Дома
 





Сузана В. Спасовска
[email protected]
Сузана В. Спасовска е родена 1972 година во Ротердам, Холандија. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје на групата Македонски јазик и литература. Во 2002. година на истиот факултет ја одбранила својата магистерска тема од областа на теоријата на стихот. Објавува студии и критички текстови во повеќе македонски литературни списанија.
Досега ги има објавено поетските книги: И љубов и заговор (1996) и Смртно писмо (2002). Застапувана е во повеќе антологии и прегледи на македонската поезија. Дел од нејзината поезија е преведена и објавена на англиски, бугарски, романски, словенечки и на други јазици. Живее и работи во Скопје.
Hosted by www.Geocities.ws

1