Мајмуни Прилеп
Градот на Ченто,Ѓорче,Пере, Кузман,Мирче...
         


 
 
     
Прилеп се наоѓа на апсолутна надморска височина од 620-650м а некои делови достигнуваат и до 680м.Сместен е во Пелагониската низина во јужниот дел од Република Македонија.Има околу 80000 жители и е еден од најголемите градови во нашата земја.За прв пат градот Прилеп се споменува во 1014 година под името Прилапон.Територијата на Прилеп претставува важен економски,политички и административен центар во Р.Македонија.Во предилинденскиот,илинденскиот и поилинденскиот период Прилеп бил средиште на македонското национално ослободително движење.Прилеп и Прилепско дадоа десетици признаени борци и револуционери меѓу кои и Мирче Ацев,Кузман Јосифоски-Питу,Ѓорче Петров,Пере Тошев,Кире Гаврилоски,Борка Талески како и првиот Македонски претседател Методија Андонов-Ченто.Значајни сведоштва за масовното и пожртвуваното учество во ослободителната војна се:Највисокото признание ГРАД-ХЕРОЈ и Могилата на непобедените,каде се погребани посмртните останки на преку 650 загинати борци од овај крај. Најразвиени индустрии се прехранбената,тутунската,мермерната, металската и електро индустријата.Сепак,Прилеп е најпознат по "жолтото злато",тутунот,кој што е најквалитетниот во Европа и меѓу најквалитетните во светот.Во близина на Прилеп се наоѓаат и Марковите Кули кои што претставуваат вистински раритет на овај простор и главна културна атракција.Исто така Прилеп е познат како најфудбалски град во Македонија и пошироко на балканските простори.Сигурно за тоа значаен придонес имаат Прилепските тифози,најпрвин под името Маркови внуци а потоа и како Мајмуни.

 

 




Написи Линкови Yahoo Група Контакт

Copyright (c) 2002,2003 Majmuni.cjb.net - All Rights Reserved.

   
Hosted by www.Geocities.ws

1