува и следниве формати: DVD, CD, DVD+-R, DVD+-RW, CD R, CD RW. Вградениот TFT екран има дијагонала од 8.4” во 16:9 формат, што му дава современ и трендовски изглед на овој DVD плеер. Литиум-јонската батерија може да издржи до пет часа, па слободно може да изгледате и некој подолг филм. Други особини што го карактеризираат овој плеер се аудио и видео излезите, со кои лесно ке можете да го поврзете на вашиот ТВ приемник. Поголемиот дел од функциите можат да се контролираат со помош на фино дизајнираниот далечински управувач, па нема да морате да посегнувате по контролите на самиот уред.
Oвој портабл DVD плеер ќе може да го користите и во вашиот автомобил. Ако ви се испразни батеријата, а немате каде да ја наполните, тогаш постои можност DVD плеерот да го поврзете со посебен адаптер, на местото на запалката во автомобилот.
Па ако веќе го одбравте вашето омилено место за релаксирање, уживајте во предностите што ви ги нуди новиот Mustek pl-408 multiregion.
|
|
|
| Ново од Maxtor |
| Испратил Webmaster на 05 Octomber 2004 @ 20:35 |
Maxtor го претстави новиот начин на изработка на хард дискови. Тајната на оваа технологија е во вертикалниот начин на запишување на податоците. Со тоа ќе биде овозможено константно зголемување на капацитетот на хард дисковите, без дополнителни трошоци за оваа технологија. Така, нема да треба да помине многу време пред да се појават првите хард дискови со капацитет од 300GB , а крајната цел на оваа технологија е да се овозможи производство на хард дискови со капацитет од 700GB. |
|
|
| SMD и Apple |
| Испратил Webmaster на 05 Octomber 2004 @ 20:36 |
AMD и Apple ги претставија своите први 64-битни процесори. Станува збор за AMD Athlon 64 и Apple G5, кои се очекув да се појават оваа есен на пазарот. Со воведувањето на овие процесори се очекува драматично зголемување на брзината на работа во програми за обработка на комплексна графика и крајно задоволување на играчите со побогата и подетална графика во игрите.
На прашањето каде е Intel во 64-битниот натпревар, ќе го добиете следниов одговор. Intel веќе има 64-битен процесор кој се вика Yamhill (Јамхил) и го чека вистинскиот момент него да го понуди на пазарот.
Како и да е. Во моментов не постои целосно 64-битен оперативен систем кој ќе може најдобро да ја искористи моќта на 64-битните процесори. Компаниите се подготвуваат да влезат во светот на 64-битното, но тој процес оди многу бавно, барем сега за сега.
|
|
|
| Надворешна USB меморија, практична работа! |
| Испратил Webmaster на 05 Octomber 2004 @ 20:38 |

Во основа УСБ меморијата е flash меморија која ја поседуваат сите мемориски картички. Во оваа група спаѓа, вашиот Биос чип, мемориската картичка која ја користите доколку имате дигитален фотоапарат, играчките конзоли итн.
Flash меморијата, до пред извесно време предизвикуваше контраверзи во светот на хардверот, бидејќи постоеа различни размислувања околу класифицирањето на овој тип на меморија, додека едните велеа дека е тоа РАМ меморија, другите цврсто стоеа на ставот дека се работи за минијатурен хард диск.
Ако ме прашувате мене, јас мислам дека станув збор за втората класификација, бидејќи со исклучувањето на некој програм или пак на самиот компјутер рам меморијата се брише. Кога вие ќе ја отстраните картичката од УСБ слотот, она што сте го запишале на неа,останува се до оној момент додека не го избришете сами.
А сега да погледнеме внатре, да видиме како функционира ова мало чудо.
Внатрешноста на меморијата е составена од испреплетени магистрали по кои се одвива дигиталниот сообраќај. Секое преплетување помеѓу хоризонталните и вертикалните магистрали создава една условно наречена клетка.
Што има во клетката?
Секоја клетка во себе содржи два транзистора кои се меѓусебно одделени со оксидиран слој, заради подобра изолација. Едниот транзистор се нарекува, место за чекање а другиот контролна порта.
Што прават тие?
Транзисторот за чекање можеме да го споредиме со електорнска пушка. Кога на него ќе се донесе напон, обично 12-13 волти, тој почнува да ја бомбардира контролната порта со електрони. Специјален уред наречен клеточен сензор, го набљудува однесувањето на контролната порта, и кога таа ќе биде наполента со негативен напон од електроните повеќе од 50 проценти, регистрира состојба 1. Доколку напонот е помал, тогаш состојбата е 0.
Нема потреба да ви објаснувам дека се во компјутерот е базирано на бинарниот код составен од 0 и 1.
Накратко ова е начинот на кој функционира Flash меморијата.
УСБ меморијата им ја препорачувам на сите кои често патуваат а ги мрзи сосебе да го влечкаат својот лап топ, за да извршат некаква презентација. Од тука, вметнете ги потребните информации во минијатурниот хард диск и потоа само приклучете на било кој компјутер.
|
|
|
|
| |
| |
| |
| |
| |
| |
| |
| |
|
 |
|
Вестите од дигиталната технологија се позајмени од страната на Enter.net.mk |
|
|
|
 |
|