Дома
 




Јовица Тасевски - Етернијан
 

Летаешти фрагилно

Воздухот ми се отвора
како игуана меѓу лисје
сум чекор прозорлив;
свидна Изгрев-Потпирка
Ден-Ден!

Ама студен закос сече
од земјава зблудена
улава, влудена! –
та крилото ли ми
го прострела со копје тешко тука
и таму, времено и понатаму,
а?

Да. – одговор брз ко
истрелот или копјето тешко
и студено.

Така исфрагилиран
веќе не аеропрегрнувач туку
црнозембакнувач
сум.


Протон донорот блуткаво ја прифаќа вистината

Проекција – Глетка:
близу ти е
оној, кој
нешто повеќе од паралела
ти е. Ближен љуби да
ти е.

        ...ти немо постоиш...
        ...не носиш во зборот...
             откровение
                  на
                 (и
                  за)
                  огнот магнетски

...тоа е тоа...

Слика на трошноста

(VII)

Бездомничарот го отвора
,со бесни игли посеан,
ширум
Темновидецот јасен
в себе
,железни солзи,
и лелек
по Црниот Рид ползи

(XIV)

во болниот Блен, што секому
се предава
како пресушена крава,
бледее моќниот вик и крик!
се претвора в жилав бесцелник
О, Арарат! С’која сабја болскотна
да се разори мемливиот мир?

 

стадо од пандори
со кутивчиња завиткани
во целофан го гони,
а прозрачниот

, всушност,
не сака да си има работа
со стрвни и матни
      бесни и мразни
      умогнојни и душотрујни Стоки
               за
               широка
               потрошувачка.
Следна
 
1 2
Hosted by www.Geocities.ws

1