|
Компјутерската технологија и информатиката ќе го
одбележат 21от век. Затоа секој мора да има барем основни компјутерски
вештини.
Да се биде наставник е работа за која се зема плата. Многу луѓе,
особено оние кои никогаш не биле во контакт со наставниот процес, ја третираат
оваа професија како било која друга. Но, да се биде наставник, особено добар,
бара многу повеќе отколку само да се оди на работа секој ден, да се поминат
неколку часа во канцеларија и да се вратите дома.
Наставната провесија е
меѓу најблагородните професии, бидејќи таа работи со најскапоцениот производ на
човештвото - нашите деца. Добриот наставник не треба да е само многу добро
обучен во својот наставен предмет, но исто така, тој или таа треба да располага
со разновидни стручни и лични квалитети. На пример, добриот наставник секогаш е
точен и очекува и неговите ученици исто така да бидат точни. Но, тој секогаш ќе
биде полн со разбирање за сите оправдувања на своите ученици, за причините за
нивните отсувства или нереализираните задачи и никогаш нема да крене "врева"
пред другите ученици, делејќи совети од типот "како си можел да го заборавиш ова
или она?".
Најдобриот наставник акумулира во себе знаење во текот на
целиот живот и често ги обновува своите наставни вештини. Тој или таа употребува
мноштво од активности да ги направи своите часови интересни и полни со предизвик
за своите ученици.


Луѓето најчесто започнуваат да учат за компјутерите со
канцелариските пакети бидејќи тоа се најчесто користените програми. Најпопуларен
канцелариски пакет во Македонија е Microsoft Office или поточно уредувачот на
текст Microsoft Word и програмата за табелирање Microsoft Excel. Ние
препорачуваме транзиција кон OpenOffice, кој е бесплатна верзија на канцеларискиот пакет
Star на Sun Microsistems. Причините се следните:
- OpenOffice е компатибилна програма со
Microsoft Office. Со OpenOffice можете да отворите Microsoft Office фајл, да го
уредувате и дури да го снимите како Microsoft Office фајл. Секако, дури и
различни верзии од иста програма (на пример Microsoft Office 98 и Microsoft
Office XP) не се комплетно (100%) компатибилни. Затоа, веројатно барем малку ќе
треба да ги уредувате старите Microsoft Office фајлови ако сакате да го видите
истиот изглед под OpenOffice. Но, тоа е многу мала цена.
- Ако сеуште сакате да останете со Вашиот
Windows, наместо да поминете на Linux, сепак треба да размислите за користење на
бесплатниот канцелариски пакет OpenOffice, бидејќи за овој канцелариски пакет
постои верзија за Microsoft Windows.
- Конечно, постои преведена верзија на
OpenOffice на Македонски. Покрај доброро чувство, ефикасноста и продуктивноста
се неспоредливи кога некој работи на компјутер на мајчиниот јазик.
Напредните корисници сакаат да учат за графички
програми, програми за издаваштво, за веб дизајн или дири за програмирање. Со таа
намена постојат многу програми од Adobe, Corel... Програмата Draw од
канцеларискиот пакет OpenOffice може да направи многу нешта со векторската
графика (цртежите). Програмата за манипулација со слики The GIMP може многу добро да се
справи со бит-мапирана графика (слики). Последнава програма исто така има
верзија за Windows. За веб издаваштво Ви ги прпорачуваме овие програми:
- Веб прелистувачот Mozzila, кој има инкорпориран
веб уредувач
- Програмата Quanta Plus
Овие програми, како и сите други програми под
Linux, се бесплатни.
|