ИГРИ НА ГЛАДНИТЕ: МОКИНГЏЕЈ – Дел 2 (3Д)

Војната за Панем ескалира до крајни граници, до уништување на останатите општини од страна на Капитол. Катнис Евердин и нејзините пријатели се вклучуваат во револуција против Капитол и ќе мора да соберат армија што ќе се спротистави на претседателот Сноу…

СПЕКТРА

Загадочна порака од минатото го води Бонд во потрага по една опасна организација. И покрај наредбата на М (Ralph Fiennes), Бонд патува во Рим, каде што ја сретнува прекрасната Луција, вдовица на озлогласен криминалец. Откако ќе влезе на таен состанок 007 открива за постоењето на застрашувачки опасната организација Спектра. Потребна му е помош од ќ ерката на еден стар непријател и тргнува да ја бара.

ПОСЛЕДНИОТ ЛОВЕЦ НА ВЕШТЕРКИ

Современиот свет има многу тајни, но највосхитувачка тајна од сите е дека вештерките сè уште живеат меѓу нас. Армиите од ловци на вештерки со векови с е борат против натприродните сили. Каулдер е храбар воин, кој успеал да ја убие моќната кралица вештерка, уништувајќи ги и нејзините следбеници. Пред нејзината смрт, кралицата фрла клетва врз Клаудер и го прави бесмртен, со што засекогаш ќе го раздели од неговата сакана сопруга и ќерка во задгробниот живот.

ЦРНА МИСА

Вистинска приказна за Вајти Булгер, братот на сенаторот и најголемиот криминалец во историјата на јужен Бостон, кој станал поткажувач на ФБИ со цел да го сруши мафијашкото семејство што ја освојува неговата територија. Џон Коноли и Џејмс „Вајти“ Булгер пораснале заедно на улиците на јужен Бостон. Години подоцна, во доцните 1970-ти, тие ќе се сретнат повторно. Дотогаш, Коноли станува главна фигура во канцеларијата на ФБИ во Бостон, а Вајти, кум на ирската мафија.