Државно Средно Училиште „М.М.Брицо“ - Делчево

Home | Favorites| E-mail | Print
Директор | Управа | Професори | Одржувачи
Историја на Училиштето | Училиштето Денес
Нови Ученици | Реформирано Образование | Струки
Географска Положба | Популација,Клима,Хридрографија | Историја,Културно,наследств | Делчево некогаш и денес | Угостителство и трговија | Култира | Образование | Здравство | Туризам,Спорт и Рекреација | Стопанство и Економија
Матурски Испити | Уписи за Факултет | Слики од Матуранти
Кои сме Ние | Кои се Професори | Проекти | Cluster 2 | Национална Конференција - Охрид 2003 | Интернационална Конференција - Охрид 2004
под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7 | под линк7
под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8 | под линк8

Методи Митевски - Брицо

small logo

Се наоѓате во секторот за информации во врска со комјутерската технологија

Интернет



Интернет Станици бр_1
Испратил Webmaster на 12 Octomber 2004 @ 17:42       

Да речеме, дека многу сакате да патувате. Во моментов имате заштедено пари, кои сакате да ги потрошите токму на тоа. Некои од нас, преферираат да патуваат со авион, некои со воз, а некои без разлика на превозното средство сакаат да си резервираат хотелска соба, во местото каде што планираат да престојуваат, но без посредство на туристички агенции. Како и да е, денес во Ентер, ќе ви кажам како да дојдете до најевтините авионски билети, билети за воз и луксузни хотелски апартмани, по многу поволни цени. Одиме по ред.

http://www.skyscaner.net/ – претставува извор на авионски карти со најниски цени. Ви овозможува, преку многу едноставно пребарување да дојдете до сите потребни информации за определен авионски лет, па дури и да си купите карта за истиот. Веднаш по повикувањето на страницата и се разбира по нејзиното отворање, ќе можете да изберете авионски лет, во зависност од времето кое планирате да го поминете во туристичкото место. Ако незнаете колку долго ќе останувате, тогаш најсоодветно е да изберете дека сте заинтересирани за лет во определен ден и само во една насока. Ако планирате викенд авионска екскурзија, тогаш Sky Scanner ќе ви ги претстави специјалните понуди за викенд летови, а ако сакате да букирате лет во две насоки, тогаш пребарувајте во рамките на категоријата Month. Еве кои се параметрите на кои треба да внимавате, за да не згрешите. Земја на поаѓање или Departure Country ќе биде Македонија, доколку планирате од овде да летате. Потоа го избирате аеродромот од каде планирате да полетате и на крај ја прецизирате точната дата на полетување. Потоа го избирате аеродромот во соодветниот град, каде планирате да слетате и потоа ја избирате точната дата на слетување. Ако сте заинтересирани за повратен авионски билет, селектирајте го полето Return и конечно кликнете Search, за да ги добиете резултатите од пребарувањето. Од нив и од цените на билетите ќе бидете презадоволни.

http://www.bahn.de/ – Ако преферирате превоз со воз, тогаш ќе ви треба оваа страница. Станува збор за страница од ист тип како и претходната, но со неколку ограничувања. Најмал проблем е да видите, во колку часот од избраниот град, поаѓа возот за кој сте заинтересирани. На пример, можете да дознаете кога поаѓа возот од Скопје, точно во колку часот стигнува во Гевгелија. Ова е навистина исклучителна можност која ви ја дава сајтов, но проблемот е што неможете ниту да видите колку чини билетот, ниту пак да го купите. Ова важи само за превоз од нашата земја и во нејзините рамки. За меѓународен превоз нема да имате никакви проблеми. Во секој момент, ќе можете да купите билет. Начинот на пребарување е многу сличен со оној од претходниот веб сајт, но пред било што да почнете да правите, ќе морате да ја активирате англиската верзија од сајтот, затоа што ова е првенствено германски веб сајт.

И конечно најзабавниот дел. Резервирање на хотелски апартман.

http://www.hostels.com/ – е најкорисната наменска веб страница, која некогаш сум ја сретнал. Особено ме радува помислата, што со само неколку клика, можам да си обезбедам финансиски пристапна, а на изглед луксузна хотелска соба. Најдобриот дел од целава работа е што како студент, ќе можам да платам со Visa Electron картичката или со истата кратичка на која студентите ја добиваат својата стипендија или студентски кредит. Пребарувањето е навистина едноставно, а се состои од вкупно 2 чекори и неколку пооделни параметри за секој од нив. Најпрво, изберете го градот во кој планирате да престојувате. Понудени се најголемите европски градови, што незначи дека мора да изберете некој од нив, туку можно е пребарување според името на градот или хотелот, кое вие треба да го внесете. Вториот чекор се состои во определување на денот кога ќе пристигнете во хотелот, бројот на ноќевања и големината на собата, поточно бројот на луѓе кои таа може да ги собере. Откако ќе завршите со прецизирањето на условите, кликнете Search и дозволете Hostels.com да ви го најде местото, во градот во кој, планирате да се однесувате како туристи.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 


 
 

Брз преглед на Страните

Страна 1

Страна 2

 

 

Дигитални вести


Вестите од дигиталната технологија се позајмени од страната на Enter.net.mk

Enter.net.mk

 


 

 

Горе| Почетна | Site Map | Webmaster | Посетители | Контакт | ©2004 DraganSoft Верзија 2.1.2 Страната беше направена за 8.634 сек

Hosted by www.Geocities.ws

1