Дома
 




Иван Додовски
 [email protected]
Иван Додовски е роден 1974 година во Битола. Дипломирал и магистрирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Пишува поезија, стручни и научни книжевни студии и критики и др. Бил уредник за култра на Студентски збор и селектор на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински" што се одржува во Прилеп. Работи како програмски координатор за култура и уметност во Институтот отворено општество – Македонија.
Додовски ги објавил поетските збирки Седенка со ликот (1991), Луда луна (1995) и Света лудост (1999). Приредувач е на изборот раскази Некои мали работи (1998). Неговата поезија е препејувана на повеќе балкански и светски јазици. Застапуван е во повеќе антологии на современата македонска поезија. Живее и работи во Скопје.
Hosted by www.Geocities.ws

1