Дома
 




Ана Пејчинова
[email protected]
Ана Пејчинова е родена 1973. година во Скопје. Дипломирала на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје, а докторирала филозофија и книжевност на Карловиот универзитет во Прага, Чешка Република. Покрај тоа таа има завршено и обука во системски коучинг и кратка психотерапија во Прага и во Варшава. Се занимава со преведување од и на англиски и француски јазик, со електронско издаваштво и со системски коучинг.
Досега ги има објавено поетските книги: Деогае (1995), Ѕверот и проѕирот (1997), Златните раце на демонот (1999), а во електронски формат се објавени збирките на англиски Неа, Ѕвер во војна и Туѓи соништа. Нејзината поезија е препејувана на англиски, француски, германски, фински, српски, бугарски, полски, словачки, романски и белоруски јазик. Живее и работи во Скопје.
Hosted by www.Geocities.ws

1