Животот секогаш изгледал комплициран за стариот добар Чарли Браун, момчето што секогаш давало сè од себе и покрај невозможните очекувања? Кога малото црвенокосо девојче се вселува во неговото соседство, Чарли Браун е обземен од неа. Додека тој се справува со своите чувства, неговиот најдобар другар, Снупи, започнува сопствена авантура во светот на фантазијата. Како главна ѕвезда во Првата светска војна, симпатичниот детектив, тој го гони својот непријател, Црвениот Барон, обидувајќи се да го освои срцето на убавата пилотка, Фифи.
„Добриот диносаурус“ е филм што поставува едно мошне интересно прашање: што ако катастрофалноит астероидот што засекогаш го прменил животот на Земјата, воопшто не удрел во нашата планета и гоемите диносауруси никогаш не изумреле. Во ова епско патување во светот на диносаурусите, еден Апатосаурус (Арло) стекнува човечки пријател. Патувајќи преку лош и мистериозен пејзаж, Арло сфаќа што значи способноста за контролирање на сопствените стравови и открива дека навистина го може тоа.
Откако Дракула решава да отстапи од своите строги правила и да го отвори влезот и за луѓе, нештата во хотелот „Трансилванија“ почнуваат да се менуваат на подобро. Но, Дракула е загрижен за својот внук, полувампирот Денис, кој баш и не ја покажува својата вампирска страна. Додека неговите родители, Мејвис и Џони се во посета на нивните сватови – луѓе, Дракула ги собира своите другари за да му помогнат околу вампирската обука на внукот Денис.
Мортадело и Филемон се најдобрите супершпиони во ТИА (Тајна владина организација), чијашто задача е да ги разоткриваат криминалите што ниту еден друг шпион не може ги разоткрие, т.е. да ги зафркнуваат ситуациите како никој друг. Во своите акции тие користат многу чудни маски и апсолутно бескорисни идеи, па нивните шпионски мисии се претвораат во бучни и забавни авантури.