Државно Средно Училиште „М.М.Брицо“ - Делчево

Home | Favorites| E-mail | Print
Директор | Управа | Професори | Одржувачи
Историја на Училиштето | Училиштето Денес
Нови Ученици | Реформирано Образование | Струки
Географска Положба | Популација,Клима,Хридрографија | Историја,Културно,наследств | Делчево некогаш и денес | Угостителство и трговија | Култира | Образование | Здравство | Туризам,Спорт и Рекреација | Стопанство и Економија
Матурски Испити | Уписи за Факултет | Слики од Матуранти
Кои сме Ние | Кои се Професори | Проекти | Cluster 2 | Национална Конференција - Охрид 2003 | Интернационална Конференција - Охрид 2004
под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7
под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8

Методи Митевски - Брицо

small logo
Линк на Неделата! Дали сакате да видите нешто за што можеби досега не сте слушнале.Дали сакате да ги видите страните кои не сте можеле да ги најдете на некои пребарувачи.Дали сакате да ги видите најпосетуваните страни во светот. Епа, на вистинското место сте.Видете подолу.Дел од нив се позајмени од веб сајтот на On.net.mk.


Цинизам
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:32     
Освен Дорските столбови и Гирото, Грците го измислија и цинизмот. Храм на цинизмот, така се вика сајтот до кој води зборчето 'повеќе'. Таму ве чекаат едно чудо интересни податоци...

 

 

 

 

 


Лексикон на Ју митологија
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:35  
Кои се Мујо и Хасо, Бернарда Маровт, Миле Лојпур, Мица Трофртаљка, што е хркљуш, Труманови јајца, дрнч и гуштеров лет, како е тоа мала моја кога љуби Босанец и зошто на секој пионер му е врежана свинска глава во сеќавањата . Екс Југословени од сите земји, дозволете да се обратиме. 

 

 

 

 

 

 

Помагајте другови
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:36 
StumbleUpon е заедница на сурфери кои меѓусебе си препорачуваат веб сајтови кои им се допаѓаат. Доколку верувате во 'колективниот ум', тогаш оваа алатка навистина може да ви помогне полесно да се  снајдете во интерент џунглата и побрзо да дојдете до она што навистина ве интересира. Се користи едноставно: превземето го тулбарот, штиклирајте ги своите омилени теми и потоа ѕирнете кои сајтови ги предлагаат луѓето кои ги делат истите интереси со вас. Рецензентот на магазинот PcPro за Stumbleupon напишал: "Се навлеков, мислам дека ова е наjкорисната алатка за сурфање после Гугл".

 

 

 

 

 

 

Ајмо Хакери
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:38   
Try 2 Hack е веб сајт со неколку различни нивоа кои се заштитени со пасворди. За да  минете едно ниво, треба нивото да го 'хакнете', потоа преоѓате во друго итн. 
лекција број 1: Security
hint: ѕирнете во source code-ot

 

 

 

 

 

 

Сајт за есапџии
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:38 
Еве ви сајт кој ќе ви помогне да донесете одлука за секоја финансиска ситуација која можете да ја замислите. Се работи за фина колекција од калкулатори кои ќе ви помогнат околу пресметките за хипотеки за стан, за автомобил, кредитни картички, даноци, заеми, осигурување, акции... Тотално корисно, одма у фејворитс.

 

 

 

 

 

 

WAV Aрхива
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:40
Богата и интересна аудио архива од познати филмски реплики. Можете да се забавувате потсетувајќи се на вашите омилени филмчиња а аудио парчињата можете да ги искористите и ако ги поврзете со одредена операција на вашиот компјутер.

 

 

 

 

 

Тие владеат!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:40  
Најмоќните компании, најмоќните луѓе и врските меѓу нив. Одличен сајт!

 

 

 

 

 

Видео игри!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:43  
Нешто како IMDB, само за видео игри. Neat!

 

 

 

 

 

Ама на никого да не кажуваш!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:48  
Ве носиме на сајтот http://www.e-admit.com/. Таму луѓето доаѓаат за да ги поделат своите тајни со остатокот од светот а да останат анонимни. Нормално, можете и само да ги читате туѓите тајни ако тоа ви прави повеќе мерак. Најмногу ги има од љубовно-сексуална природа ама на сајтот ќе најдете и исповеди на криминалци кои се каат за бељите, суицидални планови, проблеми со тежината, алкоси кои прешле на хашиш, опседнатост со палачинки....   

 

 

 

 

 

Еволуција
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:49  
Задолжително погледајте го овој портал кој се занимава со постанокот на работите. Од астероидитите до зелените желки. Има едно чудо интересни податоци. Знаевте ли дека од буквите најстара е буквата 'o', или дека папагалот го затвора клунот со сила од 25 килограми по квадратен сантиметар?
Photoshop за фотографии
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:50  
Страшно корисна веб адреса. Ќе ви бидат објаснети сите финеси на Фотошоп кои ќе ви помогнат да ги разубавите, дотерате, испеглате и налицкате вашите домашни фотографии. Без да се замарате со останатите алатки на Фотошопот ќе станете махер за фотки. Букмарк одма! 
 
Ишкур да не ве боли за Евровизија!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:51  
Ишкур е водич низ електронската музика. Ишкур е нешто што задолжително треба да го посетат и оние кои ја сакаат таа музика и оние кои се уште се доволно љубопитни за да не мислат дека музиката завршила со смртта на Џим Морисон. Ишкур ве води низ развојот на елементарните правци на електронскиот звук (хаус, транс, техно, брејкбит) и тоа го прави шармантно, забавно и едукативно. За секој жанр постои кратко објаснување и музички семплови кои се карактеристични за него. Еве една развојна линија од Ишкур: Трансот преоѓа во ЕBM па во Гоа па во Есид па во Хард Есид па во NRG за на крај спонтано да прерасне во подвид кој (со право) е наречен Stupid . Јас со саати се заборавив на Ишкур. Тргнете по мене...   
Некој за Колеџ!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:51  
1400 американски колеџи на едно место. Со базични информации за нив: адреса, веб сајт, имеил за контакт.
 
За минута или две!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:56  
TyperA е бесплатен јава програм кој ја тестира вашата брзина на пишување на тастатура. Добивате зборови и реченици од ѓутуре и се трудите да ги отчукате што побрзо и попрецизно. Тестот трае една или две минути.
.   
Од 1 до 10 на 4500
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 21:59  
Сhig, nyee, sum, zhi, nga, dug, dhun, gyey, gu, chu! Ако некогаш се загубите во Тибет и ги изговорите овие зборови, тоа ништо нема да ви помогне! Евентуално, некој локален тип ќе си промрси во брада: Што му е на манијаков што брои од 1 до 10? Ако кликнете на повеќе, ќе научите да броите од еден од десет на, пази цифра-  4500 светски јазици! Ајмо! 
  
Страв од стравови!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:01 
Добро е што овој сајт го најдовме во понеделник 24-ти а не во петок 13-ти. Инаку, од страв немаше да можеме да признаеме дека сме, кхм:  параскаведекатрифобични
Трк на повеќе и дознајте им ги имињата на своите стравови.
 
Кој чита не скита
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:03 
Проектот Гутенберг е најстариот интернет издавач на бесплатни електронски книги. Идејата се раѓа во 1971 година кога Мајкл Харт помислил дека би било супер кога книгите би биле достапни секому. Епилог: само во 2002 година била издадени нови 1975 е-книги. Целата библиотека ја имате на 'повеќе' поделена во три категории: 'лесна' литература (Петар Пан, Алиса во земјата на чудата...), 'тешка' литература (Шекспир, Библија...) и помошна литература (енциклопедии, речници...).
  
Песни и стихове!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:05  
Еве еден сајт за оние кои се палат на Тодор Александров и за оние кои сакаат да им фаќаат сеир на оние кои се палат на Тодор Александров. Ве линкаме до најзабавниот дел на сајтот, крстен како 'Песни и стихове'. Па вика:

"V novo selo, Shtipsko, momuk se rodi.
Svojta mladost chista, s kniga osveti.
Bulgarski uchitel, s Kirilsko A, Be,
rodnoto ni slovo trugna da chete".


Ние би рекле: What???
  
Речник
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:10  
Webopedia. Еден од подобрите онлајн речници за компјутерска и интернет технологија. Пробајте го...
  
Песни и стихове!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:05  
Ако мислите да патувате по Европа, задолжително прегледајте го овој сајт...
  
Говорете во рикверц
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:12  
Ја знаете онаа легенда дека ако ја пуштите песната Another One Bites The Dust од Queen се слуша: Start Smoke Marijuana? Демек на публиката и се подметнуваат потсвесни пораки кои тие ги впиваат и без да знаат за тоа (да беше така, Фреди сигурно ќе промовираше малку поинакво пушење).  Енивеј, налетавме на сајт со преку 1000 аудио рикверц семплови со различна содржина: религиозна, политичка, музичка... Бест парче е она на Осама Бин Ладен кој пуштен во рикверц порачува: I will bye you the palace of evil. Да живеат заверите!
  
Шоу ме Д мани
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:14  
Галерија на сите можни банкноти во светов. Ако поради ништо друго, тогаш сајтот вреди да се ѕирне колку да се потсетите на 'парите на Кљусев', кои дремат во галеријата како официјални македонски банкноти.   
  
Пцујте дипломатски
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:15  
Ако ве изнервира таксист во Италија, ако сакате да настрадате од турски полицаец, ако не ви дадат француска виза, ако ве излаже кинески продавач или некоја мароканска курва ... Пцовки на 37 светски јазици!! Деца, учете странски јазици на време...
  
Зум-одзум!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:17  
Oд 12.76 милиони метри до 12.76 милионитиот дел од метарот. Од еден протон до 10 милиони светлосни години оддалеченост од Млечниот пат...
 
  
Спарувајте се луѓе!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:19 
CelebMatch.com
CelebMatch.com е сајт кој ќе ви каже колку си одговарате (емотивно, интелектуално...) со некоја од познатите фаци. Можете да се проверите еден на еден или пак да побарате листа на оние ѕвезди кои би ви биле најдобри партнери. Тотално идиотски концепт, ама тоа нема да ве спречи да кликнете на повеќе, нели? 
  
Лична страна!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:21  
Зоран Танасијевиќ  - Таса, првиот српски сељак на интернет....
  
Песни и стихове!
Испратил Webmaster на 04 Octomber 2004 @ 22:24 
Добра идеја. Одбери си еден од купот постоечки сателити, кликни и гледај ја својата родна планета. Потоа зумирај и пробај да си го најдеш маалото.
  
 
 

 

 


 

Горе| Почетна | Site Map | Webmaster | Посетители | Контакт | ©2004 DraganSoft Верзија 2.1.2 Страната беше направена за 8.634 сек

Hosted by www.Geocities.ws

1