| Очигледно
станува
Очигледно им станува
на невидливите очи
дека може да се замине:
капаците покорно се затвораа
и ја ослободуваат прегратката
што го држеше копното.
Очигледно им станува
на невидливите очи
дека и без туѓа љубов може да се плови.
Без сеќавања и светилки,
дури и без брод и морнари;
на шапката на капетанот,
но и таа тоне
во црното море што не одразува ѕвезди.
Плискаат брановите
и нивнот звук е единственото што патува.
Очигледно им е станато на невидливте очи
дека сe заминува во оваа магла,
во овој час што не се памти,
во кој времето заринкало
на напуштениот хоризонт.
Во оваа црна ноќ
и без храброст се живее.
И надежта е товар што се фрла од палуба.
И едрата горат
за никој да не ги види.
.. . .. Приказните не беа вистинити.
На север ниедно копно не лежи.
Ваму е долга пловидба
дарувана на оние
што не желнеат да пристигнат,
што не умираат без копно.
Во оваа ноќ
Нивните лица стануваат видливи,
а нивната смрт извесна. |
Викање
Се надвикуваме со мртвиот -
кој помртов
подлабоко ќе гори.
Викај Викај
Ние, грди вистинољупци,
во смрт вљубени.
Мртво со мртвост љуби.
во смртта сите крвни браќа се.
У-о-о!У-о-о!
Рогови ни се прстите,
ветар ни е висината
што тече низ роговите.
Мртвите имаат жици во колковите
и свират, свират.
И од тоа пострав има.
На сон на брат ми му злозборам,
од што клунот ми е нем.
Со перја го мавам тешки,
Во звуци и себе се погребувам.
Диво ми е грлото;
никој вијот не го разбира.
Дивоста ме бие ко зол глас,
зол ветар од висините паднат;
основата мудра си ја кове
во бистри темели,
во чисти часови,
во злотиха мугра
каде виор стар демне. |