Дома
 



Бобан Богатиновски

оној
кому ни името
не е вредно да му се спомене

надвор е ....................................
се движи ...................................
мрмори ......................................
ги менува мамките ..................
ги проверува стапиците .........
мрмори ......................................
ја запира земјата .....................
ги преместува планините .......
ги затемнува ѕвездите ............
ги раздвојува континентите ..
сам е ...........................................
мрмори ......................................
стои пред нашата врата .........
упорно тропа ...........................
стои пред нашата врата .........
упорно тропа ...........................
.....................................................
.....................................................
но ние мирно спиеме
легнати на воздухот

 

Црвено
или
црно

во големата сала за облози
боговите молчат
се превртуваат денот и ноќта
црвено или црно
црно или црвено
боговите молчат
.......................................................
.......................................................
мојата последна
мисла
лилјаково

Молчење
или...

(се прашувам само
тебе ли те нема
или ние не сме тука)

и кога ми недостигаше
само уште една мисла
да напишам книга
и само уште една книга
да составам збирка
мојата најубава збирка
ти само благо ме погледна
и молкум проговори
„само молчењето
и пишувањето многу книги
немаат крај"

 

запис
за еден пијан човек
потпрен на ѕидот

уште колку ката останаа
ангелу мој

малку
сосема малку
уште само три

а што ако искачам два
а третиот не успеам да го искачам

 
 
1 2 3
Hosted by www.Geocities.ws

1