Архимандрит Даниил Аеракис
** Кога и како
да се Причестуваме
На Св.
Литургија, се приготвува небесната храна, на која се поканети сите верници. Тоа
го дознаваме од зборовите на Христос: Примете јадете ова е моето тело, кое за
вас се прекршува...Пијте од неа
сите. Тоа е
Мојата крв...
Постои ли некакво сомнение дека тие зборови не канат сите да ја примиме Св. Причест на секоја божествена Литургија? Во раната Црква само некрстените не ги примале св. Дарови. Тие биле оние кои припаѓале на групата огласени. При тоа тие не останувале да го чујат призивот на Христос, туку излегувале од храмот пред да почне Литургијата на верните. Незамисливо било некој да остане за време на Литургијата на верните, а да се откаже од Св. Причест.
Постепено, со оскудувањето на христијанската љубов, со намалувањето на духовноста и со оддалечувањето од чистотата на првите денови од животот на Црквата, меѓу повеќето христијани се востановила лошата навика, да се причестуваат само неколку пати во годината. На трпезата пристапуваат само неколку деца или возрасни, а понекогаш се причестува само свештенослужителот.
Според Новиот Завет, првите христијани се причестувале секој ден. Ако денес тоа не може да се постигне, тогаш возможно е нашето учество во Чашата на Животот секоја недела. Тоа е ден на воскресението на Христос. Во тој ден - недела - се служи Св. Литургија во сите храмови. Ништо не треба да биде толку силно, за да ни попречи во тој ден да ги примиме Телото и Крвта на Богочовекот и да учествуваме во тајната на искупувањето, како едно семејство во Литургијата на Господовиот ден.
Светата Причест е секојдневна храна.
Многу христијани велат дека од предците
наследиле да се причестуваат само четири пати во годината. Вистина е дека многу
христијани ја наследиле таа традиција од повозрасните. Но таа традиција
не е правилна.
Тоа е остаток од мрачната епоха на турското
ропство. Таа практика се задржала како лош обичај, кој го покрива древното
предание на црквата.
Тие ја исклучуваат историјата
на црквата, која од стари времиња го имала за основен елемент на
христијанскиот живот честото
учество во тајната св. Причест.
Литургијата на
преждеосвештените Дарови, ни
сведочи дека христијаните се пречестувале не само еднаш, туку
многу пати
во една седмица.
АПОСТОЛСКИ ПРАВИЛА:
Правило 09: Треба да се отсранат од црковната заедница сите оние верни, кои влегуваат в црква и го слушаат Писмото, но не остануваат до крај на молитва и Св. Причест, како такви, кои чинат беззаконие во црквата.
Правило 64: Ако некој клирик биде забележан дека пости во денот Господов или в сабота, освен едната (велика) сабота, да биде разчинет, а ако е мирајнин, да биде отстранет од Црквата.
На крај тие го исклучуваат фактот дека одбегнувањето на Св. Причест е голем грев. Многу често ги слушаме христијаните, кои одат редовно в црква, да велат: Како да се причестувам редовно? Не сум достоен! Кој сум јас, па да пристапувам често кон св. Чаша? Доволно е да се причестувам на големите празници... Овие зборови сигурно не се израз на смирение, туку на егоизам. Говорејќи дека не е достоен да се причестува редовно, тој исто како да вели дека е достоен да се причестува на одреден временски период. Има ли човек, кој се смета себеси за достоен да се соедини со Богочовекот Исус Христос во тајната св. Причест? Ние не се причестуваме затоа што сме достојни, туку затоа што Христос така благословил, за да заживее во нас самите. Ние не се причестуваме затоа што сме достојни, туку за да станеме достојни. Ако христијанинот не се смета себеси за достоен за често причестување, тогаш зошто се причестува на големи празници? Светата Причест не е награда за светост, туку е подкрепа во борбата кон светоста. Верникот се причестува редовно, не затоа што совеста му сведочи дека е достоен, туку затоа што има вера. Пристапувајќи кон причеста, тој му се моли на милостивиот и сестрадален Бог, велејќи: Но бидејќи се надевам на Твоето милосрдие, пристапувам кон Тебе, Кој си рекол: Кој го јаде Моето тело и ја пие Мојата крв, пребива (престојува) во Мене и Јас во него.
Евхаристијата и останатото, што го определуваат св. Канони за често причестување, важи без разлика како за клириците, така и за мирјаните.
Посните
периоди пред големите празници
немаат
врска
со
Св.
Причест.
Еве што вели св. Јован Златоуст за тоа:
Едно е Пасха, а друго е Четириесетницата. Четириесетницата ја имаме само еднаш во годината. Пасха имаме три пати во седмицата, понекогаш четири пати, и најмногу, колку пати сакаме. Бидејќи Пасхата не се извршува од постот којшто претходи, туку од предложението и жртвата на св. Литургија, која се отслужува на секое божествено собрание. Пасха празнуваш не кога постиш, туку кога учествуваш во жртвата, т.е. во св. Причест.
ЗАКЛУЧОК:
Доаѓаме до конкретно прашање: Претходи ли специјален пост пред Причест, кој е задолжителен за сите оние кои се причестуваат редовно? Одговараме јасно: Не!
Не претходи специјален задолжителен пост пред причестување. Тоа се докажува од:
1. Животот на древната Црква. Никаде во Новиот Завет и апостолските отци не пишува за пост пред причест.
2. Свештените канони. Не постои канон кој определува таков пост. Св. Никодим Светогорец вели: Од свештените канони, пост пред причест не се определува.
3. Практиката на Црквата. Ако претходи седумдневно воздржување од масло пред пристапување кон причестта, тогаш сите кои се причестуваат редовно - а сите верници се должни да се причестуваат редовно - не треба воопшто да јадат јадења со масло.
4. Светата Причест на клириците. Постат ли оние клирици кои редовно служат божествена литургија? Постат ли по една седмица без масло? Сигурно дека не. Но тоа што важи за клириците во врска со св. Причест, истото важи и за мирјаните.
Вистинска Подготовка За Св. Причест
Според Св. Апостол Павле, виновен е оној, кој не ги распознава Телото и Крвта Господови и пристапува како кон обична храна, без вистинска подготовка. Како што знаеме, денешните христијани ја заменуваат својата подготовка за Св. Причест, со пост и имаат лажно чувство дека се причестуваат достојно. Видовме врз основа на Светото Писмо, Светите Канони и Св. Отци, дека не претходи задолжителен пост пред причест. Повторуваме: Едно е постот, а божествената Причест е друго нешто. Верниците треба да пристапат подготвени кон Чашата на Животот. Должни се да се подготват и тоа многу добро.
Тука ќе ги изнесеме елементите на вистинската подготовка.
Верата во тајната на Св. Причест, верата дека во Св. Путир (Чаша) се наоѓа навистина Богочовекот Исус Христос, верата дека божествената Причест е најнеопходната храна за нашиот духовен развој, ја раѓа во човечката душа желбата и копнежот, да влезе во непосредна врска, да стане едно со Богочовекот, со нашиот Господ. Ние често имаме желба за средба со пријатели и роднини. Неспоредливо поголема желба треба да имаме за средба со Исус Христос. Во божествената Причест, не просто се сретнуваме, туку стануваме едно со Исус Христос.
Пред да се причестиме, ние сме должни да се испитаме себе си, по горекажаните зборови на Апостол Павле. Но треба да внимаваме! На тоа наше самоиспитување на гревовите, не треба да бидеме ни премногу чувствителни, ни безчувствителни. Треба да знаеме дека никој не е наполно достоен за да се причести. Причесната не е награда за безгрешните, туку поткрепа за грешниците. Не се причестуваме затоа што сме достојни, туку за да станеме достојни. Ако при самоиспитувањето верникот се увери дека е виновен за тешки гревови, тогаш тој неможе да се причести без прво да се исповеда. Ако пак, совеста не го осудува за некои тешки гревови, тој може да пристапи кон Св. Чаша. При тоа да не заборавиме дека Св. Причест е за простување на гревовите, бидејќи рековме дека никој не е достоен.
Ако при самоиспитувањето најдеме дека сме виновни за тешки гревови, тогаш основна подготовка за учество во Господовата Вечера е исповедта.
Св. Атанасиј вели: Ако сме извршиле тешки, лукави и телесни гревови, сме паднале во неочистиви слабости и сме ја внесле во себеси злопамтивоста кон своите ближни, тогаш воопшто да не пристапуваме до божествените Тајни, додека не се покаеме вистински.
Верникот тогаш треба со скрушено срце да си ги исповедува гревовите пред духовникот. Со солзи да го покаже своето покајание. На крај ги слуша утешителните зборови на духовникот: Чедо, ти се простуваат гревовите. Вистинското простување доаѓа за време на Св. Причест. Радоста на таквиот верник е голема.
Божествената Причест е дело на љубовта. Бог од голема љубов влезе во заедница со човекот, стана едно со нас. И ние сме должни од многу љубов да станеме едно со Него, да влеземе во заедница со неговото тело и неговата крв. Оној кој многу го сака Христос, тој копнее да влезе во разговор со Него преку честа молитва, да го чуе со внимание Неговиот глас преку честото читање на Светото Писмо и да биде често во соединение со Него преку Св. Причест. При подготовката на душата за причестување, неопходна е љубовта кон луѓето, која е доказ за љубовта кон Бога.
Апостол Јован во првото соборно послание вели: Ако некој рече, Го сакам Бога, а го мрази својот брат, лажец е. Оти, кој не го сака својот брат кого го видел, како може да Го сака Бога, Кого не го видел? И таа заповед ја имаме од Него: кој Го сака Бога, да го сака и братот свој. (1 Јован 4:20,21)
Божествената Заедница преку Св. Причест, означува љубов и простување на другите. Добро е пред Св. Причест да бараме прошка од семејството и од ближните. Децата да ги целиваат рацете на родителите и да бараат прошка и благослов.
Верникот треба секојдневно да му се моли на Господа. Во денот пред причеста тој треба да се моли за да се удостои за Св. Причест. Да ги чита молитвите и Причестниот канон со внимание и умиление.
Утрината пред да отиде на Св. Литургија, треба да ги прочита 22, 23 и 115 псалм и десетте Молитви пред Св. Причест, кои се наоѓаат во Православниот Молитвеник.
Потоа во храмот, треба да учествува на Св. Литургија каде што се кажуваат молитвите, тропарите и стихирите. Пред Св. Причест се кажува најубавиот тропар: На твојата Тајна вечера за учесник ме прими, Сине Божји. Зашто нема да ја откријам тајната на твоите непријатели, ниту ќе ти дадам целив како Јуда. Но како разбојникот Ти исповедам: Спомни си за мене Господи, во царството Твое.
После Св. Причест и по завршувањето на Св. Литургија, верникот треба да ги прочита петте благодарствени молитви кои се наоѓаат во Православниот Молитвеник, на крај од Божествената Литургија на Св. Јован Златоуст.
Во Светото Евангелие според Лука се вели: Исус, пак, одговори и рече: Зар не се излекуваа десетмина? Каде се деветмината? (Лука 17:17)
Овие зборови се упатени кон оние кои се причестуваат и си одат без да му благодарат на Бога.
Свети Јован Златоуст
Толкување на посл. до Ефесјаните (гл. 1), види во том 11 од Творенија.
Во други времиња, кога сте чисти, вие не се причестувате! А на велигден иако на вас лежи некој престап, вие се причестувате.
О обичају, о предрасудо.
Напразно (бадијала) секојдневно се принесува жртва, бадијала ние стоиме пред олтарот Господов, никој не се причестува ! Впрочем ова јас ви го зборувам не заради тоа само едноставно да се причествувате,туку со цел вие самите да се подготвувате за достојно причестување. Ако си ти недостоен за причестување, тоа значи дека си недостоен и за учество во литургијата на верните, значи и-во молитвите. Ти слушаш како ѓаконот возгласува: вие кои сте во покајание, излезете сите. Оние што не се причествуваат, тие се во покајание, а ако си и ти во покајание, тогаш ти не треба да се причествуваш, бидејќи оној што не се причестува е од бројот на покајниците. Зошто потоа ѓаконот вели: Излезете вие што не можете да се молите, а ти продолжуваш бесрамно да стоиш? Но ти не си од бројот на оние што се каат, туку од оние што можат да се причестат! А сепак на тоа не обрнуваш никакво внимание, и како да сметаш дека тоа е неважна работа?
5. Погледни, те молам: ете, стои царската трпеза, Ангелите служат околу трпезата, Самиот Цар овде присуствува. А ти стоиш небрежно, во тебе нема никаква помисла а згора на тоа, и во нечиста облека. Но, ако твојата облека е чиста, во тој случај пристапи и причести се. Самиот Цар секојпат доаѓа овде да ги види присутните, Разговара со сите, Ете, и сега и зборува на вашата совест: Пријатели, како стоите овде без свадбена облека? Секој што не се причестува со Светите Тајни, стои бесрамно и дрско бидејќи претходно биле повикани да излезат оние што се во гревови (оние што се каат). Како што за време на трпезата во присуство на господарот, на пониските слуги не им се дозволува да учествуваат на неа и се испраќаат надвор, така треба да биде и овде. Кога ќе видиш дека се изнесува жртвата, а за жртва се принесува Христос-тоа е јагнето Божјо, Кога ќе слушнеш: да се помолиме сите заедно, кога ќе видиш дека се крева завесата, тогаш претстави си дека се отвараат небесата, и одозгора слегуваат ангелите. Како што никој од некрстените не треба да присуствува, така не треба да присуствуваат и нечистите, па макар и да се крстени. Ако некој од повиканите на гозба дојде и пристапи кон трпезата, а потоа не сака да земе учество на неа, тогаш кажи ми, нема ли со тоа да Го навреди оној што го поканил на гозба, и зар не ќе биде подобро таквиот воопшто и да не доаѓа? Токму така си дошол и ти, си пеел песни, како да се признаваш себе заедно со достојните за Светите Тајни, Зошто не си излегол со недостојните? Зошто си останал, а не учествуваш заедно со нив на трпезата? Јас сум недостоен велиш ти! Значи: ти не си достоен да заедничариш ни во молитвите, бидејќи Светиот Дух слегува не само тогаш кога се претвараат даровите, туку и кога се пеат свештените песни. Зар ти не си видел како нашите слуги најнапред ја чистат масата и домот, а потоа ги поставуваат садовите (приборот за јадење)? Во храмовите тоа се извршува со молитвите, со ектениите, со кои како со губа (сунгер) ја миеме црквата, за да можеме принесувањето да го извршиме во чиста црква, за да нема овде ниту едно петно, ниту една прашинка. А во практиката има такви во црквата чии очи не се достојни да го видат она што се предлага на нивниот вид, чии уши не се достојни да го слушнат тоа што овде се возгласува... Ако ова не е доволно да се вразумите, вели св Јован, тогаш и уште да зборувам, нема да помогне. Затоа, за да не ве стигне поголема осуда ова ви го кажувам не за да не доаѓате овде, да пеете и да се молите, туку со цел да се потрудите да се однесувате така, што да бидете достојни да влегувате тука и да присуствувате овде. Ако на пример некој цар, ви го рече следново: кој постапува вака или онака, тој нема да биде удостоен за мојата трпеза, тогаш, кажи ми дали нема да направиш се што се бара од тебе за да се удостоиш? Бог не повикува на небесата, на трпезата на големиот и чудесен Цар, а ние се откажуваме, доцниме, не брзаме да го искористиме тој повик. Каква ќе биде нашата надеж за спасение после ова? За ова не треба да ја обвинуваме нашата немоќ, не треба да ја обвинуваме нашата природа човечка. Она што нас не прави недостојни, тоа е нашата небрежност (беспечност), негрижа за нашето спасение, како што веќе рековме.
Од Омилија на (2 Кор. 18,3) (види Творенија, т.11. стр.632).
... Но има случаи кога свештеникот не се разликува од потчинетиот (мирјанинот), на пример кога треба да се причестуваме со страшните тајни. Ние сите на еднаков начин се удостојуваме со нив. (Ми все одинаково удостоиваемсја их), не така како што било во Стариот завет, каде што едно јадел свештеникот, а друго народот, и каде што на народот не му било позволено да јаде од тоа што јадел свештеникот. Сега не е така туку на сите ни се предлага едно тело и еден путир (чаша).
...
Послушај како некогаш и апостолите ги повикувале и потчинетите да земат учество
во решавањето на проблеми. Така, кога ги поставувале седумте ѓакони, тоа
претходно му го соопштиле на народот. А кога Петар го избрал Матија, тоа им го
предложил и на сите што биле присутни со него, и мажи и жени. А тоа е така затоа
што овде во црквата, ја нема ни горделивоста (надуеноста-високомерија) на оние
што началствуваат, ниту ропската понизност на потчинетите, а постои власт
духовна која своето оправдување го наоѓа во тоа што прифаќа многу повеќе труд и
грижи за вас, а не во тоа што би барала поголеми почести. Во црквата треба да се
живее како во еден дом, како оние што сочинуваат едно тело, сите се должни да
бидат расположени едни кон други, бидејќи крштението е едно и трпезата
(причесната ) е една, и изворот е еден, и созданието е едно, и Отецот е еден.
Затоа зошто се делиме, кога толку врски не соединуваат? Нашава сегашна состојба
заслужува солзи. Толку многу сме се оддалечиле еден од друг, а колку е потребно
меѓу себе да ја покажуваме врската на едно тело. Тогаш и помалиот би можел да му
биде од полза на поголемиот. Ако самиот Мојсеј дознал нешто полезно од својот
тест, што и самиот тој не го знаел, толку повеќе би требало да биде така и во
Црквата...

Сите Теми и
Линкови на Тивка Светлина
www.geocities.com/tivkasvetlina