Дома
 


Анета Велкоска
[email protected]
Анета Велкоска е родена 1978. година во Скопје. Дипломирала на Филолошкиот факултет во Скопје на групата за Македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Објавува поезија, проза, критички текстови и преводи во повеќе македонски литературни списанија. Преведува од и на интернационалниот јазик Есперанто.
Досега ја објавила поетската книга Што ја нервира вечноста (2001). Добитник е на наградата на Студентски збор за најдобра дебитантска стихозбирка за 2001 година и со наградата на Караманови средби во Радовиш. Живее и работи во Скопје.
 
Hosted by www.Geocities.ws

1