Дома
 



Бобан Богатиновски

Долината на ехото

имааааа ли некооој
имааааа ли некооој

не ме слушаш лииии
не ме слушаш лииии

зошто не ми зборуваааш
зошто не ми зборуваааш

ме препознаваш лиии
ме препознаваш лиии

тоа сум јааас
тоа сум јааас

ќе ми одговори ли некооој
ќе ми одговори ли некооој

каде смеееее
каде смеееее

постои ли излез оддовдеееее
постои ли излез оддовдеееее

многу сум осамееен
многу сум осамееен

зошто не можам да се разбудааам
зошто не можам да се разбудааам

колку е часооот
колку е часооот

има ли смисла сево овааа
има ли смисла сево овааа

ааааауууууууууммм
ааааауууууууууммм

апсуууууууууууууурд
апсуууууууууууууурд

како е тамуууууууууу
како е тамуууууууууу

господи божееее
дојди поблискуууууу

почетокот на вечноста
трае три дена

ме одведе на водопадите
за да ми каже дека
името на Господ е Љубов

(фрагмент)

...
се сеќаваш ли колку требаше да плачеш
за да ме родиш повторно љубов моја
се сеќаваш ли колку требаше да се молиш
за да ме оживееш љубов моја
се сеќаваш ли кога пиевме вода од малата
фонтана љубов моја
кога пиевме вода од нашите раце љубов моја
се сеќаваш ли на малото бело кученце
љубов моја
малото кученце кое ни пронајде и тргна по нас
љубов моја
о колку долго не можев да заплачам љубов моја
о колку долго сe додека не ги замолив сите луѓе
да ми простат љубов моја
се додека не ги изговорив имињата на сите луѓе
што ги знаев љубов моја
и кога се покајав за Се љубов моја

бев мртов љубов моја
бев мртов и ти ме однесе на тоа место
и го видов сиот свој живот љубов моја
и прв пат вистински заплакав љубов моја
кажувајќи ги имињата на сите луѓе
кои ги сретнав во животот љубов моја
и побарав од сите да ми простат љубов моја
да ми простат за Се љубов моја
и уште еднаш побарав да ми простат љубов моја
и побарав да ми простат и оние луѓе
на кои не можев да се сетам љубов моја
и од Господ побарав да ми прости љубов моја
се сеќаваш кога ми ги покажа облаците
љубов моја
облаците кои личеа на картата на големите
океани
се сеќаваш ли кога сакавме скришум
да побегнеме на Шри Ланка љубов моја
за да бидеме поблиску до Екваторот љубов моја
за да бидеме поблиску до сонцето љубов моја
се сеќаваш ли на нашето прво утро љубов моја
на нашето прво утро меѓу дрвјата љубов моја
на малата патека која водеше до твојот дом
љубов моја
и на првите сончеви зраци меѓу лисјата
кога го извикав твоето име љубов моја
и кога ветерот го однесе љубов моја
на сите страни на светот љубов моја
...

 
1 2 3
Hosted by www.Geocities.ws

1