Дома
 




Јовица Тасевски - Етернијан
[email protected]
Јовица Тасевски - Етернијан е роден 1976 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за општа и компаративна книжевност. Објавува книжевни критики, есеи, преводи и препеви во повеќе македонски литературни списанија. Уредник е во списанието за литература - Стремеж.
Досега ги има објавено поетските книги: Нешто се слуша (1995), Визии. Глагол (1997) и Веда (1998); и Постојното, плимата (критики и есеи,2000).
Автор е и на антологијата на најмладата македонска поезија Неидентификувана небесна дојка (2001). Дел од неговата поезија е преведена и објавена на англиски, полски, влашки, хрватски, словенечки, романски, француски и други јазици. Живее и работи во Скопје.
Hosted by www.Geocities.ws

1