ВО НЕАПОЛ НИКОГАШ НЕ ВРНЕ

По уште една кавга со татко му, кој секојдневно му повторува да си најде работа, Барнаба одлучува да си замине од дома. Проблемот е што не може да оди во домот на свршеницата, затоа што таа токму тој ден одлучила да го остави, обвинувајќи го дека сè уште страда од синдромот Петар Пан. Така, Барнаба почнува да тропа по вратите на сите поранешни соученици сè додека не стигне до вратата на Јакопо, кој пак страда од синдром на напуштеност.

ЛЕГЕНДА

Вистинита приказната за подемот и падот на најозлогласените криминалци во британската историја, идентичните браќа близнаци, Реџи и Рони Креј. Двата лика ги игра Том Харди. Филмот зборува и за односот меѓу Реџи и Френсис Шеј (раскажан е од гледна точка на Френсис, како некој што го познава најдобро), за проблемите со менталното здравје на Рони и за нивната моќна империја во источен Лондон во 60-те. Во светот на организираниот криминал, ноќните клубови, забавата и политиката, стигнуваат до статус на ѕвезди. Користејќи го насилството, интригите, измамите, стануваат лидери во трката по пари и почит.

ШИФРА ВУЈЧЕ

Во раните 60-ти, во екот на Студената војна, мистериозна криминална организација планира да искористи нуклеарно оружје и технологија со која дополнително ќе ги наруши односите меѓу САД и СССР. Агентот на ЦИА, Наполеон Соло и оперативецот на КГБ Илија Кирјакин, се дел од заедничката мисија против злосторниците. Единствената трага што ја имаат е ќерката на еден исчезнат германски научник, кого ќе мора да го најдат за да ја спречат катастрофата.

МАГИЧНИОТ МАЈК XXL

Магичниот Мајк ја води својата стриптиз-група од Тампа на натпревар во Миртл Бич. По патот застануваат во Џексонвил и Савана, за да обноват некои застарени пријателства и да создадат нови. Мајк и групата учат некои нови движења за својот последен голем перформанс.