Дома







Антологии

o Преглед на поновата македонска поезија (КММ, 1996) – едно наменско издание уредено и издадено од Книжевна младина на Македонија, проект што бил сегмент од претставувањето на македонската култура во седиштето на Обединетите нации во Њујорк (значи застапените биле и меѓународно афирмирани). Изданието е двојазично (македонски и англиски). Предговорот е на Венко Андоновски и е директно преземен од антологијата „Градба и разградба". Во редакцијата на изданието се: Тодор Јовчевски, Борис Чавковски и Виолета Иљовска.
Застапени автори: Бобан Богатиновски, Сашо Гигов – Гиш, Лидија Димковска, Иван Додовски, Зоран Јакимовски, Александра Николова, Кристина Николовска, Јанко Нинов, Ана Пејчинова, Маја Симиќ, Сузана В. Спасовска, Александар Спасовски, Гордана Стојковска, Гордана Тасевска, Братислав Ташковски, Борис Чавковски, Лидија Шопова

o 20.млади.м@к. поети.00 (Прокултура, 2000)– избор од деветнаесет автори (претставени со песни од нивните последни книги во времето кога е подготвувана Антологијата), едно џебно издание објавено на прагот на новиот милениум. Изборот и предговорот се на Лидија Димковска. Издавач е Младинското културно движење Прокултура во соработка со Младинската книжевна асоцијација (подвижници на овие невладини организации се Љубен Тевдовски и Александар Кирковски). Интересно е тоа што авторката на оваа антологија за афирмацијата на застапените поети направи многу повеќе: авторите ги внесе во програмата на курсот по историја на македонската книжевност што го држеше на Филолошкиот факултет во Букурешт (Романија); повеќето автори ги преведе на романски јазик и ги приопшти преку тамошната периодика; издејствува превод и нивно претставување во словенечката книжевна периодика; посредуваше при нивното претставување во хрватската книжевна периодика.

 

 

Застапени автори: Емил Калешковски, Александар Кирковски, Јовица Тасевски – Етернијан, Виолета Бончаноска, Ивица Антески, Александра Николова, Иван Додовски, Ана Пејчинова, Никола Маџиров, Наташа Бунтеска, Јанко Нинов, Сузана В. Спасовска, Бобан Богатиновски, Игор Исаковски, Владимир Илиевски, Теута Арифи, Аполон Гилевски, Сашо Гигов – Гиш, Ирена Павлова

o Неидентификувана небесна дојка (Младинска книжевна асоцијација, 2001) – избор од поезијата на седум млади поети. Изборот и предговорот е на Јовица Тасевски – Етернијан. Книгата е двојазична (македонски и англиски). Антологијата беше претставена на Струшките вечери на поезијата 2001. година.
Застапени автори: Наташа Бунтеска, Никола Маџиров, Виолета Бончаноска, Ивица Антески, Маја Апостолоска, Емил Калешковски, Александар Кирковски

o И (Темплум, 2002) – преглед од поезијата од девет поети кои создаваат на македонски и на албански јазик; помлади автори кои живеат во Македонија. Изборот е на Искра Гешоска и Џабир Ахмети, а збирката е тројазична (македонски, албански, англиски). Автор на предговорот е Никола Гелевски.
Застапени автори: Лидија Димковска, Линдита Ахмети, Иван Додовски, Салајдин Салиху, Сузана В. Спасовска, Ивица Антески, Љуљзим Хазири, Никола Маџиров, Наташа Бунтеска

 

Hosted by www.Geocities.ws

1