Државно Средно Училиште „М.М.Брицо“ - Делчево

Home | Favorites| E-mail | Print
Директор | Управа | Професори | Одржувачи
Историја на Училиштето | Училиштето Денес
Нови Ученици | Реформирано Образование | Струки
Географска Положба | Популација,Клима,Хридрографија | Историја,Културно,наследств | Делчево некогаш и денес | Угостителство и трговија | Култира | Образование | Здравство | Туризам,Спорт и Рекреација | Стопанство и Економија
Матурски Испити | Уписи за Факултет | Слики од Матуранти
Кои сме Ние | Кои се Професори | Проекти | Cluster 2 | Национална Конференција - Охрид 2003 | Интернационална Конференција - Охрид 2004
под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7
под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8

Методи Митевски - Брицо

small logo

Се наоѓате во секторот за информации во врска со комјутерската технологија

Интернет



Интернет Станици бр_2
Испратил Webmaster на 19 Octomber 2004 @ 17:42       

Додека со Gmail ништо не се случува, вие и понатаму имате потреба од поголемо email сандаче. Gmail можат да го користат само авторизираните beta тестери, а таа чест ја нема секој. Затоа walla.com

http://www.walla.com/– Конечно можете да се збогувате од пренатрупаниот YahooMail, зошто она што Walla ќе ви го понуди, е 10 пати подобро. Ако Yahoo ви овозможува 100MB големо email сандаче, Walla ќе ви овозможи исто такво, но со големина од 1000MB. Плус, добивате квалитетна spam заштита, логирање во само еден чекор, можност за менаџирање на постоечките папки, поставување сопствен потпис на секоја излезна email порака, адресар и подршка за предефинирани email пораки, односно email темплејти. Постапката за регистрација е многу кратка, а изгледа вака! Ја повикувате страницата Walla.com. Бидејќи сте нов корисник, за да отворите email адреса, ќе треба да кликнете на “Sign up for a free 1G mail account”. Потоа пред вас ќе се појави формуларот за регистрација, која е многу помал во однос на оној на Yahoo. Пополнете ги сите соодветни полиња и потоа кликнете Create Account! За да пристапите на штотуку создаденото електронско сандаче, вратете се на почетната страница, поточно http://www.walla.com/и внесете го соодветното корисничко и лозинка. Работата е завршена!

AutoScout24 е веб страница која задолжително морате да ја посетите, ако сакате да купите автомобил. Покрај тоа што ќе можете истиот да го купите online, добро е да знаете како се движат цените на половните автомобили на Европскиот пазар.

http://eng.autoscout24.com/– AutoScout 24 претставува online авто салон, со таа разлика што, автомобилите можете само да ги видите, а не и да ги почувствувате. Оригинално, сајтов е на германски јазик, но за среќа е преведен и на англиски јазик, па адресата која ви ја кажав пред малку, се однесува токму на таа верзија од сајтот. AutoScout 24 располага исклучително прецизен пребарувач, кој ќе ги задоволи и најпребирливите бидејќи дозволува подесување на сите важни параметри, при избор на половен автомобил. Најпрво избирате автомобилски бренд и тоа од полето Make. Потоа го внесувате точното име на моделот за кој сте заинтересирани. На пример: Audi TT. Потоа ја прецизирате релативната цена на автомобилот, односно одредувате почетна и крајна цена. Од полето Price From, треба да ја изберете најниската цена, а најдобро е таа да ги опфаќа сите понудени или со други зборови изберете All. Од соседното поле, Price To изберете ја највисоката сума која сте подготвени да ја дадете за половен автомобил. Потоа во долните две полиња определете колку изминати километри сакате да има автомобилот. Повторно определувате релативна вредност, поточно од колку, до колку километри. Истото ќе треба да го направите и за годината на производство на автомобилот. Последен параметар е Search radius. Ова директно значи дека ќе можете да одредите на колкаво растојание од вас, сакате да се наоѓа половниот автомобил, што сте подготвени да го купите или поточно ќе можете ќе можете да ја одредите земјата на потекло, со внесување на соодветниот поштенски код за истата. Тоа се главните параметри кои морате да ги определите, а дополнително можете да изберете пребарување само во рамките на Европа, прикажување единствено на автомобилите кои имаат слика и пребарување единствено на дилерски автомобили. По кликнувањето Search, ги добивате резултатите. Ако неуспеете, од близу милион и двеста автомобили да изберете, еден по ваш вкус, тогаш најверојатно страницава нема да ви биде потребна. Но како би го знаеле тоа, ако не ги прелистате сите автомобили. Значи, сепак ќе биде потребно да ја погледнете.

До пред некој ден, незнаев дека и ние Македонците имаме слободна бежична мрежа. Gajtanless.org.

http://www.gajtanless.org/– Gajtanless.org е првата слободна wireless мрежа во Македонија. Основната цел на мрежата е, како и кај секоја компјутерска мрежа да ги поврзе членовите на здружението Гајтанлес и да овозможи нивно комуницирање. Во моментот мрежата на Гајтанлес се простира единствено на територијата на градот Скопје, но сеуште не е постигната 100% покриеност. На прашањето „Зошто го правите ова?“, луѓето кои се ангажирани за одржување на оваа мрежа одговараат, вака: „Затоа што ни е забавно, а и можеме од тоа многу да научиме. Сметаме дека во wireless технологијата е иднината и дека ќе се развива многу повеќе.
Научивме многу за оваа технологија, протоколите и сакаме да им овозможиме на сите да ја „пробаат“ оваа технологија и да дојдат до истите сознанија како и ние“. Мислам дека овој одговор е доволно добра причина, да се заинтересирате и да ја посетите официјалната страница http://www.gajtanless.org/. Инаку, страницата е одлично изработена, а за особена пофалба е делот ЧПП, односно „Често Поставувани Прашања“. Исто така, ова е една од ретките македонски страници, која овозможува размена на вести, преку т.н. RSS канали. Сајтот содржи и карта на покривање, од каде немногу прегледно, но сепак можете да видите кој дел на Скопје го опфаќа Гајтанлес. Делот „Сакам да се приклучам“ ќе биде најважен за оние корисници кои планираат да се приклучат кон мрежата. Ќе треба да пополните web формулар, да уплатите 1000 денари на сметката на Невладината организација Гајтанлесс Скопје и потоа, ако го имате потребниот хардвер, можете да сметате дека сте завршиле со работата. Инаку, ако неуспеавте да најдете одговор на поставеното прашање во делот „Често Поставувани Прашања“, тогаш погледнете го форумот. Тој располага со посебен дел за почетниците, наречен „Основни Прашања“.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 
 

Брз преглед на Страните

Страна 1

Страна 2

 

 

Дигитални вести


Вестите од дигиталната технологија се позајмени од страната на Enter.net.mk

Enter.net.mk

 


 

 

Горе| Почетна | Site Map | Webmaster | Посетители | Контакт | ©2004 DraganSoft Верзија 2.1.2 Страната беше направена за 8.634 сек

Hosted by www.Geocities.ws

1