Дома
 




Никола Маџиров
[email protected]
Никола Маџиров е роден 1973. година во Струмица. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за Општа и компаративна книжевност. Објавува поезија, проза, есеи и преводи во повеќе македонски списанија за култура и за литература.
Досега ги има објавено поетските книги: Никаде некаде (1999), Заклучени во градот (1999) и Асфалт, но небо (2003).
Во 1999 година ја добива наградата Студентски збор за најдобра поетска дебитантска збирка и наградата „Ацо Караманов". Застапуван е во повеќе антологии и прегледи на македонската поезија.Маџиров е покренувач и главен и одговорен уредник на хаику списанието „Мравка" и уредник во електронското списание „Блесок". Дел од неговата поезија е преведена и објавена на англиски, шпански, хрватски, романски, словенечки и други јазици. Живее и работи во Струмица.
Hosted by www.Geocities.ws

1