дома

услуги

веб сајт

информатика

текст и графика

Линукс

линукс позадини

консалтинг

HTML бои



[email protected]
+389 0 70 487 879
+389 0 33 271 160
Ul. Nikola Karev 11/1
2300 Kocani
Macedonia


КОНСАЛТИНГ


Промените се толку природана работа. Но, многу често луѓето се исплашени дури и од самата помисла за промена.

Да се купи компјутер или некоја компјутерска периферија (печатач , скенер,...) не е едноставна задача, дури и за компјутерски професионалци. Во светот има мноштво производители на компјутерска машинерија (хардвер), стандарди за хардвер , програмерија (софтвер), програми, протоколи... За да се купи нов компјутер не е неопходно само да се познаваат овие нешта, туку исто така да се има знаење од економија, менаџмент и човечки ресурси. Бидејќи односот цена/перформанси треба да се процени во согласност на спецификите на компанијата. Исто така, новата опрема треба да се искористи од работниците во компанијата.

Менаџерите на скоро сите компании, како и повеќето луѓе, се соочени со истите проблеми кога треба да донесат одлука за продавање на старите компјутери и купување на нови, бидејќи ризиците за инвестицијата, профитот, ефикасноста... не се мали. Ние можеме да Ви помогнеме во наоѓањето на решенија за секоја промена во Вашата компјутерска опрема. Дури и ако имате доволно знаење за да купите нови компјутери, многу често не знаете што да правите со старите компјутери. Ние можеме да Ви помогнеме бидејќи купуваме и продаваме стари компјутери.

Ако имате повеќе од еден компјутер, многу е веројатно дека ќе сакате да ги поврзете во мрежа. Ние можеме да ја конфигурираме Вашата компјутерска мрежа за да се подобри ефикасноста, печатачите да ги користат сите компјутери во мрежата...

Понекогаш луѓето не добиваат задоволителна брзина дури и од компјуетри со врвна брзина. За да се забрза Вашиот компјутер треба да се прилагодат подесувањата на софтверот во согласност со хардверот. Во оваа задача ние можеме да Ви помогнеме.

На крајот, но не и по важност, Вие треба да ги заштитите Вашите податоци од злонамерен софтвер, какви што се вируси, тројански коњи, логички бомби, спајвар, адвар... Ние можеме да ги очистиме Вашите компјутери од ваков непосакуван опасен софтвер.


Hosted by www.Geocities.ws

1