1 Кор 11 Апостол Павле

Сакам уште да знаете дека глава на секој маж е Христос а на жена глава е мажот, а на Христа глава е Бог. Секој маж кој се моли или пророкува со покриена глава ја срамоти својата глава и секоја жена која се моли или пророкува гологлава ја срамоти главата своја зашто сеедно е како да е истрижана. Ако жената не сака да се покрива тогаш нека се стриже, а ако е срамно жена да се стриже или бричи тогаш нека се покрива и така мажот не треба да ја покрива главата своја зашто е образ и слава Божја а жената е слава на мажот. Оти не е мажот од жената туку жената од мажот и мажот не е создаден за жената туку жената за мажот. Зашто жената треба да има на главата своја знак од власта на мажот над неа - поради ангелите. Но сепак ниту мажот без жената ниту жената без мажот ги бива во Господ. Оти како што е жената од мажот така е и мажот преку жената а се е од Бог. Размислете сами во себе, прилично ли е жена да му се моли на Бог гологлава? Нели и самата природа ве учи дека е срамно за мажот да има долга коса? Но ако жената си ја остави косата тоа е чест за неа бидејќи косата и е дадена место покривало, но ако некој сака да се препира ние немаме таков обичај ниту црквите Божји.


1 Кор 14 Ап Павле

Жените ваши по Црквите да молчат, ним не им е дозволено да зборуваат туку да се покоруваат како што вели и законот. А ако сакаат да научат нешто нека ги прашаат мажите свои дома зашто срамно е жена во Црква да зборува. Зар од вас излезе словото Божјо? Или само до вас стигна?


Ефес 5

.. не опивајте се со вино од кое произлегува блуд, но исполнувајте се со Дух, усовршувајте се со Псалми Славословија и Духовни Песни, пеејќи и воспевајќи го Господ во срцата ваши, благодарејќи му секогаш за се од Бог и Таткото во името на нашиот Господ Исус Христос. Покорувајте се еден на друг во страв Божји. Вие жените покорувајте им се на мажите свои како на Господ, зашто мажот е глава на жената како што е Христос глава на Црквата и Он е Спасител на телото. Но како што Црквата му се покорува на Христа така и жените да им се покоруваат на своите мажи во се. Вие мажите сакајте ги жените свои како што и Христос ја засака Црквата и се предаде себе си за неа за да ја освети очистувајќи ја со водна бања преку словото та да ја претстави пред себе како славна Црква која нема осквернение или порок или нешто слично туку да биде света и непорочна. И така мажите се должни да ги сакаат жените свои како што ги сакаат своите тела оти кој ја сака жената своја тој се сака и самиот себе си, зашто никој никогаш не го намразил телото свое туку го храни и го стоплува како и Господ Црквата, бидејќи ние сме членови на неговото тело од неговата плот и коските негови. Поради тоа човекот ќе го остави таткото и мајката своја и ќе се придружи кон жената своја и обајцата ќе бидат едно тело, оваа тајна е голема, но јас ви зборувам за Христос и за Црквата. И така секој од вас да си ја сака жената своја како што се сака самиот себе, а жената да се плаши од мажот свој.

Тим  2

И така мажите сакам да се молат на секое место кревајќи ги чистите раце без гнев и сомневање. Исто така и жените облечени пристојно со срамежливост и чесност да се украсуваат не со плетенки ни со злато или со бисери или со скапоцени облеки туку со добри дела како што им прилега на жени што и се посветуваат на побожноста. Жената да се учи во мир и потполно покорство. На жена не и дозволувам да поучува ниту да господари над мажот туку да биде мирна бидејќи порано беше создаден Адам а потоа Ева. И Адам не беше измамен туку жената беше измамена и направи престап. Но ќе се спаси преку раѓање деца ако остане во Верата Љубовта и во Светоста со Чесност.



Тим  5

Раце на никого не полагај пребрзано ниту пак на туѓи гревови да стануваш соучесник. Пази се себе си чист. Не пиј веќе само вода но употребувај по малку и вино поради стомакот и честите боледувања.


1 Кор 10

Чашата на Благословот која ја благословуваме не е ли општување со крвта Христова? Лебот што го кршиме не е ли општување со Телото Христово? Бидејќи Лебот е само еден, едно тело сме ние многуте зашто сите се причестуваме од еден леб.

1 Кор 11

Оти кога го јадете овој Леб и кога ќе ја пиете оваа Чаша вие ќе ја објавите смртта на Господ додека Он не дојде затоа оној што недостојно јаде од овој Леб и пие од чашата Господова виновен ќе биде спрема Телото и Крвта на Господ. Но човекот да се испита самиот себе и потоа да јаде од овој леб и да пие од оваа чаша, зашто кој јаде и пие недостојно тој го јаде и пие своето осудување бидејќи не го разликува Телото Господово. Па затоа меѓу вас има многу немоќни и болни а мнозина и умираат оти ако бевме се испитале сами себе тогаш немаше да бидеме осудени, но судејќи не Господ не накажа за да не бидеме осудени заедно со светот. Затоа кога се собирате за јадење чекајте се еден со друг. Ако е некој гладен нека јаде дома за да не се собирате за осудување а другото ќе го наредам кога ќе дојдам.
 

Сите Теми и Линкови на Тивка Светлина
www.geocities.com/tivkasvetlina
 

 Слики   01  02  03  04  05  06  07  08  09  10  11  12  13  14  15  16  
    17  18  19  20  21  22  23  24  25  26  27  28  29  IND  Тивка Светлина

Hosted by www.Geocities.ws

1