| Еротика
Една вжарена точка напредуваше
Пристиг
до празнината.
Задоволството беше големо:
Двете розеви тела цветаа.
Времето не минуваше
сепак
крајот дојде веднаш
се струполи и се придружи.
Гром ја прострела дружбата
врв.
Без љубов? Со љубов?
Можеби
нешто во нов свет ќе пристигне.
Охридска архиепископија
1767 година
лицем светци, срцем в’лци
– Григор Прличев
Смарагд
во вените
верно крие
Архиепископот
на овците
со поглед
кон месечината
- призма.
Иако нема
остри причини
за гнев:
за гнет
Грците
не се
Елини.
Отспротива
Мрачното
што се превира Внатре
Тоа што беспрекорно ги сече
зраците сладострасни
заитани кон гравирите
желни за оган,
за Светла Нишка
жедува! |
нешто!
утеха...
Во моите дробови бели,
експлозии на мелодија има
заради дробни бројки, дребни потскокнувања!...
...ронки, а скок
од агонија
во екстаза!
Понекогаш
дробни нешта
содржат
огромни пространства утеха.
монолог на љубовникот за цик-цак
љубовта
времето патува низ капки
проѕирни и матни,
просторов меѓу нас
ист и ист,
а комети
а црни топки;
та ете и... -не сме статични
туку: ко тешка движба на елипса
околу гранитен стожер,
јас и ти на незината
линија –
ту сме ведро блиску
ту сме тмурно далеку...
А, Сепак! –
ти си мојот единствен
Рехабилитационен
Центар. |