Дома







Литературни кружоци 

o Малиот принц – литературен клуб кој постоел во периодот 1989 – 1990 година, во кој членувале Сашо Гигов Гиш, Игор Исаковски, Јанко Нинов, Ана Пејчинова, Лидија Димковска...
Гиш зборува за овој клуб во едно интервју: „Од Малиот принц ми остана во сеќавање една караница, една полуфилозофска сиеста што кулминираше со некои искри, а каде што има искри – има и оган, има движење, има творештво. (...) Што беше всушност Малиот принц? Едно место, таму карши Градска болница, во просториите на некоја Социјалистичка младина, некаде осумдесет и осма-деветта или деведесеттата. Тоа беше еден обид да се реплицира со еден романтичарски концепт. Јас тогаш имав објавено две збирки, едната од Книжевна младина, а другата самиот си ја објавив. Мислам дека имаше и Јанко една книга. Тие учеа во гимназија, беа полни со живот, со дух неоптоварени со политика, со припадност. Литературата ни беше пред сè. Така на еден чист ентузијастички начин се правеа некои такви групи кои на некој начин можеа да издејствуваат афирмација."

o Ко-Ра – литературен кружок кој постои во рамките на работничкиот центар „Кочо Рацин" низ кој продфилирале имиња како Јовица Тасевски – Етернијан, Маја Апостолоска, Мишо Живковски и други. Клубот издава списание со поезија од членовите, наречено Светулки.

 

o Илунаи – нема повеќе податоци освен дека постоел на Филолошкиот факултет во Скопје.

o Мугри – со помали и поголеми прекини постои неколку децении (има податоци дека постои од 1958. година). Во својата библиотека кружокот има двоцифрен број алманаси од поезијата на своите членови (само од возобновувањето во 1998. година до денес има издадено пет збирки). Во клубот членувале или сe уште се активни Александар Кирковски, Ивица Антески, Јовица Тасевски – Етернијан, Анета Велкоска, Маја Апостолоска, Александра Димитрова, Каролина Трпчевска, Вероника Димитрова и други.

o Рефлексија – литературен клуб на студентите од студентската населба „Стив Наумов" во Скопје. Она што е познато е дека 1999. година издадоа една збирка со поезија од триесетина автори. Она што е непознато е дали клубот сè уште постои.

 

 
Hosted by www.Geocities.ws

1