Дома
 





Лидија Димковска
[email protected]
Лидија Димковска е родена 1971. година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје на групата Општа и компаративна книжевност. Докторирала на тема од романската книжевност на Филолошкиот факултет во Букурешт, Романија, каде што и работела како предавач по македонски јазик и книжевност. Уредник е во електронското списание Блесок. Се занимава со поезија, есеистика, теорија на книжевноста и преведување. Автор е на антологијата на младата македонска поезија 20.млади.м@к.поети.00.
Досега ги објавила поетските збирки Рожби од исток (1992), Огнот на буквите (1994), Изгризани нокти (1998), Нобел против нобел (2001). Добитник е на наградата на Студентски збор за најдобра поетска дебитантска збирка. Нејзината поезија е преведена на повеќе балкански и светски јазици. Живее и работи во Љубљана, Словенија.
Hosted by www.Geocities.ws

1