Молитви од Вечерна
Богослужба
Пресвета.. 1.
Господе дарежлив и милостив, долготрпелив, многумилостив, послушај ја нашата
молитва и почуј го гласот на нашето молење, направи од нас образец на доброто,
упати не по твојот пат за да одиме по твојата вистина, развесели ги нашите срца
за да се плашат од твоето свето Име зашто ти си голем и правиш чуда. Ти си
Господе единствен Бог и нема сличен на тебе меѓу боговите, ти си силен во
милоста и благ си во силата, за да им помагаш, да ги утешуваш и да ги спасуваш
сите што се надеваат на твоето свето Име, зашто тебе ти прилега секоја слава
чест и поклонување на Т.. 2. Господе во јароста твоја да не не караш ниту во
гневот твој да не казнуаш но направи ни според твојата милост, лекар и исцелител
на нашите души, упати не кон пристаништето на твојата волја, просвети ги очите
на нашите срца за спознавање на твојата вистина и дарувај ни да го поминеме
мирно и безгрешно останатото време од денешниот ден и сето време од нашиот живот
по молитвите на Св Богородица и на сите светии, зашто твоја е власта.. 3.
Господе Боже наш сети се на нас твоите грешни и непотребни слуги кога го
повикуваме твоето свето и почитувано Име и не посрамувај не во чекањето на
твојата милост, дарувај ни Господе се што молиме за спасение и удостој не од се
срце да те сакаме и да се плашиме од тебе и во се да ја исполнуваме твојата
воља, зашто си добар и човекољубив Бог и тебе слава ти вознесуваме на Т.. 4.
Господе кој си воспеван од светите сили со постојани песни и непрестајни
славословија, исполни ги нашите усни со пофалби кон тебе, за да го величаме
твоето свето Име, дај ни заедница и наследство со сите кои вистински се плашат
од тебе и ги пазат твоите заповеди, по молитвите на Св Богородица и на сите твои
светии, зашто тебе ти прилега секоја Слава Чест и Покл.. 5. Господе Господе, кој
држиш се со твојата пречиста дланка, кој си долготрпелив кон сите нас и жалиш
поради нашите зла, спомни си за твоето милосрдие и за твојата милост, посети не
со твојата добрина и дај ни со твојата благодат во останатото време на овој ден
да ги одбегнуваме различните итрини на лукавиот, и запази го чист нашиот живот
со благодатта на твојот Св Дух, по милоста и човекољубието на твојот единороден
Син, со него со благословен со пресветиот благиот и животворен твој Дух, сега..
6. Боже голем и дивен, кој со неискажлива благост и богата промисла управуваш
се, си ни дарувал и световни добра и си ни го испратил ветеното царство со
даруваните добра, си ни направил пат во изминатиот дел од денот за да се
запазиме од зло, дарувај ни останатото време да го завршиме непорочно пред
твојата света слава, и да те воспеваме тебе единствениот благ и човекољубив Бог
наш. Зашто ти си Бог наш и тебе слава ти вознесуваме на Т.. 7. Боже голем и
севишен кој си единствен бесмртен и живееш во непристапна светлина, со
премудрост си го создал целото создание, си ја разделил светлината од темнината,
сонцето си го поставил да владее со денот, а месечината и ѕвездите со ноќта и во
овој час си не удостоил нас грешните со исповедание да излеземе пред твоето лице
и да ти принесеме вечерно славословие. Човекољубив, ти самиот исправија нашата
молитва како кадило пред тебе и примија како мирис на благоухание, дај ни да ги
поминеме мирно оваа вечер и ноќта што доаѓа, облечи не во оружјето на
светлината, избави не од ноќен страв и од се што се движи ноќе, дај ни сон што
си ни го дарувал за смирување на нашите немоќи ослободен од ѓаволските
привиденија. Да Владико, дарителу на добрини, и на нашите постели ноќе умилно да
го спомнуваме твоето Име и просветени со размислување за твоите заповеди во
душевна радост да се разбудиме за прославување на твојата добрина принесувајќи
кон твоето милосрдие молби и молитви за согрешенија наши и на сите твои луѓе кој
ги посети со милоста, по молитвите на пресвета Богородица, зашто си добар и
човекољубив Бог и тебе слава ти вознесуваме на Т.. Навечер наутро и напладне те
славиме те благословуваме ти благодариме и ти се молиме, Владико исправија
нашата молитва како кадило пред тебе и не ги наклонувај нашите срца во зборови
или мисли лукави но избавине од сите што ги ловат нашите души зашто кон тебе
Господе се нашите очи и во тебе се надеваме да не не посрамиш Боже наш. Тивка
Светлина на светата слава од бесмртниот Татко, небесниот светиот и блажениот
Исус Христос, одкако зајде сонцето ја видовме вечерната светлина, му пееме на
Таткото Синот и Св Дух, Бог. Достоен си во сите времиња да бидеш пеен од
гласовите на преподобните, Сине божји кој живот даваш, затоа светот те слави.
Удостој не Господе оваа вечер да се сочуваме од грев. Благословен си Господе
Боже на нашите татковци и фалено и прославено е твоето Име во векови Амин. Ги
кревам очите мои кон тебе кој живееш на небото. Ете како што се очите на слугите
свртени кон рацете на господарите нивни, како очите на слугинката кон раката на
господарката нејзина, така и нашите очи гледаат кон Господ нашиот Бог, се додека
не се смилува. Смилувај се на нас Господе смилувај се зашто многу сме
понизени со презир, зашто се преполни душата наша од навреди на силните и од
понижување на горделивите. Богородице дева радувај се благодатна Марија,
Господ е со тебе, благословена си ти меѓу жените и благословен е плодот на
твојата утроба зашто си го родила спасителот на нашите души. Крстител
христов, спомни не сите за да се избавиме од нашите беззаконија зашто тебе ти се
даде Благодат да се молиш за нас. Молете се за нас свети апостоли и сите
Светии да се избавиме од беда и невоља зашто во вас стекнавме застапници пред
Спасителот. Прибегнуваме пред твојата добросрдечност Богородице. Не
презирај ги нашите молитви во невоља туку избави не од опасност единствена чиста
единствена Благословена. Небесен Цару зајакни го благочестивиот
православен народ наш, верата утврди ја, народите скроти ги, светот смири го,
овој Св Храм, оваа Св Обител чувај ги добро, порано преминатите наши татковци и
браќа всели ги во населбите на праведниците и прими не нас во покајание и
исповед зашто си добар и човекољубив. Боже на нашите татковци кој секогаш
со нас постапуваш според твојата кротост, не лишувај не од твојата милост но по
нивните моливи упатувај го нашиот живот во мир. Христе Боже твојата Црква
украсена со крвта на твоите маченици од целиот свет како со пурпур и свила преку
нив ти вели: Испрати ги своите добрини на твоите луѓе, дарувај мир на твојот
народ и голема милост за нашите души. Апостоли маченици и пророци, светители
преподобни и праведни кои борбата добро сте ја завршиле и верата сте ја сочувале
имајќи слобода кон спасителот, молете го за нас како благ да ги спаси нашите
души. Неосквернета несоблазнета невина пречиста чиста дева Богоневеста
Владетелка која преку твоето преславно раѓање го соедини Бог Словото со луѓето,
ја воведе отфрлената природа на нашиот род со жителите на небото, ти која си
единствена надеж на безнадежните и помош на борците, спремна застапница на оние
кои доаѓаат кај тебе, засолниште на сите христијани, не гнаси се од мене
грешниот кој со лоши мисли зборови и постапки се направив сосем непотребен и
поради лесномисленоста свесно станав роб на животните наслади. Но бидејќи си
мајка на човекољубивиот Бог, човекољубиво смилувај се на мене грешниот и
блудниот и прими ја мојата молитва која ти ја принесувам со моите усни. Послужи
се со твојата мајчинска слобода и помоли го твојот Син и наш Владика Господ да
го отвори за мене човекољубивото срце на својата благост откако ќе ги презре
безбројните мои грешки да ме обрати кон покајание и да ме направи искусен
исполнител на неговите заповеди. Како милостива и милосрдна, доброљубива биди
секогаш со мене, а во овој живот биди топла застапница и помошничка прогонувајќи
ги непријателските напади и водејќи ме кон спасение. Во часот на смртта сочувај
ја мојата бедна душа и одстрани ги далеку од неа мрачните лица на лошите духови.
А во страшниот ден на судот избави ме од вечната мака и направи ме наследник на
неискажливата слава на твојот Син и Бог наш за да ја примам владетелка моја,
преку твоето посредништво и застапништво по Благодатта и човекољубието на твојот
единороден Син, Господ Бог и Спасител наш Исус Христос. Нему му прилега секоја
слава чест и поклонување со неговиот безпочетен Татко со пресветиот благ и
животворен негов Дух, сега.. Кога одиме на спиење Владико дај ни одмор на
телото и душата и зачувај не од мрачен и гревовен сон и од секакво темно и ноќно
сладострастие. Скроти ги поривите на страстите, изгасни ги распалените стрели на
лукавиот примамливо насочени кон нас. Смири ги нашите телесни возбуди и смири
секакво земно и материјално мудрување. Дарувај ни Боже силен ум, целомудрена
мисла, трезвено срце, лесен сон и ослободи не од секакво ѓаволско мечтаење.
Крени не во времето на молитва утврдени со твоите заповеди и сеноќно славословие
дарувај ни, да го пееме благословуваме и славиме твоето пречисто и прекрасно Име
на Т.. Со нас е Бог разберете народи и покорете се зашто со нас е Бог.
Ти благодарам Господе за изминатиот ден те молам дај ми безгрешна вечер и
ноќ Спасителу, и спаси ме. Те славам Владико за изминатиот ден, молам дај ми
несоблазнива вечер и ноќ, Спасител спаси ме. Ти пеам песни за изминатиот ден
Свети, молам дај ми безбедна вечер и ноќ Спасителу, и спаси ме. Безтелесната
природа херувимска те слави со громогласни песни. Шестокрилните суштества
Серафимите со непрестајни гласови те превознесуваат. Ангелските војски со
трисвети песни те фалат зашто си Татко кој постои пред се, и го имаш
собезпочетниот твој Син. И носејќи го еднакво почитуваниот Дух на животот ја
покажуваш неразделната Троица. Пресвета дева мајка Божја, вие кои сте очевидци
на Словото и слуги, сите хорови на пророците и мачениците кои имате бесмртен
живот за сите молете истрајно, зашто сите сме во невоља. Да се избавиме од
лагите на лукавиот и да запееме Ангелска песна: Свет Свет Свет Трисвет Господ,
помилувај не и спаси не Амин. Пресвета Владетелка Богородица, моли се за
нас грешните. Сите небесни сили на светите ангели и архангели молете се за нас
грешните. Св Јоване пророк претходник и крстител на нашиот Господ Исус Христос
моли се за нас грешните. Свети славни апостоли пророци и маченици и сите Светии
молете се за нас грешните. Преподобни богоносни татковци наши, пастири и
вселенски учители...Свети словенски просветители и учители Кирил и Методиј
Климент и Наум Сава Горазд и Ангелариј...Непобедлива и недостижна и Божествена
сила на чесниот и животворен крст не оставај не нас грешните. Боже очистине
грешните и помилувј не. Просвети ги моите очи Христе Боже да не заспијам
до смрт, да не рече мојот непријател: Го совладав. Боже биди ми заштитник
на мојата душа зашто поминувам низ многу замки. Избави ме од нив и спаси ме
Благи, како Човекољубив. Господе ти знаеш дека моите невидливи
непријатели не спијат и слабоста на моето јадно тело ја знаеш ти кој си ме
создал, затоа мојот дух го предавам во твои раце, покри ме со крилјата на
твојата добрина да не заспијам во смрт. Просвети ги моите духовни очи да се
насладувам од твоите Божествени зборови и во погодно време подигни ме за да те
славам зашто си единствен благ и Човекољубив. Погледај и послушај ме
Господе Боже мој. Колку е страшен твојот суд Господе. Ангелите се пристутни, ги
доведуваат луѓето, се отвараат книгите, делата се испитуваат, помислите се
истражуваат. Каква ќе биде пресудата за мене зачнатиот во грев. Кој ќе ми го
изгасне пламенот. Кој ќе ми засветли во темнината. Ако ти Господе не ми се
смилуваш како Човекољубив. Солзи дај ми Боже како некогаш на жената
грешница и удостој ме да ги навлажнам твоите нозе кои ме ослободиа од лажниот
пат и да ти принесам миризливо миро, чист живот спечален со покајание и јас да
го слушнам твојот сакан глас: Твојата вера те спаси, оди си со Мир. Богородице
ако ја имам твојата непосрамна надеж ќе се спасам. Ако стекнам твоја заштита
Пречиста, нема да се плашам. Ќе ги покосам моите непријатели и ќе ги победам
имајќи ја како оклоп твојата единствена заштита и твојата семоќна помош. Молејќи
се ти пеам: Владетелка спаси ме со твоите молитви и подигни ме од мрачниот сон
со силата на воплотениот од тебе Син божји, да те славословам. Господе
Господе кој не избавуваш од секоја стрела што дење лета избави не од се што се
движи по темнина. Прими го воздигнувањето на нашите раце како вечерна жртва.
Удостој не и ноќното боиште да го поминеме без порок и искушение од зли духови.
Избави не од секоја поматеност и страв што ни ги причинува ѓаволот. Дај ни
умилност на нашите души и грижа на помислите при испитувањето на твојот страшен
и праведен суд. Воведи не во страв пред тебе, заздрави ги нашите телесни органи
да можеме и во сон да се учиме на тихување и размислување за твоите пресуди.
Одстрани од нас секоја неприлична желба и лоша страст. Разбуди не навреме за
молитва, утврдени во верата да напредуваме во твоите заповеди со благоволението
и благоста на твојот единороден Син со кого си благословен со пресветиот благ и
животворен твој Дух сега.. Господе помилувај не зашто во тебе се
надеваме, не гневи се многу на нас ниту споменувај ги нашите безаконија, но
погледни и сега како добросрдечен и избавине од нашите непријатели, зашто ти си
Бог наш и ние твоите луѓе сите сме дело на твоите раце и твоето Име го
повикуваме. Господе кога би ги немале твоите Светии за молитвеници и
твојата добрина која не милува како би смееле да ти пееме Спасителу, тебе кого
ангелите постојано те слават. Срцезналецу поштеди ги нашите души. Со
моите премногу гревови Богородице кон тебе пријдов чиста, барајќи спасение.
Посети ја мојата немоќна душа и моли го твојот Син и наш Бог да ми прости се што
згрешив, единствена Благословена. Сесвета Богородице не оставај ме за
време на мојот живот, на човечка заштита не доверувај ме туку заштити ме и
помилувај ме. Сета моја надеж во тебе ја полагам мајка Божја, сочувај ме под
твојата закрила
Молитви од Изобразителна Богослужба
Благословувај го душо моја Господ и целата моја внатрешност да го
благословува неговото свето Име, благословен си Господе. Спомни не нас
Господе, кога ќе дојдеш во царството твое. Спомни не нас Владико кога ќе дојдеш
во царството твое. Спомни не нас Свети, кога ќе дојдеш во царството твое.
Небесниот хор тебе ти пее и вели: Свет Свет Свет е Господ Саваот, исполнети се
небото и земјата со твојата слава. Пристапете кон него и просветете се и вашите
лица нема да се посрамат. Хорот на светите ангели и архангели со сите
небесни сили тебе ти пее и говори: Свет.. Остави ослаби и прости ни ги
Боже нашите грешки намерни и ненамерни со збор или дело, со знаење или без
знаење дење или ноќе со ум или со помисла, прости ни се, бидејќи си благ и
Човекољубив. На гората си се преобразил Христе Боже и колку што можеа да
сватат твоите ученици гледајќи ја твојата слава за да можат да го разберат
доброволното страдање кога ќе те видат распнат и на светот да му проповедаат
дека ти си навистина светлина на Таткото. Војсководачи божји, слуги на
боженствената слава, началници на Ангелите и наставници на луѓето, испросете го
полезното за нас и голема милост зашто сте војсководители на безтелесните. Пророк
божји и предходник на Благодатта, ние што ја најдовме твојата глава како
најсвета роза која пораснала од земјата секогаш добиваме исцеление зашто како и
порано ти пак проповедаш покајание во светот. Сигурните и Богогласни
Проповедници, првите Ученици твои си ги примил Господе да се насладуваат од
твоите Блага и Мир. Бидејќи нивните страдања и смрт си ги примил повеќе од која
и да било жртва зашто ти си единствен кој знаеш што има во срцата. Како
првина на природата Господе вселената ти ги принесува богоносните маченици, тебе
насадител на сите созданија. Заради нивните молитви и заради Богородица запази
ги во длабок мир твојата Црква и твојот народ, многумилостив. Застапништво
на христијаните со кое нема да се посрамиме, неизменливо посредништво пред
творецот, не презирај ги молитвените гласови на грешните, но побрзај како добра
да ни бидеш на помош на сите кои со вера те повикуваме. Богородице постојана
заштитничке побрзај и дојди на помош во молитвата и молењето на оние кои те
почитуваат. Сесвета Троица, единосуштна сила, неразделно Царство, причина за
сите добрини, покажи добра воља кон мене грешниот, утврди го и вразуми го моето
срце, отфрли секоја моја валканост, просвети ја мојата мисла и секогаш да те
славам и пеам и да ти се поклонувам и да велам: Еден е Свет, еден е Господ Исус
Христос, за слава на Бог Таткото Амин

Сите Теми и
Линкови на Тивка Светлина
www.geocities.com/tivkasvetlina