Дома







Списанија 

o Студентски збор – списанието на студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методија" од Скопје. Следејќи ја главната цел на уредувачката политика на списанието - да пишува и да актуелизира ставови, личности и настани поврзани со студентскиот живот, Студентски збор е списание кое најсилно и најревносно ги поддржува новите струења во литеартурата (и во уметноста воопшто). Доволно е само да се споменат подлистокот Букви, редовните рецензии за најновите книги, наградата за најдобра дебитантска збирка и за кус расказ...

o Блесок – првото македонско електронско списание. Основач и главен уредник на списанието е Игор Исаковски, а во редакцијате се (или некогаш биле) Лидија Димковска, Никола Маџиров, Роберт Алаѓозовски, Петар Волнаровски, Емилија Матаничкова, Јасна Котеска...

o Лоза – списание на студентите на Филолошкиот факултет (првиот број излезе во април 1996. година).

 

Основач на списанието е Оливер Шамбевски, а на неговите страници се појавиле имињата на Роберт Алаѓозовски, Марјан Патлиџанковски, Магдица Лалова, Рената Андонова, Иван Додовски, Јовица Тасевски – Етернијан, Анета Велкоска, Гоце Марков – Елиот, Ивица Антески, Жарко Кујунџиски, Звонко Танески...

o Мравка – списание специјализирано за хаику поезија (првиот број излезе есента 2003). Главен уредник на изданието е Никола Маџиров, а редакцијата ја сочинуваат Македонка Божиновска, Владимир Мартиновски, Александар Прокопиев и Виктор Шиков.

o Други списанија кои на посреден или непосреден начин покажуваат голем интерес и отвореност кон најновите струења во македонската поезија: Маргина, Стремеж...

 
Hosted by www.Geocities.ws

1