Дома
 



Александар Кирковски
[email protected]
Александар Кирковски е роден 1977 година во Скопје. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Еден е од подвижниците на театарското студио К. и основач на Младинската Книжевна Асоцијација. Работел како новинар во Македонската телевизија и бил соработник на повеќе списанија. Координатор е на литературниот кружок Мугри.
Објавува критички и теориски текстови во повеќе македонски литературни списанија. Досега ги има објавено поетските книги: Ќенелуп (1997) и М (2002). Неговата поезија е преведувана и објавувана на англиски, словенечки, романски, италијански и на влашки јазик. Живее и работи во Скопје.
Hosted by www.Geocities.ws

1