Мајмуни Прилеп          


 
 
     

Во 54 минута, мечот за момент го засени инцидент на трибините.Враќајќи се од фудбалскиот меч во Скопје,Работнички Кометал-Победа,група од десетина навивачи од Прилеп реши да се "одмори" во салата "Јасмин".Притоа го скршија клупското знаме на Тиквеш,јарболот го фрлија на паркетот,по што интервенираше полицијата,која "исчисти" неколку реда на трибините.
(Вест,Понеделник 2004)


ДЕСЕТКА ЗА МАЈМУНИТЕ
Во текот на сите 90 минути навивачката група 'Мајмуни' навистина со бурно бодрење им даваше голема поддршка на своите миленици и ова беше навистина вистински показател за нивното спортско однесување. Не беше упатен ниту еден вулгарен збор на сметка на која било од двете екипи или, пак, на официјалните лица.
(Mакедонски Спорт Број 1563, 30.06.2003,Понеделник)
ВЕРНИ ПРИЛЕПЧАНИ
Околу 70-ина навивачи од Прилеп допатуваа вчера во Скопје да го бодрат својот тим Победа во дуелот со Куманово. Всушност, да не беа тие на Цементарница ќе имаше едвај десетина гледачи.
(Mакедонски Спорт Број 1483, 24.03.2003, Понеделник)

'МАЈМУНИТЕ' ПРОТИВ ИЗМАМИ
Овој транспарент се појави на оградата од големата трибина на прилепскиот стадион во делот каде се популарните 'Мајмуни', најзагреаните навивачи на Победа. Зборовите 'Стоп за продадени натпревари' кажуваат што сакаат навивачите, и тоа не само оние во Прилеп туку и сите други од земјава.
(Mакедонски Спорт Број 1569, 07.07.2003, Понеделник)

Само за показател што публиката мислеше за самиот тек на настаните доволно отсликуваат повиците од трибините на навивачката група 'Мајмуни', која реагираше и пред почетокот на мечот, а бурната реакција продолжи и во последните моменти од средбата. Повиците упатени најмногу до клупското раководство од кое се бараше и неотповиклива оставка.
(Македонски Спорт,извештај од ракометниот натпревар Тутунски Комбинат-Радовиш 2003г.)

Мајмуните во фудбалската '97/98 направија невидена гостинска инвазија во сите градови ширум Македонија оставајќи фантастичен впечаток.На домашен терен знаеја да се собираат и до илјада членови притоа користејќи завидно количество на пиротехника.Направија многу добри транспаренти и нови мошне квалитетни шалови,а нивната подгрупа Гето и маици...
Според Мак Тифо Мајмуните се убедливо најдобра фудбалска тифо група во сезоната 1997/98.
(Навивачки Фанзин Мак Тифо бр.3)

Деновиве,етерот над градот под Марковите Кули е збогатен со програмата на најновото приватно радио "Манки".Изгледа дека тоа е необично име за медиум,но тоа произлегува од популарниот прилепски навивачки клуб "Мајмуни".Сопственик на радиото е овој клуб,а дел од навивачите се вработени во радиото.Студиото е сместено во просториите на поранешната месна заедница "Вишне",а програмата што се емитува има спортско-забавен карактер.
(Дневен весник "Вечер")

 

 


Линкови Написи Yahoo Група Контакт

Copyright (c) 2002,2003 [email protected] - All Rights Reserved.
Designed by Noveski Oliver

   
Hosted by www.Geocities.ws

1