Се наоѓате во секторот за информации од мобилната технологија
Мобилки
|
|
| Nokia 6230 |
| Испратил Webmaster на 19 Octomber 2004 @ 17:18 |
Велат дека е модел на мобилен телефон за бизнис класата. Прогласен е за хит на светот за 2004 година..
Nokia 6230 е телефон на новата генерација базиран на платформата Series 40. Самиот модел претставува иновација, а идејата на дизајнерите е задоволување на сите неопходни потреби на еден корисник на телефон, почнувајќи од вградената камера до Bluetooth поддршката.
Дизајнот е типичен за бизнис класата 6 на Nokia. Јасно е дека не се работи за спектакуларен, туку за класичен, но префинет дизајн, кој им одговара на деловните луѓе. Тастатурата е една од најдобрите која може да се сретне кај моделите на Nokia, а тастерите се симпатично распоредени на многу мало растојание.
Овој модел ги има следниве карактеристики: поддржува GSM, GPRS, но и EDGE мрежи, така што може да се користи насекаде ширум деловниот свет. ЕDGE преносот има свој теоретски лимит на 236.6 Kbps, што е за четири пати побрзо од GPRS преносот. Bluetooth поддршката, MMC картичката за проширување на меморијата и VGA камерата од 0,3 мега пиксели за снимање на фотографии и видео клипови до 4 минути, уште од стартот го прават овој модел на телефон, еден од најпосакуваните. Ако на тоа го додадеме и подобрениот екран во однос на неговиот предходник 6220, кој сега прикажува 65.536 бои, видео и аудио репродукцијата, MMS пораките со SMIL поддршка, со чија помош можете да го одредите редоследот на прикажување на повеќе слики и текст, што е практично за еден вид на мини презентација – само повеќе ќе ја потврдуваат неговата комплетна совршеност.
Од останатите опции, вреди да се истакнат и IrDa поддршката, „чет“ опцијата Instant Messaging клиент, FM радио, е-маил, USB портот за поврзување со персонален компјутер, како и Nokia PC Suite која овој процес ќе го направи поедноставен. Покрај полифоните мелодии, можете да користите и MP3 аудио записи, кои потоа можете да ги употребите како ring tone-ови или како аларм.
Вградената меморија на телефонот е со капацитет од 8 MB. Камерата овозможува снимки со максимална големина од 640 х 480 пиксели, поддржува ножен и портретен режим, како и zoom. Кратките видеоклипови во формат 3GPP (или H.263 video) можат да се зачуваат или на вградената меморија на телефонот, или на MMC картичката.
Nokia 6230 го има 2.0 WAP броусерот, а LI- ската батеријата од 850 mAh, според Nokia, ви гарантира 5 часа активен разговор и до 300 часа достапност во режим на мирување. Овој модел е со размери 103 мм х 44 мм х 20 мм, а тежи 97 грама.
Како што гледате Nokia по не знам кој пат покажа дека има намера да го задржи водечкото место во мобилната телефонија. А кога станува збор за нас корисниците – ние само треба да го направиме изборот.
|
|
|
| Samsung d410 |
| Испратил Webmaster на 12 Octomber 2004 @ 17:18 |

Кога ќе земете било кој телефон во рака, најпрво е важно како тој ќе лежи во неа. Денес имаме телефон кој одлично се вколопува во дланката, изгледа фантастично, механизмот за отворање е лизгачки, и е врв на новата генерација мобилни телефони! Денес во моби свет – Samsung d410.
Не е нов само изгледот на телефонот. И технологијата што тој ја носи во себе е исто така нова!
Сепак ова е голем телефон, тежи 116 грама, и има димензии 97,5 х 48,5 х 24 мм. Според ова, се вели дека е машки телефон, но кога јас го пробав, не се согласив комплетно со тоа. Одлично лежи во рака. Екранот е прв TFT на Самсунг компанијата што подржува 262 144 бои.
Резолуцијата на екранот е 137x220 пиксели, и се надеваме дека ова ќе прерасне во стандард за сите останати модели што ќе ни пристигнат. Резолуцијата овозможува до 8 линии текст + заглавје и 2 статусни линии. Квалитетот на сликата е неспоредлив. Претходните модели, не воодушевија со првите екрани во боја, кои во тоа време беа реткост, но исто така и беа далеку од добри. Зголемувањето на бројот на боите, не го подобрија квалитетот, се до последното изненадување, со воведување на TFT екраните, кои прикажуваа 65.536 бои, а сега 262.144 и Samsung најавува уште подобар модел.
Додека го дочекаме новиот модел, да кажеме нешто за вградената VGA камера, која се ротира за 180 степени и обезбедува резолуција од 640x480 пиксели. Исто така можете и да снимате видео клипчиња, со прилично солиден квалитет и резолуција од VGA ( 640x480 ), QVGA ( 320x240 ), QQVGA ( 160x120 ) и Мобилна ( 176x120 ) пиксели. Има 4-и видови на компресија, а на вас е да одберете, дали ќе користите Економична, Нормална, Фина и Супер Фина. Исто така ќе можете да снимате клипчиња и во ноќни услови. Multi Shot функцијата, овозможува сликање повеќе слики во мали интервали, во две брзини ( нормално и брзо ). За фотографиите има меморија од 3mb, а просечна фотографија зафаќа окулу 60 до 70 kb.
Додека одмара телефонот, екранот сам се исклучува, не покажувајќи никаква слика, иако вие можете да изберете позадина за екранот. Оваа функција ви овозможува вашата батерија да трае подолго, а лед светилката која што ќе ви свети во 8 бои, ќе ви покаже дека телефонот ви е вклучен. Додека е телефонот затворен, можете да го користите позициониот навигациски тастер, во кој имате копче за брз пристап кон веб пребарувачот. Копчињата на телефонот се пријатни за работа и нема да имате никаков проблем со нив, како ни со копчињата за контрола на звукот. Hands Free конекторот е заштитен со гумен додаток и се наоѓа веднаш до инфрацрвенот порт.
Си помисливме дека тоа е тоа, лимитот е тука и нема што повеќе да се подобрува.
Се лажете. Немам доволно време, па набрзина ќе набројам:
• 1000 Броеви Меморија
• Комуникација – преку СМС секако , ЕМС, ММС, е-Маил, Факс: GPR -class 10, Browser WAP 1.2
• Вградена Меморија- 6.6 mb
• 64 канални полофонични мелодии
• Конвертор на Валути
• Снимање на разговор
• Јава Подршка
• И секако Часовник, Аларм, Организатор, Калкулатор, Речник Т9, ииииии
|
|
|
| Sony Ericsson T610 |
| Испратил Webmaster на 12 Octomber 2004 @ 17:10 |

Sony Ericsson Т610 e наследник на популарниот и многу користениот Sony Ericsson Т68 i ... Елегантен е, едноставен, а што се однесува до функциите, ги наследил сите добри особини на својот претходник со одредени подобрувања. Најголемиот напредок се состои во интегрираната камера и големината на екранот. Sony Ericsson Т 610 ги има овие димензии: 102 мм должина, 44 мм широчина и 19 мм дебелина, а тежи 95 грама. Батеријата е Li Polymer-на и е со јачина 700 mAh. Тастатурата ја сочинуваат квалитетно изработени копчиња, а на неа доминира џоистикот кој во овој модел на Ериксон е попрецизен и поосетлив од оној на неговиот претходник. Освен како навигатор, џоистикот ќе ви користи и како аларм за батеријата. Така, тој ќе светка кога батеријата треба да се полни. Камерата е интегрирана и е сместена на задната страна на телефонот. Сликите кои ќе ги правите ќе имаат резолуција од 120 х 160 или 288 х 352 pixel-и. Фотографиите излегуваат со одличен квалитет и на денско светло и кога се сликани на темно, па вака извадените фотографии потоа можете да ги испраќате преку ММS. 15 KB е големината на просечна слика, а вкупната меморија од 2 MB е и повеќе од доволна за да си направите солидна колекција од слики. Нема начин за надградба на меморијата, но затоа пак кога станува збор за полифоните мелодиите, мора да ја споменеме апликацијата Music DJ! Екранот е со графички дисплеј од 65000 бои, и резолуција од 128 х 160 pixela STN, а екранот има доволно простор за да опфати 9 линии, и тоа: 6 линии текст, 2 сервисни линии и 1 линија за иконите. Видливоста на дисплејот е за пофалба бидејќи сликата е јасна и чиста. Toa што дисплејот е STN, значи дека е побрз за игрите. Пораки може да испраќате и да примате преку EMS, SMS, MMS, e-mail, а има и chat!!!! Може да се поврзе со други апарати со помош на Bluetooth i IrDA, а новина е и можноста за поврзување со Aplle компјутерите со помош на iSync software-от. Стандардните функции се исто така интегрирани во него. Такви се секако: алармот, штоперката, калкулаторот, диктафонот и календарот кои се во овој модел подобрени, а во адесарот има слободни места за 510 пријатели. Подржува Java и GPRS, со можност за download на разни корисни и некорисни програми и игри. Три игри доаѓаат по дифолт и тоа: Deep Abyss, Five Stones i Minigolf, а може да се играат и сите Ј2МЕ и Мофун игри. |
|
|
| Мобилен телефон ја отрива миризбата на устата |
| Испратил Webmaster на 03 Octomber 2004 @ 15:15 |
 Една германска телекомуникациска компанија вчера објави дека развива прв мобилен телефон, кој корисникот ќе го извести ако устата му мириса, или ако тој мириса.
Телефонот ќе има вграден минијатурен чип, помал од милиметар, за откривање на непријатните мириси, изјавија од Сименс Мобил. Истражувачката екипа во Минхен развива нов апарат кој ќе се служи со сензорска технологија. “Телефонот во непосредна близина открива се, од непријатен здив и алкохол, до атмосферски гасови” велат од компанијата |
|
|
| „Моторола“ во предност |
| Испратил Webmaster на 03 Octomber 2004 @ 15:15 |
„NTT DoCoMo“ втората по големина компанија за мобилни телефони во светот по сe изгледа планира ќе купат апарати од американската „Моторола“.
„Докомо“ ги снабдува компаниите со пари за да им помогнат во развојот на „3G“ телефоните кои на претплатниците им овозможуваат да користат пософистицирани видео и аудио услуги.
Компанијата смета дека „3G“ или третата генерација на безжични производи ќе бидат главниот фактор за зголемување на профитот.
Лидерот на оваа индустрија „Нокија“ исто така е во преговори со „Докомо“ и тие сакаат да ја зголемат продажбата на јапонскиот пазар.
„Моторола“, која се води како втор по ред производител на мобилни во светот минатиот месец имаше зголемување на продажбата за 40%.
„Моторола“ во моментов го освојува пазарот на акции. Во подобра позиција е од своите ривали вклучувајќи ја тука и „ Nokia“.
|
|
|
| Нови слушалки со екран на Nokia |
| Испратил Webmaster на 03 Octomber 2004 @14:15 |
Употребата на мобилен телефон ќе изгледа поинаку со "Вајрлес имиџ" слушалките на компанијата "Нокиа" благодарение на "Блутут" приклучокот и позитивните резултати од користењето на безжичната врска која овозможува да се види кој повикува без користење на телефонот.
Слушалките имаат димензии 63, 45, 15, тежина од 57 грама, како и ремен за носење околу врат, така што до израз доаѓа нивната главна карактеристика - екранот во боја.
Минијатурниот екран и едноставниот едитор на текстот овозможуваат извршување преглед и менување записи во телефонскиот именик или читање текстуални пораки. Максималниот капацитет на меморијата за чување пораки изнесува 500 КБ.
Направата за телефонирање без раце и можноста за издавање команди со глас го комплетираат впечатокот за необичните слушалки.
Новите безжични слушалки на "Нокиа" ќе се појават во продажба до крајот на годинава, но нивната цена се уште не е позната. |
|
|
| |
| |
|
 |
|
Вестите од дигиталната технологија се позајмени од страната на Enter.net.mk |
|
|
|
 |
|