Утринска Богослужба

1. Ти благодариме Господе Боже наш кој не подигна од нашите постели и вложи во нашите усти пофално слово за да ти се поклонуваме и да го повикуваме твоето свето име. Се молиме на твоето милосрдие што секогаш си го применувал во нашиот живот. И сега испрати ја твојата помош на оние што стојат пред лицето на твојата света слава и чекаат од тебе богата милост
, нека да ти служат секогаш со страв и љубов, да те фалат да ти пеат и да се поклонуваат на твојата неискажлива добрина. 2. Од ноќ подранува нашиот дух кон тебе Боже наш зашто твоите заповеди се светлина на земјата, вразуми не со страв пред тебе да извршуваме правда и светост, зашто ние те славиме тебе, вистинскиот Бог наш. Приклони го твоето уво и послушај не Господе, спомни си за сите што се со нас и се молат и спаси ги со твојата сила. Благослови ги твоите луѓе и освети го твоето наследство, дарувај мир на твојот свет, на црквите, свештениците, народот и на сите луѓе. Зашто се благослови и се прослави твоето сечесно и великолепно име, на Т.. 3. Од ноќ подранува нашиот дух кон тебе Боже наш, зашто твоите заповеди се светлина. Боже научи нé на твојата правда, на твоите заповеди и повелби. Просвети ги нашите духовни очи, никогаш да не заспиеме во смртни гревови. Изгони секаков мрак од нашите срца. Дарувај ни сонце на правдата и запази го беспрекорен нашиот живот со печатот на Св Дух. Дај ни да ги видиме утрото и денот во радост и да ти вознесуваме утрински молитви. Зашто, твоја е власта, и твое е царството, и силата и славата, на Таткото Синот и Св. Дух сега секогаш и во вечни векови, Амин. 4. Владико Боже, свет и недостижен, ти кој си рекол од темнината да засветли светлина, поттикнат од Твојата добросрдечност си не успокоил во ноќен сон и си не подигнал за славословие и молба кон твојата добрина. Прими не и сега нас, кои ти се поклонуваме и според силите ти благодариме, и дарувај ни се што просиме за спасение. Покажи не како синови на светлината и денот и наследници на вечните блага. По твојата голема милост Господе спомни си за сите луѓе кои се со нас и ти се молат, и за сите браќа наши кои се на земјата, по морињата, и на секое место од твоето владеење, на кои им треба твоето човекољубие и помош, подај на сите голема милост, останувајќи секогаш спасени со душа и тело, смело да го славиме твоето чудесно и благословено Име. Зашто си Бог на милоста, добрините и човекољубието и тебе слава ти вознесуваме на Т.. 5. Ризница на добрините, извор непресушен, Татко свет, чудотворче, сесилен Седржител! Сите ти се поклонуваме и те молиме повикувајќи ги на помош и заштита за нашето смирение, твојатат милост и милосрдие, спомни си Господе за твоите слуги, прими ги од сите нас утрените молитви како кадило пред тебе, ниеден од нас да не остане неук, дарувај ни ја твојата милост. Спомни си Господе за оние што бдеат и ја воспеваат твојата слава и на единородниот Син и на Св Дух, биди им помошник и заштитник, прими ги нашите молитви во твојот наднебесен и духовен жртвеник. Зашто, Ти си Бог наш, и Тебе слава Ти вознесуваме, на Т.. 6. Ти благодариме Господе Боже на нашето спасение, зашто правиш сé за доброто на нашиот живот, и секогаш да гледаме кон тебе-Спасител и Добротвор на нашите души, зашто ти си ни дал мир во изминатата ноќ, си не подигнал од нашите постели и си не поставил на поклонение пред твоето чесно име. Затоа ти се молиме Господе, дај ни благодат и сила, да се удостоиме умно да ти пееме и непрестајно да ти се молиме, со страв и трепет да работиме на нашето спасение со помошта на Твојот Христос. Спомни ги Господе и оние кои ноќе те повикуваат, послушај ги и помилувај ги, а невидливите и борбени непријатели уништи ги под нивните нозе. Зашто ти си Цар на мирот и Спасител на нашите души и тебе слава ти вознесуваме, на Т.. 7. Боже и Татко на Господ наш Исус Христос, си не подигнал од нашите постели и си не собрал во време на молитва, дај ни благодат да ги отвориме нашите усти, прими ги нашите благодарности според силите наши и научи нé на св заповеди, зашто ние не знаеме да се молиме како што прилега, ако ти Господе со Св Дух не не упатиш. Затоа ти се молиме, ако нешто згрешивме до овој час со збор, дело или мисла, волно или неволно, ослободи нé, разреши и прости! Ако гледаш на беззаконијата Господе, Господе тогаш кој ќе постои, зашто во тебе е нашето избавување. Ти си единствен свет, силен помошник и заштитник на нашиот живот; и нашето пеење секогаш е за Тебе. Да биде власта на твоето царство благословена и препрославена, на Т.. 8. Господ Боже наш кој си ја изгонил од нас сонливата мрзливост и си не повикал со свет повик и ноќе да ги подигаме рацете за молитва и да се исповедаме пред тебе за пресудите на твојата правда, прими ги нашите молби, молења, исповеди и ноќни служби, дарувај ни, Боже вера непосрамена, љубов нелицемерна; благослови ги нашите влегувања и излегувања, дејности, дела, зборови, помисли, и дај ни да стигнеме во почетокот на денот, фалејќи, пеејќи и благословувајќи ја твојата неискажана добрина на добрините. Зашто се благослови твоето пресвето име и се прослави твоето царство, на Т.. 9. Човекољубив Владика, нека засветли во нашите срца вечната светлина на Твоето гогопознание и отвори ги нашите духовни очи за разбирање на твоите евангелски проповеди, всади во нас страв пред светите блажени заповеди, и победувајќи ги сите телесни страсти да поминеме духовен живот размислувајќи и работејќи се што е угодно пред Тебе. Зашто ти си осветување и просветување на нашите души и тела Христе Боже и тебе слава ти вознесуваме .. 10. Господе Боже наш кој си им дарувал на луѓето простување преку покајание и за пример на спознавање и исповедање на гревовите си ни го покажал покајанието на пророк Давид, ти самиот Владика, нас паднатите во многубројни и големи гревови, помилуј не според твојата голема милост и по твоето големо милосрдие очисти ни ги нашите беззаконија, зашто тебе ти згрешивме Господе, ти го познаваш скриеното и тајните на човечкото срце и единствен имаш власт да простуваш гревови, откако создаде во нас чисто срце и не утврди со силен дух, ни ја откри радоста на спасението, не отфрлај не од твоето лице но благоволи како добар и човекољубив да ти принесуваме жртва на правда и принос на твоите свети жртвеници дури до нашето последно издивнување. По милоста, милосрдието и човекољубието на твојот единороден Син, со кого си благословен со пресветиот благиот и животворен Дух, сега секогаш и во вечни векови, Амин.Спаси ги Господе твоите луѓе и благослови го твоето наследство. Победи на сите Православни Христијани над противниците дарувај пазејќи го со крстот твој твоето жителство. Севоспевана Богородице како страшна и сигурна застапница не презирај ги благодатна нашите молитви, утврди го православното жителство, спаси го нашиот православен народ кому си заповедала да владее и подај му победа бидејќи си го родила Бог, единствена Благословена. Бог Господ ни се јави, Благословен е Оној кој доаѓа во Името Господово. Фалете го Господ зашто е добар, зашто е вечна неговата милост. Ме заокружија од сите страни, но со Името на Господ ги одвраќав. Нема да умрам но ќе живеам за да ги кажувам делата на Господ. Каменот кој ѕидарите го отфрлија стана аголен Камен. Од Господ е ова и чудесно е во нашите очи. Уште од ноќ рано се јавува мојот дух кон тебе Боже, зашто твоите повелби се светлина на земјата. Научете се на правда вие кои живеете на земјата. Ревноста ќе го обземе ненаучениот народ. Со застапување на твоите безтелесни сили помилувај ме. По молитвите на твојот предходник помилувај не. Со силата на твојот крст сочувај не. По молитвите на твоите апостоли и на Св Никола помилувај не. Мојата душа го велича Господ и мојот дух се зарадува во Бог спасителот мој, оти ја погледна смиреноста на слугинката твоја, и ете од сега ќе ме ублажуваат сите родови зашто силниот ми направи големи дела. Свето е неговото Име и милоста негова е од колено на колено за оние кои се плашат од него. Он покажа сила со раката негова, ги распрсна оние кои се гордеат со мислите во срцата нивни, ги симна силните од престоли и ги воздигна смирените, гладните ги исполни со добра а богатите ги отпушти празни, го прифати Израилот својот слуга сеќавајќи се на милоста која им ја вети на нашите Татковци Авраам и на семејството негово довека. Тебе те фалат сите небесни сили и тебе слава ти вознесуваме на .. Слава на Бог во висините и мир на земјата, меѓу луѓето добра воља. Те фалиме те благословуваме ти се поклонуваме те славиме ти благодариме поради твојата голема Милост. Господе Цар Небесен, Боже Татко Седржител, Господе Сине единороден Исусе Христе и Дух Свет, Господе Боже Јагне Божјо Сине на Таткото кој ги земаш гревовите на светот, помилувај не. Ти кој ги земаш гревовите на светот прими ја нашата молитва. Ти кој седиш од десно на Таткото помилувај не зашто ти си единствен свет, ти си единствен Господ Исус Христос во Слава на Бог Таткото Амин. Секој ден ќе те благословувам и ќе го фалам твоето Име вечно и во вечни векови. Господе ти си ни бил прибежиште од род во род. Јас реков, Господе помилувај ме и исцелија мојата душа зашто згрешив пред тебе. Господе кон тебе прибегнав, научи ме да ја исполнувам твојата воља зашто ти си мој Бог. Зашто во тебе е изворот на животот, во твојата светлина ќе видиме светлина. Продолжи ја твојата милост кон тие кои те познаваат. Удостој не Господе во овој ден да се сочуваме од грев. Благословен си Господе Боже на нашите татковци. Фалено и прославувано е твоето Име во векови Амин. Нека биде Господе твојата милост кон нас како што се надеваме во тебе. Благословен си Господе научи не на повелбите твои. Благословен си Владико, вразумиме со повелбите твои. Благословен си Свети, просвети не со повелбите твои. Господе твојата милост е вечна, делата на твоите раце не презирај ги. Тебе ти прилега пофалба, тебе ти прилега пеење, тебе ти прилега слава на Таткото .. Амин. Се исполнуваме изутрина со твојата милост, Господе се зарадувавме и се развеселивме во сите наши денови. Се развеселивме за оние денови кога си не понижил за годините во кои видовме зло. Погледни на слугите твои и делата твои, и научи ги синовите нивни. И славата на нашиот Господ Бог нека биде врз нас и во делата на нашите раце помагај ни и во делата на рацете наши поправи не. Добро е да те славиме Господе и да го пееме твоето Име севишно, наутро да се објавува твојата милос и секоја ноќ вистината твоја. Стоејќи во Храмот на твојата слава мислиме дека стоиме на небото, Богородице врата небесна, отвори ги вратите на твојата милост. Небесен Господар, засили ја верата и зацврсти ја, смири ги народите, светот смири го, сочувај ја Св Црква, татковците и браќата наши кои порано преминаа насели ги во населбите на праведниците а нас прими не во покајание и исповед зашто ти си добар и Човекољубив. Господе Владико на мојот живот не давај ми дух на мрзливост безволност властољубие и празнословие. Дарувај ми како на твој слуга дух на мудрост смиреност трпение и љубов. Еј Господе Цару дај ми да ги согледам моите грешки за да не го осудувам мојот брат зашто си Благословен во вечни векови Амин. Благословен си Господе научиме на повелбите твои. Ангелскиот собор се восхити гледајќи те меѓу мртвите, Спасителу, смртната сила ја разори и со себе Адам го подигна и од адот сите ги ослободи. Зашто мирото со милостивните солзи, о ученички, го растворивте ? Блескајќи во гробот Ангел на мироносиците им зборуваше: Погледнете го гробот и сватете дека Спасителот воскресна од гробот. Многу рано мироносиците трчаа кон твојот гроб плачејќи, но застана пред нив ангелот и рече: Времето за плачење помина, не плачете но воскресениото објавете го на апостолите. Мироносиците жени пристигнаа со миро кај гробот твој Спасителу, и плачеа. Ангелот им рече: Зашто мислите дека живиот е со мртвите ? Како Бог он воскресна од гробот. Да се поклониме на Таткото и неговиот Син и на Св Дух. На Св Троица едносуштна, со серафимите пеејќи: Свет Свет Свет си Господе. Откако оној кој дарува живот го роди дева, Адам од гревот го избави. На Ева радост наместо мака и подари. Паднатите преку неа кон живот ги обрати откако од тебе се воплоти Богочовекот. Алилуја 3 Слава ти Боже, зашто се благослови твоето Име и се прослави твоето Царство на Т.. Од мојата младост со страсти се борам, но Ти заштити ме и спасиме Спасител мој. Вие што го мразите Сион засрамете се од Господ зашто ќе бидете исушени како трева со оган. Секоја душа живее со Св Дух и кон чистина се возвишува, се осветлува со Свештената Тајна на Троичното Единство. Зашто си свет Бог наш и во Светиите почиваш и тебе слава ти вознесуваме на Т.. Се што диши да го фали Господ. Фалете го Бог во неговата светиња, фалете го во цврстината на силата негова. Преблагословена си Богородице дева бидејќи оној кој се воплоти од тебе го плени адот, го повика Адама, клетвата се раскина, Ева се ослободи, смртта се умртви и ние оживеавме, затоа пеејќи да извикаме: Благословен да е Христос Бог кој така благоволи, слава ти. Денеска е спасението на светот, да му пееме на воскреснатиот од гробот и почетокот на нашиот живот. Зашто одкако ја урна смртта со смрт победа ни даде и голема милост. Воскреснат од гробот оковите адски си ги раскинал, си ја разрушил смртната пресуда, Господе откако ги избави сите од непријателските замки. Откако им се покажа на апостолите си ги испратил на проповед и преку нив си и го дал твојот мир на Вселената, единствен милостив. Твое е да милуваш и да не спасуваш Боже наш и тебе слава ти вознесуваме на Т..



Молитви од Часовите
Како да те наречеме о Благодатна, небо ли, зашто засветли со сонцето на правдата. Рај ли, зашто процвета со цветот на невиноста. Девојка ли, зашто остана невина. Чиста мајка ли, зашто си го имала во твоите свети прегратки Синот и Бог на сите. Него моли го да се спасат нашите души. Наутро слушни го гласот мој, Цару мој и Боже мој. Чуј ги Господе зборовите мои и разбери ги поплаките мои. Зашто тебе ќе ти се молам Господе. Стапките мои упати ги по твоите зборови и да не завладее со мене никакво беззаконие. Избави ме од човечка клетва па ќе ги чувам твоите заповеди. Лицето твое да го освети слугата твој и научи ме на твоите заповеди. Да се исполни устата моја со пофалба за тебе Господе за да ја воспевам твојата слава и по цел ден твојата убавина. Преславната Божја мајка, посвета и од светите ангели непремолчно да ја воспеваме со срце и уста исповедајќи ја како Богородица која навистина го роди Бог воплотениот и која постојано се моли за нашите души. Побрзај Христе Боже наш пред да не заробат непријателите кои хулат на тебе и ни се закануваат. Уништи ги со твојот крст оние кои се борат против нас за да разберат колку е силна верата на Православните, по молитвите на Богородица, Единствен Човекољубив. Како првини на природата Господе вселената ти ги принесува богоносните маченици тебе насадител на сите созданија. Заради нивните молитви и заради Богородица, запази ги во длабок мир твојата Црква и твојот народ, Многумилостив. Боже сожали се благослови не просвети не со твоето Лице и помилувај не. Христе вистинска светлина, која го просветуваш и осветуваш секој човек кој доаѓа на свет, да засветлиш врз нас со светлината на твоето лице за да ја видиме во него непристапната светлина. Упати ги нашите стапки кон исполнување на твоите заповеди по молитвите на твојата пречиста мајка и на сите твои Светии Амин. Богородице ти си вистинска лоза од која израсна плодот на животот. Тебе те молиме Владетелка, моли се со апостолите и со сите Светии да бидат помилувани нашите Души. Господе ти кој пресветиот Дух во третиот час го испрати на твоите апостоли, не одземај го од нас, но обнови не нас кои ти се молиме. Создај чисто срце во мене Боже и Дух вистински обнови во мене. Не отфрлај ме од лицето твое и Св Дух твој не одземај го од мене. Господ Бог е Благословен, Благословен е Господ од ден во ден. Бог ќе ни помогне во нашето спасение. Нашиот Бог е Бог кој спасува. Благословен си Христе Боже наш, апостолите ги направи премудри ловци откако им го испрати Св Дух и со нив ја улови вселената човекољубив, слава ти. Поскоро и сигурно утешување дај ни на твоите слуги Исусе. Кога слабеат нашите духови не се оделувај од нашите души во маки, не одалечувај се од нашите мисли кога сме во тешкотии но секогаш биди со нас, приближи се до нас, приближи ни се ти кој си насекаде, како што си секогаш со твоите апостоли, така присоедини ги кон себе оние кои те сакаат, милосрден, та соединети да ти пееме и да го славиме сесветиот Дух. Надеж заштита и прибежиште на христијаните, несоборлива карпа и мирно пристаниште на немоќните си ти Богородице пречиста. Но како што со твојата постојана молитва го спасуваш светот, така и за нас спомни си дева севоспеана. Бидејќи ние немаме смелост поради премногуте наши гревови, ти Богородице дева моли го родениот од тебе зашто многу може да направи мајчината молитва пред добросрдечноста на Господ. Не отфрлај ги сечиста, молитвите на грешните, зашто е многумилостив и може да спаси Он кој благоволи да страда за нас. Ти кој во шестиот ден и час на крстот го прикова Адамовиот грев што се осмели да го направи во рајот, скини го ракописот на нашите грешки, Христе Боже, и спаси не. Прими ја Боже молитвата моја и не презирај го моето молење. Јас Бог ќе го повикам и Господ ќе ме послуша. Брзо нека дојдат твоите добрини Господе зашто многу осиромашивме, помогни ни Боже спасител наш заради славата на твоето Име. Господе избавине и очисти ни ги гревовите заради твоето Име. Спасение изврши среде земјата Христе Боже, на крстот ги рашири твоите пречисти раце собирајќи ги сите народи кои велеа: Господе слава ти. На твојот пречист образ му се поклонуваме Благи молејќи простување за нашите гревови Христе Боже, зашто ти доброволно си примил со телото да се издигнеш на крстот за да не избавиш нас кои не создаде од робството на ѓаволот, затоа благодарствено ти пееме, спасител наш, кој си дошол да го спасиш светот. Ти со радост се си исполнил. Бидејќи си извор на милосрдието, удостој не со твојата милост Богородице. Погледни ги луѓето кои грешат, како и секогаш покажи ја твојата сила зашто надевајќи се на тебе извикуваме: Радувај се, како некогаш Гаврил војсководецот на безтелесните. Преславна си Богородице дева. Тебе те воспеваме зашто преку крстот на твојот Син адот се разруши и смртта се умртви. Ние умртвените воскреснавме, со живот се удостоивме и го придобивме рајот, древната наслада, затоа благодарејќи го славиме моќниот Христос, нашиот Бог, единствениот милостив. Боже Господар на силите, создател на сите нешта, кој поради милосрдието на твојата неизмерна милост си го испратил твојот единороден Син, Господ нашиот Исус Христос за спасение на нашиоит род и преку неговиот чесен крст си го скинал списокот на нашите гревови и со него си ги победил властите на темнината. Владико Човекољубив, прими ги овие благодарствени и умилни молитви од нас грешните и избави не од секоја погубна и мрачна грешка и од сите видливи и невидливи непријатели кои сакаат да ни направат зло. Прибери ги нашите тела со страв пред тебе и не дозволувај нашите срца да се одалечат кон лукави зборови и мисли, но со твојата љубов исполни ги нашите души, гледајќи секогаш кон тебе упатувани од твојата светлина да те гледаме тебе, непристапна сеприсутна светлина, да ти вознесеме постојано исповедување и благодарност на тебе, безпочетниот Татко со твојот единороден Син и сесветиот благиот и животворен твој Дух сега... Ти кој заради нас се роди од дева и распнување претрпе Благи, соборувајќи ја смртта со смрт и воскресение јави како Бог, не презирај ги тие што си ги создал со раката твоја. Покажи го твоето човекољубие Милостив, прими ја таа што те роди, Богородица, која се моли за нас и спаси ги спасител наш луѓето од очајание. Ти кој во деветиот час со телото ја вкуси смртта заради нас, умртви го нашето телесно мудрување Христе Боже и спаси не. Да се доближи мојата молитва пред тебе Господе, со зборовите твои вразуми ме. Да дојде пред тебе Господе мојата молитва, по твоите зборови избави ме. Не предавај не засекогаш заради твоето Име и не раскинувај го твојот завет. Не одземај ја од нас твојата милост заради Авраама, твојот возљубен, заради Исаак твојот слуга и твојот свет Израил. Гледајќи го Почетокот на животот како виси на крстот разбојникот велеше: Ако Он кој се распнува со нас не бил овоплотениот Бог, сонцето не би ги сокрило зраците ниту земјата би треперела, но Господе кој трпиш се, спомни не во твоето Царство. Среде двајца разбојници твојот крст се покажа како праведно мерило. Едниот го упатува во адот поради тежината на хулењето а другиот се олеснува од гревовите заради познавањето на Богословието. Христе Боже слава ти. Гледајќи те на крстот тебе Јагне, Пастир и Спасител на светот, таа што те роди насолзена велеше: Светот се радува затоа што добива избавување а мојата утроба гори кога го гледам твоето распнување кое го поднесуваш заради сите, Сине мој и Боже мој. Боже сожали се благослови не и просвети не со твоето Лице и помилувај не. Владико Господ, Исусе Христе Боже наш кој си долготрпелив за нашите грешки и си не довел до овој час во кој висејќи на животворното дрво ја отвори вратата на рајот за разумниот разбојник и со смрт ја разруши смртта. Очисти не твоите грешни и недостојни слуги зашто згрешивме и беззаконуваме и не сме достојни да ги подигнеме нашите очи и да погледнеме кон небесните висини зашто го напуштивме патот на твојата правда и одевме по желбите на нашите срца. Но ја молиме твојата неизмерна благост да не поштедиш заради големата твоја милост и спаси не заради твоето свето Име зашто во суета исчезнаа нашите дни. Извлечи не од раката на противникот, прости ни ги гревовите и умртви го нашето телесно мудрување па одкако ќе го отфлиме стариот човек во новиот да се облечеме и да живееме за тебе нашиот владика и добротвор. И така следејќи ги твоите заповеди да стасаме до вечен мир каде што е домот на сите кои се веселат. Зашто ти си всушност вистинската радост и веселие на тие кои те сакаат. Христе Боже наш и на тебе слава ти даваме со безпочетниот Т..


 


 

Сите Теми и Линкови на Тивка Светлина
www.geocities.com/tivkasvetlina
 

 Слики   01  02  03  04  05  06  07  08  09  10  11  12  13  14  15  16  
    17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29  IND  Тивка Светлина

 

Hosted by www.Geocities.ws

1