Дома
 



Јанко Нинов – Отец Давид
 

Планина во мојата соба

Појдов да ја поканам планината
На еден разговор во мојата соба
Но таа ми рече дека претходно ќе морам
Во очи да ја погледнам

Гласот нејзин во мене
Предизвика најубави чувства
И изѕемнат неспокој
Се доближив ја погледнав

Низ мојот поглед
Таа
Претече во мене

Сега никако
Не можам
Да си отидам


Голтач

Јас сум оној грд лебед
кој при секоја помисла
ја нурка својата глава
во длабичината
а кога ќе ја извади
веќе ништо не се сеќава
та повторно ја нурка
привлечен од силата
на она што не се гледа
и најдосора му
успева

многу луѓе а една смрт.

       13.08.1992, Стокхолм


Ојдипод во Будимпешта

Излегуваат од раце
овие мермерни глави и тела,
во прашање е честа
а не знаејќи
тука е Ади.
Пораз ли е тоа
што не признава ништо
кога од ст. Келети
не ја гледа ул. Ваци
а Јожеф Атила ја гледа:
Во потрага
по руската црква
ќе ја најде ли,
и останува таму.



Доаѓањето на Годо

За Јокаста спомени имам
штом на талкање ќе нe стемни,
та водичот мој, ќерка ми,
ќе каже неколку зборови
и, ете, ти Го,
и гледај Чудо
не пее ами глаголи
слова поучни.
Тогаш моето расположение е такво
што сеедно ми е
дали разденува или расмртува.


Одѕив

Бев заспал во магдоносот
кога баба ми
ми тутна
мастило в рака
на парче хартија
да ги напишам мртвите.

Кој ли женски хор
со винова лоза на глава
ќе ги испее тие имиња?!

Кога Ојдипод дојде
молејќи ме
неговите отечени стапала
да застанат на листот кој
умира
Машки ја научив
Азбуката на одзивот.


Лај
Ленка платно белеше

Откако Ленка искочи
и тргна од Делфи
кон крстопат
воден од ат
зубите му пожутеа
руките до земи му паднаа
ногите се свија

Не беше Лај спремен
за тие мачни зборови!
Зборови – празни гробови
зборови – неба на небата.

Прва раскрсница помина
бастун у рука зема
втора откако одмина
видот ко да го снема
трета штом дојде раскрсница
ојде од Лај главата.

Напладне кога сончко се огрева
мудроста старец запоставља
раскрсница прича:
Не беше Лају за пророштва
Јокаста ти била даровна
и син ти таков родила.

Претходна
 
 
1 2
Hosted by www.Geocities.ws

1