|
Тоа е бесплатен оперативен систем (ОС) за Вашиот
компјутер. Linux е оперативен систем кој личи на Unix. Оперативен систем е множество од основни програми и
алатки кои овозможуваат Вашиот компјутер да работи. На почетокот Windows беше
Графички Кориснички Интерфејс на DOS. Линукс има повеќе Графички Кориснички
Интерфејси. Во Македонија се најпопуларни
Gnome и
KDE
Ако веќе имате инсталирано Windows, ние можеме да
Ви инсталираме Линукс како втор оперативен систем на Вашиот компјутер дури и ако
Вашиот компјутер има само еден тврд диск. По инсталацијата сите Ваши податоци ќе
останат недопрени. Ако знаете како да инсталирате, ние можеме да Ве снабдиме со
компакт дискови.
Главни
придобивки
- Линукс ги поддржува сите популарни фајлови
формати (на пример DOC, JPEG, GIF, PNG, PDF...).
- Бидејќи Линукс е бесплатен ќе ги платите
компакт дисковите или инсталацијата. Со Линукс ќе добиете мноштво апликативни и
развојни програми кои исто така се бесплатни. На пример со OpenOffice можете да
отворите и уредувате фајлови кои се креирани со Microsoft Word, или можете да
отворите и уредувате фајлови кои се креирани со Microsoft Excel. Тој ги
поддржува сите популарни фајлови формати како што се JPEG, GIF и PNG. Без оглед
на тоа на каков компјутер или оперативен систем работите, Вие можете да
прегледувате PDF фајлови. Линукс има бесплатен PDF конвертор, така што ќе можете
дури и да креирате PDF фајлови. Веројатно најкорисната програма е канцеларискиот
пакет OpenOffice кој е преведен на Македонски и постои негова верзија за
Windows.
Ако сакате да научите повеќе за Линукс би требало да
ги посетите овие веб сајтови:
|