Дома
 


Звонко Танески

[email protected]
Звонко Танески е роден 1980. година во Кичево. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје. Во 2003. година бил на студиски престој во Перуџа (Италија) како стипендист на италијанската влада. Објавува поезија, есеи, критика, осврти и преводи во повеќе македонски списанија. Добитник е на наградата од C.R.I.C. за млади уметници од медитеранските и од балканските земји (1995), наградата Ацо Караманов (1997) и наградата за есеј на Филолошкиот факултет Блаже Конески (1999, 2000, 2001). Соработувал во неколку научно-истражувачки и новинско-издавачки проекти.
Досега ги има објавено поетските книги: Отворени врати (1995), Хорот на гнилите лисја (2000) и поемата Срт (2003). Дел од неговата поезија е преведена и објавена на повеќе јазици. Во моментов е на студиски престој во Словачка.
Hosted by www.Geocities.ws

1