Дома







Награди 

o Наградата за најдобра дебитантска поетска книга – што ја доделува НИП „Студентски збор" (некогаш во името на наградата стоеше дека се доделува за најдобра дебитантска книга „меѓу две Струги", но денес кога Млада Струга веќе не постои тоа е бесмислено). Ова е исклучително значајна награда во профилирањето на иднината на македонската поезија, на што укажува и денешниот статус на некогаш наградените творци:
Љубе Цветановски, Лилјана Дирјан, Маријан Надев, Васо Николовски, Братислав Ташковски, Цане Ризески, Бобан Богатиновски, Ана Пејчинова, Валентина Р. Николовска, Емил Калешковски, Ивица Антески, Никола Маџиров, Марко Петрушевски, Анета Велковска...

 

  o Струшка лира – награда доделувана во рамките на Млада Струга. Како што веќе беше споменато оваа манифестација веќе не постои. Исто и наградата. Последен пат оваа награда беше доделена во 1998. година на вечерта посветена на младите поети што се одржа во рамките на СВП (добитник тогаш беше Лидија Димковска).

 

 
Hosted by www.Geocities.ws

1