Молитвен Канон на Пресвета Богородица
Кон Богородица со љубов сега
да пријдеме ние грешните и смирени, да паднеме во покајание викајки од
длабочината на душата: Владетелка, помогни ни милувајќи не, побрзај пропаѓаме
од множтвото грешки. Не одбивај ги напразно твоите служители зашто те имаме
како единствена надеж. Ние недостојните никогаш нема да престанеме
Богородице, да збориме за твојата сила зашто кога ти не би стоела пред нас кој
би не избавил од толку опасности. Кој би не сочувал до сега слободни. Од тебе
нема да одстапиме Владетелка зашто твоите слуги ги спасуваш секогаш од секакви
маки. Поминувајќи преку водата како по суво и избегнувајќи го
египетското зло израилецот пееше: На избавителот и нашиот Бог да му пееме.
Пресвета Богородица спаси не. Обземен од многу напасти кон тебе
прибегнувам барајќи спасение о мајка на Словото и дева, спаси ме од тегоби и
зла. Нападите на страстите ме смутуваат за да ја исполнат мојата душа со многу
мрзливост. Смири го девојко, со тивко, твојот Син и Бог, Сенепорочна. Тебе
дева која го роди Спасителот и Бог, те молам да се избавам од маките, затоа
сега прибегнувам при тебе и ги отварам душата и помислата. Мене кој
страдам со телото и душата, со Божествена посета и грижа удостој ме Богомајко,
зашто како добра си го родила Добриот. Господе создател на небесниот
свод и градител на Црквата, утврдиме во Љубовта кон тебе, место на желбите,
тврдина на верните, единствен Човекољубив. Застапништвото и заштитата
на мојот живот ти ги препуштам тебе Богородителка дева, упати ме кон твоето
пристаниште, причина на добрините, Тврдина на Верните, Едина Сепеана. Молам
дева, да се стиши душевниот немир и бурата на мојата мака. Зашто ти
Богоневесто си го родила Христа поглаварот на мирот, единствена пречиста. Раѓајќи
го Добротворот причинителот на добрините, богатство од добродетели излеј врз
сите. Ти можеш се зашто си го родила Христа, силниот во крепоста, Богоблажена.
Со тешки маки и болни страдања измачуван, дева ти помогни ми зашто знам
дека си неисцрпна ризница на исцелување, сенепорочна. Спаси ги од беда
твоите служители Богородице, зашто сите по Бог кај тебе прибегнуваме како кај
неразрушив бедем и заштита. Погледни со добросрдечност сепеана Богородице кон
мојата тешка мака и исцели ја болката на мојата душа. Помилувај не Боже
по твојата голема милост ти се молиме послушај не и помилувај.. Уште се молиме
за благочестивиот и православен народ наш. Уште се молиме за милост живот мир
здравје спасение посета прошка и закрепнување на слугата божји и простување на
неговите гревови.. Топло молење и неразрушива карпа, извор на милоста,
засолниште на светот, сесрдно ти пееме: Богородице Владетелка која си
единствена брза посредничка, побрзај и избави не од бедата. Ја слушнав
Господе тајната на твојата промисла, ги разбрав твоите дела и го прославив
твоето Божество. Метежот на моите страсти, родителко на кормиларот Господ,
Богоневесто стиши ја и бурата на моите грешки. Те повикувам да ми ја покажеш
бездната на твоето милосрдие, родителко на милосрдниот и спасител на сите кои
ти пеат. Насладувајќи се од твоите дарови Сечиста, ти пееме благодарствена
песна ние кои те знаеме како Богомајка. Немоќен лежам на одарот на
мојата болест, помогни ми како богољубива, Богородице единствена и секогаш
дева. Имајќи те како надеж и тврдина и како непоколеблива карпа на спасението
Сеопеана, се избавуваме од секоја непријатност. Господе просвети не со
твоите повелби и со твојата возвишена рака, дај ни го твојот мир, Човекољубив.
Чиста, исполни го со веселба моето срце давајќи ми ја твојата
нераспадлива радост, родителко на причинителот на радоста. Избави не од беди
Богородице Чиста, која си го родила вечното искупување и мирот што го
надминува секој ум. Растерај ја маглата на моите грешки Богоневесто, со
просветувањето на твојот сјај, ти која си ја родила Божествената и предвечна
светлина. Исцели ја Чиста, немоќта на мојата душа, ти која ме удостои
со твојата посета и со твоите молитви дај ми здравје. Ќе ја излеам
мојата молитва кон Господ и нему ќе му ја кажам својата мака. Зашто душата
моја се исполни со зло а мојот живот се приближи до адот. И се молам како
Јона: Боже изведи ме од пропаста. Бидејќи си ја спасил од пропаст и смрт
мојата природа обфатена со гниење и смрт предавајќи и се самиот на смртта,
дева моли го Господ и Синот твој да ме избави од злоделата на непријателите.
Тебе те знам дева како заштитничка на животот и најсигурна чуварка која
ослободува од немирот на искушенијата и ги изгонува ѓаволските напади. И
секојдневно се молам: Избави ме од пропаста на моите страсти. Како
карпа на прибежиште те стекнавме и потполно спасение на душите и олеснување во
невољите девојко, и на твојата светлина секогаш и се радуваме, о Владетелка и
сега спаси не од страдања и опасност. На леглото сега немоќен лежам и нема
исцеление за моето тело. Но се молам на тебе Блага, која си го родила Бог и
спасителот на светот и избавителот од маки, подигни ме од убиствената болест.
Татко Слово Дух Троица Света, избриши ги мноштвото наши гревови. По
молитвите на Богородица Милостив, избриши ги мноштвото наши гревови. Не
доверувај ме на човечка заштита пресвета Владетелка, туку прими ја молитвата
на твојот слуга, невоља ме снајде и неможам да ги поднесам ѓаволските стрели,
немам заштита ниту засолниште, јадниот од сите страни ме напаѓаат. Нема кој да
ме утеши освен ти Св Владетелка, надеж и заштита на верните, не презирај го
моето молење но направи го полезно. Кога дојдоа некогаш од Јудеа како
момчиња во Вавилон со верата во Св Троица го угасија пламенот во печката
пеејќи: Боже на татковците наши, Благословен си. Бидејќи посака да го
извршиш нашето спасение се всели Спасителу во утробата на дева и ја покажа неа
како заштитница на светот. Боже на татковците наши, Благословен си. Мајка
чиста моли го љубителот на милоста кого си го родила да се избават од престапи
и од духовна валканост сите кои со вера извикуваат: Боже на татковците наши,
Благословен си. Си покажал дека родителката твоја е ризница на
спасението и извор на чистината и сигурна кула и врата на покајанието на оние
кои извикуваат: Боже на.. Богородице удостој ги да се излечат од
телесните слабости и душевни болести оние кои со љубов пристапуваат кон
твојата заштита, ти која ни го роди Спасителот Христос. Царот небесен
кого го пеат војските Ангелски фалете го и величајте го во сите векови. Дева
не презирај ги оние на кој им е потребна твојата помош, оние кои ти пеат и те
величаат во сите векови. Немоќта на мојата душа и телесните маки ги лечиш
дева, да те славам пречиста. Дева ти излеваш исцелително богатство врз оние
кои верно ти пеат и го величаат неизреченото твое рождество. Нападите
на искушенијата и на болестите ги одгонуваш дева, затоа ти пееме во сите
векови. Навистина те исповедаме како Богородица ние кои со тебе сме
спасени дева чиста, величајки те со Безтелесните Хорови. Не одвраќај се од
течението на моите солзи дева која си го родила Христа, кој ја избриша секоја
солза од секое лице. Исполни го со радост моето срце дева, ти која си ја
примила полнотата на радоста и си ја истребила гревовната жалост. Дева биди им
пристаниште и заштита на оние кои ти се обраќаат и неразрушива карпа
прибежиште и заштита и веселие. Изгонувајќи го мракот на незнаењето
просвети ги со зраците на твојата светлина оние кои побожно те исповедаат како
Богородица. На местото каде што болеста го мачи паднатиот, дева излечи
го и од болест врати го во здравје. Повишна од небесата и почиста од
сончевата светлина и која не избави од клетвата, Владетелката на светот со
песни ја почитуваме. Од многуте гревови немоќно е моето тело и слаба е
мојата душа. Тебе ти се обраќам Благодатна, надеж на безнадежните, ти помогни
ми. Владетелка и мајка на избавителот, прими го молењето на твоите недостојни
слуги да посредуваш кај оној кој се роди од тебе, о владетелко на светот биди
ни посредница. Сега и пееме љубовна песна на сеопеаната Богородица, радосно со
предходникот и со сите Светии моли се Богородице да се сожали на нас. Сите
ангелски војски, предходник Господов, дванаесет апостоли и сите Светии,
направете молитва со Богородица за да се спасиме. Помилувај не Господе
помилувај не зашто немаме никакво оправдување. Оваа молитва како на Владика ти
ја принесуваме ние грешните, помилувај не. Уште се молиме на Господ
нашиот Бог да го послуша гласот на молењето од нас грешните и да ги помилува
слугите свои и да ги заштити од секоја мака беда гнев и потреба и од секоја
болест душевна и телесна, да им дарува здравје долгодишно, да речеме сите:
Скоро послушај и со милост помилувај. Уште се молиме да се сочува овој Град
Село Св Храм Обител, секој Град и Држава, од глад пропаст земјотрес потоп оган
меч, напад на другоплеменици и меѓусебни борби, за да биде милостив помирлив
благ и Човекољубив нашиот Бог, да го одврати секој гнев кој се движи кон нас и
да не избави од нападна и праведна своја закана и да не помилува. Послушај не
Боже Спасител наш, надеж на сите дури до крајот на земјата, и на оние кои се
во далечните мориња, милостив биди Владико кон нашите гревови и помилувај не,
зашто си Милостив и Човекољубив Бог, тебе слава.. Христос вистинскиот Бог наш,
по молитвите на својата пречиста мајка, преподобните и богоносни татковци наши
и на сите Светии да не помилува и спаси како благ и Човекољубив.

Акатист
на пресвета
Богородица
Откривајќи ти го планот предвечен Родителка, Гаврил
пред тебе застана со целив и збор: радувај се земјо несеана, радувај се капина
несогорлива, радувај се мост кој до небесата води, и лествица висока каква
Јаков виде, радувај се разрешение од проклетството, радувај се возвание
Адамово, Господ е со тебе! Ми се јавуваш како човек, му рече
нераспадливата Родителка на Архистратигот, и со збор човечки велиш дека низ
мене Бог треба да се јави, во утробата моја вселувајќи се. И ќе бидам рече,
нива широка и место осветено за Оној кој Херувимите ги надминува. Со лага да
не бидам излажана, зашто јас сласт не познав, во бракот непорочна сум, како
тогаш дете ќе родам? Бог кога повела, се надминуваат законите на
природата, зборуваше бесплотниот, и непоимлив за умот човечки се стори,
верувај им на вистинитите зборови мои, Сесвета Пренепорочна. А таа рече: Нека
ми биде сега според зборовите твои, ќе го родам Бесплотниот, нека плот низ
мене прими зашто единствен има сила да го воздигне човекот кон првородното
достоинство преку воплотување. Од вавек таинството се открива денес и
Синот Божји, Син Човечки постанува за примајќи го лошото со добро ме обдари.
Се излажа во дамнина Адам и посакувајки бог да биде не постана а Бог човек
постана за Адама да го обожи. Нека се весели целото создание, нека ликува
природата зашто архангелот со страв пред Дева стои и радувајќи и се, болка на
непријателите им нанесува. Ти кој заради милоста се вочовечи, Боже наш слава
Ти! Од небесните сфери слета Гаврил и во Назарет дојде кај Дева Марија,
воскликнувајќи: Радувај се Син ќе зачнеш, Адама предвечениот, творецот на
вековите и избавителот на оние кои ти воспеваат: Радувај се пречиста! Слушни
ќерко и види и приклони го увото свое. Гаврил на Дева благовестие од
Небесата и донесе воспевајќи: радувај се ќе го зачнеш и во утробата твоја ќе
го сместиш Оној кој сосем е несместив и родителка ќе бидеш на оној кој низ
Таткото посилно од деница заблеска. На образот твој нека му се помолат
сите народи. Соприсносушното Слово на безначалниот Татко, неодвојувајќи
се од вишните сега застана при ништите заради крајното милосрдие, милостиво
примајќи ги нашите гревови и Адамовиот пад земајќи го, се возобрази во она што
Му беше туѓо. Сета земја да ти се поклони, и да ти воспева тебе! Од
Таткото присносушно, и од Мајката времено јавувајќи му се на светот
претсуштествено Слово, образ на слуга прими, тело постанувајќи не отстапи од
божественото и Адама го обнови во утробата на Онаа Која безсемено Го зачна.
И благовестува Гаврил на Благодатната денес: Радувај се, неневесна Мајка
Марија, не се чуди на чудесното лице мое и не се ужаснувај бидејќи сум
архангел, змијата ја прелести Ева некогаш а јас радост Ти благовестам сега.
Нераспадлива ќе станеш и Господ ќе го родиш, Пречиста. Тајното
повеление разбирајќи го бесплотниот во домот Јосифов итајќи застана на Марија
велејќи: Оној кој слегувајќи Небесата ги приклони, место незаменливо во тебе
најде. Гледајќи како во твојата утроба лик на слуга Он примил, со восхит те
воспевам, радувај се Невеста неневесна! Благ. Ка. Ќе ја отворам
устата моја и таа со Дух ќе се исполни и слово ќе и прославам на Кралицата
мајка, силно ќе славам, и ќе воспеам радувајќи се на чудесата Нејзини. Тебе
Христова Книга одухотвортена, од Духот утврдена, Чиста, гледајќи те великиот
Архангел возглаголи: Радувај се на радоста пристаниште заради која
прамајчијската клетва се разреши. Адамово обновување радувај се, дева
богоневеста, адско усмртување радувај се Сенепорочна, палата на Царот на се,
радувај се престол огнен на Седржителот. Цвет несовнелив радувај се,
единствена расцветана Јаболкнице благомирисна, радувај се ти која благомирисот
го роди, Царот Единствен. Радувај се Марија спасение на светот. Ризница
на чистина радувај се заради која од падот наш станавме, радувај се
слаткомирисен крин владетелка, кој на верните им мириса, ти кадило
благомирисно и миро скапоцнено. Песнословците твои Богородице, жив и
неисцрпен извор, во собор духовен утврди ги и во твојата божествена слава со
венци на слава удостој ги. Ти која Класот божествен го подигна, нива
неорана остана. Радувај се трпеза продуховена која лебот животен во себе го
смести, радувај се непресушен извор на вода животна Владичице. Јунице,
Која непорочниот Јунец за верните Го роди, радувај се радувај се Агнице,
Агнецот Божји што го роди кој гревот сесветски на себе го зеде, радувај се
очистилиште топло. Радувај се единствено најсветло утро кое Христа како
сонце Го носиш, живеалиште на светлината, радувај се ти која мракот го урна и
мрачните бесови сосем ги одгна. Радувај се единствена порта низ која
Словото дојде и горницата и вратата адска Владетелка со рождеството твое ги
скрши, радувај се божествена врата на спасените, Богоневеста. Седејќи
во слава на Престолот Божествен во облаци лесни со нераспадливи стапки дојде
Исус Пребожествениот и ги спаси оние што воспеваат Слава ти Христе на Силата
Твоја! Со глас пеачки дева тебе ти пеам севоспеана: Радувај се, гора
густа и богата со Дух, радувај се свеќник и стомно полна со мана која сетилата
на благочестивите ги блажи. Очистилиште на светот, радувај се пречиста
Владетелка, радувај се лествица која од земјата сите благодатно ги возвишува,
радувај се мост кој навистина од смрт кон живот ги преведува сите кои Те
воспеваат. Ти која Небесата ги надвисуваш, радувај се ти си на земјата
темел и утробата твоја пречиста небремено носи. Радувај се порфир со царска
сила, трновиот венец божествен со крвта твоја се натопи. На тебе која
неракоплетениот венец го исплете за светот, ти песнословам воскликнувајќи:
Радувај се Дева, сите не пазиш и не засолнуваш, во тебе наоѓаме сила и света
заштита! Се ужаснаа сите од Божестветата слава твоја зашто ти Марија
Дева во утробата твоја го имаше Бог на се и го роди вечниот Син давајќи мир на
сите кои те воспеваат. Радувај се пренепорочна, ти која патот на
животот го роди, кој светот го спаси од потопот греовен. Радувај се
богоневеста, слишание и глагол страшен, радувај се, во тебе Владиката на сето
создание престојуваше! Радувај се, Пречиста, сила и засолниште човечко,
место на слава сесвета, на адот умртување, пресветла брачна одаја. Радувај се
радост на ангелите, радувај се помошничка на оние што верно ти се молат. Радувај
се Владетелка огнообразна колесница на Словото, духотворен рај сред кој расте
дрвото Господово на животот, чија сладост ги оживотворува оние кои со вера се
причестуваат и кои на пропадливоста и се покорени. Со силата твоја
осилени верно ти воспеваме: Радувај се сила на сите цареви, ти преславна и
милозвучна за која славно се зборува, гора непресечена, радувај се длабочина
неизмерна! Радувај се пречиста, пространо вселување на Словото, сосад
кој бисерот божествен го произведе. Радувај се со Бог надумно помирување на
сите кои секогаш те блаженствуваат Богородице. Овој Божествен и сечесен
празник празнувајќи го богомудри, на богомајката со раце да и заплескаме. Од
неа родениот Бог Го славиме! Постела несквернета на Словото, извор на
сечие обожување, радувај се пречиста на пророците поука, радувај се на
апостолите удобрение. Од тебе роса зароси гасејќи го пламенот
многубожечки затоа ти воспеваме: Радувај се руно одухотворено кого Гедеон го
предвиде. Еве тебе дева те повикувам, биди пристаниште на нас кои сме
расколебани и затишје на нашите беспатиа бурни, и штит од секоја соблазна.
Извор на секоја радост, облагодати ја помислата наша да ти повикуваме:
Радувај се капина несогорлива, облак пресветол кој верните непрестано ги
осенува. Пресвета Владетелка, Пречиста Дева Богородице, мајка на мојот
Господ Бог Исус Христос, ти припаѓам и ти се молам како на царска мајка ја
возлагам пред тебе оваа недостојна молитва, почујме о мајко на Цаот небесен и
земен, принесија неа пред Царот на царевите и Господ на се, Синот твој и Бог,
и простување на сите гревови мои испроси, на животот мој дај му исправување и
пред крај мој од бесовите потполно избавување, застапувај се примен да бидам
во царството божјо, и таму во небесниот град, вишниот и прекрасен Ерусалим да
се насладувам со рајските плодови и радоста и неизречените негови убавини со
светлоста на трисончевата светлина на Троица и со слаткиот глас на ангелското
пеење, направиме наследник на славата и радоста и причесник со светиите. Зашто
ти си семоќна мајка на Царот Семоќен. И сега најпрво во овој час чуј ме
семилостива владетелка, мене кој пред тебе стојам, и чуј ја Госпоѓо Царице,
молбената песна која ти ја принесувам: Тебе Војвотке која се бориш за
нас, Победоносна, ние твоите слуги откако се избавивме од зло, ти принесуваме
победна и благодарна песна, Богородице. Бидејќи имаш непобедлива сила ослободи
не од секакви беди за да ти викаме: радувај се Невесто Неневесна. Ангел
Предстател од небесата испратен беше на Богородица да и рече: Радувај се. И со
глас безтелесен гледајќи како се воплотуваш Господе во ужас стоеше
воскликнувајќи: Радувај се низ тебе радоста заблеска, радувај се низ тебе
клетвата исчезна. Радувај се на паднатиот Адам исправување, радувај се на Ева
од солзите избавување, радувај се висино за помислите човечки недостижна,
радувај се длабочина низ очите ангелски несогледива, радувај се зашто царски
престол си, радувај се зашто го носиш носителот на се, радувај се ѕвездо која
сонцето го објавувва, радувај се утроба на боженственото воплотување, радувај
се низ тебе созданието се обновува, радувај се низ тебе на Творецот му се
поклонуваме, радувај се Невесто неневесна. Гледајќи се светата себеси
во чистота смело на Гаврил му прозборе: Твојот преславен глас е неразбирлив за
душата моја зашто за рождество низ безсемено зачнување зборуваш воскликнувајќи
Алилуја. Сакајќи несознатливо знаење да дознае дева повика кон
тајнослужителот: Кажи ми како е можно Снн од утроба чиста да се роди? А тој со
страв одговори и ова и го рече: Радувај се на тајната неизречива носителке,
радувај се на оние што тихување бараат веропазителке, радувај се на чудата
Христови началница, радувај се на повеленијата негови втемелителка, радувај се
лествице небесна по која Бог слезе, радувај се мост кој земните на небо ги
возведуваш, радувај се чудо многусловено од ангелите, радувај се многуоплакан
пораз на демоните, радувај се надумната светлина си ја родила, радувај се
начинот никому не си го открила, радуавај се ти која мудрите со разум ги
надминуваш, радувај се ти која верните со смисла ги озаруваш, радувај се
невесто неневесна. Силата на Севишниот со зачнување ја осени онаа што
не искуси брак и плодната утроба нејзина нива безпрекорна стана за оние кои
спасение сакаат да жнеат пеејќи непрестано Алилуја. Имајќи Дева утроба
богоисполнета при Елисавета поита а младенецот Елисаветин познавајќи го
поздравот нејзин се зарадува и со игра како низ песна на Богородица и
воскликна: Радувај се лоза со ластар несовенлив, радувај се на полод бесмртен
стекнување, радувај се сотворителке на Творецот човекољубив, радувај се
родителке на оној кој животот го роди, радувеј се нива која обилниот плод на
дарежливоста го роди, радувај се трпеза која обилно очистување носи, радувај
се рајската сладост ја расцутуваш, радувај се на душите пристаниште им
приготвуваш, радувај се преслатко молитвено кадење, радувај се на сиот свет
очистување, радувај се кон смртните Божјо благоволение, радувај се на смртните
кон Бог храброст, радувај се невесто неневесна. Бура на помисли сомневачки
имајќи во себе целомудрениот Јосиф се збуни гледајќи те, ти која не искуси
брак, за тајнобрачна мислејќи те тебе пренепорочна, дознавајќи дека од Св Дух
е твоето зачнување рече Алилуја. Ја слушнаа пастирите ангелската песна која го
воспевеше телесното доаѓање Христово и поитаа како при пастир да го видат кај
лежи како Агнец непорочен, одгледан во утробата на Марија, запејаа и вака и
прословија: Радувај се мајка на Агнецот и Пастирот, радувај се трло на овците
словесни, радувај се невоља за враговите невидливи, радувај се отклучување на
портите рајски, радувај се се небесно со земното се радува, радувај се се
земно со небесното ликува, радувај се на апостолите уста непремолчива, радувај
се на оние што страдаат смелост непобедлива, радувај се на верата цврсто
утврдување, радувај се на благодатта светло познавање. Радувај се низ тебе
адот се разголе, радувај се низ тебе целите во слава не облече, радувај се
невесто неневесна. Гледајќи ја богоиспратената ѕвезда мудреците блесокот
нејзин го следеа и имајќи ја неа за светилник небесен силниот Цар го бараа и
пристапувајќи при недостижниот, радувајќи се му запеаа Алилуја. Кога го
видоа децата халдејски во рацете на Дева оној кој со раката човекот го створи,
познаа дека Владиката е, иако образ на слуга на себе зема, поитаа со дарови да
го даруваат и на благословената да и воспеат. Радувај се мајко на ѕвездата
незалезна, радувај се зоро на денот мистичен, радувај се ти огништето на
прелеста го изгасна, радувај се ти поверениците на Троица ги просветуваш,
радувај се ти мачителот нечовечен од власта го турна, радувај се ти
човекољубецот Христос Господ го покажа, радувај се избавителке од варварското
робување, радувај се очистителке од мрачните дела, радувај се ти го изгасна
огинот идолски, радувај се ти пламенот на страстите го уништи. Радувај се
наставнице на верните кон целомудрие, радувај се на сите родови веселие,
радувај се Невеста Неневесна. Проповедници богоносни постанувајќи,
мудреците во Вавилон се вратија исполнувајќи го пророштвото твое. Те
проповедаа на секаде тебе Христа оставајќи го Ирод во Бунило не знаејќи да пее
Алилуја. Блескајќи во Египет со светлината на вистината ја избрка
лагата на мракот а идолите негови Спасе, не поднесувајќи ја силата твоја
паднаа. Оние што избавени беа и воспеваа на Богородица: Радувај се на луѓето
исправување, радувај се на демоните понижување, радувај се ти силата на
прелеста ја победи, радувај се ти лагата идолска ја уништи, радувај се море
фараонот духовен што го удави, радуај се камен жедните за живот што ги напои,
радувај се огнен столб кој ги води оние во мрак, радувај се зашто покров на
Светиот си поширок од облаците. Радувај се храна маната што ја заменуваш,
радувај се ти која на сладоста света и служиш, радувај се земја ветена,
радувај се од која мед и млеко истекува, радувај се невеста неневесна. Кога
Симеон требаше од овој прелестен свет да премине ти врачен му беше како
младенец а тој тебе совршениот Бог те позна, затоа восхитен од неискажаната
премудрост твоја воскликна Алилуја. Ново создание ни покажа јавувајки
ни се создателот нам од него створените, од безсемемена утроба излезе и неа
нераспадлива како што беше ја сочува за да гледајќи чудо и воспееме
повикувајќи: Радувај се цвет на нераспадливоста, радувај се венец на
воздржанието, радувај се образот на воскресението го заблеска, радувај се
ангелскиот живот го објави, радувај се дрво благоплодно од кое верните се
хранат, радувај се дрво сеновито под кое мнозина се засенуваат, радувај се во
утробата го носеше избавителот на пленетите, радувај се ти го роди наставникот
на заблудените, радувај се на судијата праведен умоление, радувај се на
многуте прегрешенија оставление, радувај се за бедните ризо на Храброст,
радувај се Љубов што ја победува секоја желба, радувај се Невеста Неневесна.
Надумното рождество гледајќи го да одстапиме од светот и умот свој кон
Небесата да го воздигнеме, бидејќи затоа великиот Бог на земјата како смирен
човек се јави сакајќи кон висините да ги привлече оние што му пејат Алилуја.
Сиот меѓу ништите беше, Логосот неизглаголив и од вишните ни најмалку
не одстапи, зашто снисходење божествено беше а не просторен преод, и рождество
од дева која Бога го прими и непрестано слуша, радувај се место за
несместливиот Бог, радувај се порта на чесното таинство, радуај се за
неверните глас сомнежен, радувај се за верните преславна пофалба, радуај се
пресвета колеснице на оној кој почива на Херувимите, радувај се преславно
вселување на оној кој почива на Серафимите, радувај се зашто спротивностите ги
соедини, радувај се зашто рождеството и девственоста ги обедини, радувај се
низ тебе гревот првороден се разреши, радувај се низ тебе рајот за нас се
отвори, радувај се клуч на царството Христово, радувај се надеж за благото
севечено, радувај се невеста неневесна. Секое битие ангелско се восхити
на великото дело на вочовечувањето твое, зашто недостапниот како Бог го гледаа
како човек на сите пристапен кај нам ни сопостои и од сите слушаа Алилуја.
Благоглаголивите говорници како риби безгласни ги гледаме пред тебе
Богородице, во недоум се што да кажат: Како остана Дева и можеше да родиш? А
ние од таинството восхитени верно воспеваме: радувај се на премудроста Божја
пристаниште, радувај се на промислата негова сокровиште, радувај се мудрите
немудри ги јави, радувај се краснозборците во немост ги стави, радувај се
лукавите соблазнители полудеа, радувај се баснотворците во безумие пропаднаа,
радувај се ти ја раскина мудроста Атинска, радувај се ти ја полниш секоја
мрежа рибарска, радувај се ти од понорот на незнаењето извлекуваш, радувај се
мнозина со разум ги просветуваш, радувај се кораб за оние спасение што бараат,
радувај се пристаниште на оние по животот што пловат, радувај се невеста
неневесна. Сакајќи светот да го спаси украсителот на се во него повела
да дојде и иако Пастир божествен заради нас човек постана со подобност
подобното да го повика како Бог слушајки Алилуја. Сила си на
девствените Дева Богородице и на сите што кон тебе прибегнуваат зашто творецот
на небото и земјата те устрои пречиста вселувајќи се во утробата твоја и сите
ги научи да ти повикуваат: Радувај се столб на девственоста, радувај се порта
кон спасението, радувај се началнице на духовна обнова, радувај се подателке
на благоста божествена, радувај се ти ги прероди срамно зачнатите, радувај се
ти со ум ги обдари во безумие паднатите, радувај се ти го сотре убиецот на
разум, радувај се ти го роди сеачот на чистината, радувај се брачна одаја на
безсемено вневестување, радувај се на верните со Господ соединување, радувај
се на девственоста предобра чувателка, радувај се на светите души
невестоукрасителке, радувај се невеста неневесна. Секоја песна која
стреми по множеството на дарежливоста твоја да се спростре со пораз завршува,
ако со песокот истобројни песни ти принесеме, Цар пресвет, со ништо достојно
не сме ти возвратиле за она што си ни го дал нам кои ти воспеваме Алилуја.
Како кандило светлоносно кое на помрачените им се јави светата дева ја
гледаме зашто оган нематерјален палејќи сите во мудрост божествена ги води, со
блесок умот го просветува и славена е со восклици вакви, радувај се зрак на
сонцето духовно, радувај се светило на светлина незалезна, радувај се молња
душата што ја просветуваш, радувај се зашто како гром враговите ги
застрашуваш, радувај се низ тебе блеска многусветлото просветување, радувај се
зашто река си со обилно течение, радувај се ти што образот на очистување го
живописаш, радувај се ти што скверноста гревовна ја одстрануваш, радувај се
бања совеста што ја миеш, радувај се чаша која радост црпиш, радувај се кадило
на Христовото благоухание, радувај се живот на мистична радост, радувај се
невеста неневесна. Повелајќи отпуст да подари за долговите древни
разрешителот на секој долг човечки самиот дојде при оние кои од благодатта
негова одстапија, кинејќи го списокот со долговите од сите слуша Алилуја. Опевајќи
го породот твој сите како жив храм те фалиме Богородице зашто престојувајќи во
утробата твоја Господ седржителот и ги освети и ги прослави и сите да ти пеат
ги научи, радувај се на Бог Словото живеалиште, радувај се пославна од
светињата на светиите, радувај се ковчег од Духот позлатен, радувај се
богатство на животот незалезен, радувај се чесен венец на царевите
благочестиви, радувај се пофала чесна на јереите благи, радувај се на црквата
столб непоколеблив, радувај се на царската сила темел неразрушив, радувај се
со тебе победните знамиња се возвисуваат, радувај се со тебе непријателите се
уништуваат, радувај се на телото мое исцеление, радувај се на душата моја
спасение, радувај се Невеста Неневесна. О севоспеана мајка родителке на
словото посвето од сите светии, примајќи го приносот сегашен од секоја напаст
избавине и од секоја идна мака сочувај не нас кои ти воспеваме Алилуја. Не
му послужија на созданието богомудрите како на Створителот, туку огнената
закана мажествено ја сотреа и радувајкисе пееја: Превоспеан од оците Господе и
Боже благословен си. Те воспеваме повикувајки: Радуај се колеснице на
сонцето духовно, лоза вистинита зрелиот грозд што го подига кој вино точи
веселејќи ги душите на оние кои со вера те слават. Ти која лекарот на
сите луѓе го роди, радувај се Богоневесто, ти жезол таинствен цветот невенлив
што го расцвета: радувај се владетелке со радоста твоја се исполнуваме и живот
наследуваме. Благоглаголивите немоќни се во јазикот Владетелке да ти
песнословат зашто повисоко од серафимите си се вознела раѓајќи го царот
Христос, него моли го од секој а болест да не избави сега, нас кои верно ти се
поклонуваме. Те фалат оние кои на крајот му се приближуваат и со љубов
ти повикуваат: радувај се кондак во кој со прсот татковски се напиша словото,
чиста него моли го во книгата на животот да бидат напишани слугите твои
богородице. Ти се молиме ние слугите твои и ги приклонуваме колената на срцата
наши, приклони го увото твое чиста, дај ни спас од бедата во која постојано
сме пропаднати и сочувај го народот твој од секое демонско пленување
Богородице. Децата благочестиви во печката рождеството Богородично ги
спаси, тогаш овој настан целата вселена ја поттикна тебе да ти пее. Воспејте
ги делата Господови и превознесувајте го сите векови. Во утробата твоја
словото го прими сеносителото во себе го носеше и со млеко го доеше оној кој
вселената со мана ја храни, чиста нему му пееме: Воспејте ги делата Господови
и превознесувајте го во сите векови. Мојсеј во капината ја позна
великата тајна на твоето рождество, децата го изобразија ова откровение сред
огинот стоејќи и несогорувајќи, нераспадлива света дева, затоа те воспеваме
тебе во сите векови. Порано со прелест согорени сега во риза
нераспадлива се облековме преку рождеството твое и во мрак гревовен ние
потонатите светлина видовме на светлината живеалиште Богородителке затоа те
воспеваме тебе во сите векови. Мртвите низ тебе оживуваат зашто животот
ипостасен го роди оние кој неми беа благоглаголиви постануваат, прокажаните се
очистуваат, болните се исцелуваат, множествата на бесовите поразени биваат,
Дево спасение човечко. Ти која на светот спасението му го роди со кое
од земјата на висините вознесени биваме радувај се себлагословена, покров и
сила тврдина и крепост на оние кои пеат чиста, воспејте ги делата Господови и
превознесувајте го во сите векови. Секој секој земнороден со духот
просветен нека заигра, нека слави битието на безтелесните умови, почитувајќи
ја свештената слава на Богомајката и нека воспева: радувај се себлажена
Богородице чиста секогаш дева, радувај се ти повикуваме ние верните кои низ
тебе причесници во радоста вечна постанавме, од напаст избавине и од варварско
пленување, од секаква друга мака и од секоја грешка Богородице, што ги напаѓа
луѓето грешни. Просветување и сила наша си, затоа ти воспеваме: радувај
се ѕвезда незалезна која на светот великото сонце му го носи, радувај се
едемот заклучен го отвори чиста, радувај се сосад зашто мирото неисцрпно кое
на тебе излеано беше го прими. Да застанеме благо во домот на нашиот
Бог и да повикаме: радувај се владетелка на светот, радувај се Марија
Господарка наша, радувај се единствена непорочна и добра меѓу жените, радувај
се столб огнен кој човештвото кон возвишен живот го водиш. Гулабице
која милостивиот го роди радувај се секогаш дева на сите преподобни похвало,
радувај се на страдалниците овенчание, радувај се на праведните боженствено
удобрение и на нас верните спасение. Поштеди го Боже наследството твое
и сите наши гревови презри ги сега имајќи ја за молителка онаа која на земјата
безсемено те роди и заради великата милот по која повела Христе во човечки
образ да се облечеш. Заиграјте ликувајќи и со веселие воспејте: Гаврил
радост носејќи пред Дева застана во градот Назарет радосно благовестејќи:
радувај се чиста и непорочна на светот представник, радувај се небесен
престол. Сокриеното таинство и за ангелите недостапно го прими
архангелот Гаврил и кон тебе сега дојде единствената нераспадлива и добра
Гулабице и на родот наш возвание и тебе ти воспева пресвета затоа радувај се
според кажаното се подготви Бог словото во твојата утроба да го примиш. Владико
чистата утроба на Богородителката е светлоносна палата приготвена за тебе.
Слези и во неа влези дарувај го созданието твое кое во завист се одметна и во
робство на лукавиот е пленето и првородениот дар губејќи го, го чека твоето
спасително слегување. Архангелот Гаврил кон тебе сенепорочна дојде и
тебе ти воспева: радувај се на клетвата разрешение и на паднатите станување,
радувај се единствена избрана низ која Бог се јави, радувај се колесница на
сончевата слава, безплотниот што го прими кој во утробата твоја повела да се
всели. Неразбирлив јазик слушна Богородица ги зборуваше архангелот
благовесните зборови и поздрав и воздаде: Предвечниот Бог треба да го зачнеш,
затоа и ние радувајќи се воспеваме, од неа воплотувајќи се непроменливо Боже
мир на светот дарувај му и на душите наши безмерна милост. О Пресвета
Богородице Дева Владетелка повозвишена од ангелите и архангелите и најславена
од сето создание, восхит велик на ангелите, возвишена проповед на пророците
преславна пофала на апостолите прекрасен украс на светителите силна тврдина на
мачениците, спасително водство на Иноците, неотклоно воздржување на
испосниците слава и чистина на девствените, тивка радост на мајките мудрост и
поука на младенците, заштитница на вдовиците и сираците, на голите риза на
болните оздравување на пленетите избавување тишина на оние кои по море пловат
мирно пристаниште на оние кои бура ги носи, водителка сигурна на заблудените,
лесен премин на патниците, блажен мир на трудбениците, на измачените брза
застапница, на нападнатите покров и прибежиште, надеш на безнадежните и помош
на оние кои помош бараат. На сиромасите богатство непропадливо на нажалените
утеха непрестана на намразените љубовно смирение на грешните спасение и кон
Бог обраќање на сите правоверни цврста заштита непопедлива помош и
застапување. Низ тебе владетелке невидливиот нам видлив ни постана затоа
молитва ти принесуваме Госпоѓо, ние грешните слуги твои. О премилостива и
пречудесна кралица на духовната светлина која го роди нашиот цар Христос
животодавецот на се прославуваниот од небесните и фалениот од земните ангелски
ум светлозрачна ѕвезда, пресвета меѓу светиите царица на цариците, владетелка
на сето создание Богоубава девица нескверна невеста на светиот дух палата,
огнен престол на невидливиот цар небесен ковчег носителке на словото Божјо
огнообразна кочија одмориште на живиот Бог неизглаголива составителке на
телото Христово гнездо на орелот небесен грлице благогласна гулабице кротка
тивка и незлоблива мајка чедољубива бездна на милоста која го разгони дождот
на гневот Божји безмерна длабочина неизглаголива тајна, несватливо чудо
благомирисно кадило чесна багранице Боготкаена порфиро душевен рај кој ја
изнедри животоносната градина, цвет прекрасен кој ни го расцвета небесното
веселие, Грозд на нашето спасение, Путир на Царот небесен во кого од Светиот
Дух се раствори виното на неисцрпна благодат, застапница на законот, почеток
на вистинската вера Христова, непоколеблив столб, пропаст на еретиците, меч на
јароста Божја против богоборците страв за демоните во војните победа на сите
христијани вистинско зачувување и на целиот свет сигурно спасение. О
семилостива Госпоѓа Дева Владетелка Богородице услиши не нас кои ти се молиме
и покажи ја милоста твоја на луѓето твои. Моли го Синот твој да не избави од
секое зло и да ја сочува нашата обител и секоја обител градот и ѕидините на
верните и луѓето кои благочестиво прибегнуваат и го призиваат светото име
твое од секоја напаст помор глад земјотрес потоп огин меч налет на
иноплеменици и меѓусебни војни, од секоја болест и невоља, за да од никаква
рана ни закана и ни помор ни секаков праведен гнев Божји не бидат поразени
слугите твои туку сочувај не и спаси не по милоста своја Госпоѓо нас кои ти се
молиме и полезно благорастворение на воздухот кон време на плоден принос
дарувај ни, олесни прости помилувај не, премилостива владетелка Богородице
Севоспеана нас кои сме во секоја беда и мака. Спомни си за слугите твои и не
презирај ги солзите и воздишките наши и обнови не по добрината на твојата
милост за со благодарност да се утешуваме наоѓајќи те за помошничка. Смилувај
се Госпоѓо пречиста на немоќта на луѓето твои надеш наша расеаните собери ги,
заблудените на прав пат води ги одпаднатите од вера татковска пак врати ги
староста засили ја младоста научи ја. Младенците воспитај ги и прослави ги
оние кои те слават и Црквата на Синот твој сочувај ја и запази ја во долги
денови. О милостива и премилостива царице на небесата и земјата Богородице
секогаш дева, со застапувањето твое помилувај го чесното воинство и сите
православни христијани запазувајќи ги под покровот на милоста твоја, заштити
ги со твојата чесна риза и моли го Христа нашиот Бог кој безсемено од тебе се
воплоти да не препојаса од горе со силата против нашите видливи и невидливи
непријатели против иноплемениците и едноплемениците кои војуваат против нас и
нашата православна вера. Спаси и помилувај ги Господарке причесниците на
светиот синод на нашата православна Црква, свештениците и ѓаконите и сиот
православен народ кои ти се поклонуваат и се молат пред твојата чесна икона.
Погледни кон сите нас со погледот на твоето милостиво застапување, подигни не
од гревовниот понор и просвети ни ги очите срдечни за да го видиме спасението.
Моли го Синот твој милостив да биде кон нас тука и на страшниот суд, слугите
твои кои преминаа во благочестие од овој живот во вечниот живот со ангелите и
архангелите и со сите светии приброи ги за да застанат од десно на Синот твој
и Бог и по молитвата твоја сотвори да живеат со Христа и да се насладуваат со
ангелската радост во небесните живеалишта. Зашто ти си Господарке слава на
небесните и надеш на земните. Ти си надеж наша и застапница на сите кои при
тебе доаѓаат и кои ја молат светата помош твоја, ти си наша топла молителка
кон Синот твој и Бог наш, твојата мајчинска молитва има голема моќ во молењето
на Владиката, со твоето представување пред престолот на Благодатта да се
осмелиме да пристапиме кон пресветите и животворни негови тајни иако сме
недостојни. Затоа гледајќи го на иконата сечесниот образ твој и раката твоја
која го држи седржителот се радуваме ние грешните и со умилност припаѓајќи со
љубов ја целиваме очекувајќи Господарке со светите твои Богопријатни молитви
да го достигнеме безконечниот небесен живот и непосрамено да застанеме на
судниот ден од десно на Синот твој и наш Бог славејќи го него заедно со
безпочетниот Татко и Пресветиот Благиот животворен и единосуштниот Дух во сите
векови Амин. Прими ги себлагомоѓна пречиста Господарке Владетелка
Богородица овие чесни дарови кои само тебе ти доликуваат од нас недостојните
слуги твои, тебе која се покажа избрана од целиот род човечки и повозвишена од
секое небесно и земно создание. Зашто заради тебе со нас е Господ на силите и
низ тебе Синот Божји го познавме и се удостоивме со светото тело негово и
пречистата крв негова, затоа блажена си во сиот род Богоблажена посветла од
херувимите и пославена навистина од серафимите и сега севоспеана пресвета
Богородице не престанувај да се молиш за нас недостојните слуги твои да се
избавиме од секоја замка на лукавиот и од секоја напаст и неповредени да се
сочуваме од секоја отровна и ѓаволска стрела и до крајот наш по молитвите твои
неосудени запази не за да со застапувањето и помошта твоја спасени за сите да
вознесеме слава пофалби благодарност и поклонување на единиот во Троица Бог и
сесоздател сега секогаш и во вечни векови Амин. О велик Цар седржител
милостив Господ Исус Христос Боже мој еве јас многу грешниот твој слуга за
молителка пред тебе ја предлагам пренепорочната твоја мајка пречистата
Господарка Богородица и семилостивата владетелка во сиот свет молителка за
родот Христијански која нам тебе Христа Бога во тело ни го роди заради
неизглаголивата твоја милост кон нас. Затоа заради молитвите нејзини Господе
Исусе Христе Боже наш покажи го кон мене бедниот величието и благодатта и
милоста твоја простување на гревовите дарувај и удостој ме со сите светии да
бидам наследник на твоето царство во бесконечните и вечни векови Амин.


Сите Теми и
Линкови на Тивка Светлина
www.geocities.com/tivkasvetlina