Навивачки Клуб Мајмуни Прилеп          


 
 
     

Победа-Цементарница 3:1

Откако екипата на Победа успеа да обезбеди пласман во финалето на купот на Македонија,натпревар кој требаше да се одигра во Струмица бројот на навивачите кои сакаа да присуствуваат на тој натпревар се повеќе се зголемуваше.Тие денови Прилеп и навивачката група “Мајмуни” живееја само за тој натпревар. Требаше да бидат обезбедени 7 автобуси за навивачката група “Мајмуни” и еден за “Маркови Внуци” кои сеуште се присутни на секој натпревар давајќи му поддршка на својот миленик. Целиот ден,23 Септември беше во знакот на фудбалот и на фудбалскиот клуб Победа.Автомобили,скутери,веспи,такси возила се беше во црвено бела боја,а знамиња,шалови,капи и какви уште не навивачки реквизити се забележуваа на секој чекор.Нешто пред 15 часот “Пред Реклами” имаше околу 1000 добро расположени “Мајмуни” кои и така жешката атмосфера ја правеа уште пожешка.Но проблемите се појавија околу 15 часот.Место предвидените 8 автобуси се појавија само 4 недоволни да го соберат ни половина од навивачите.Иако телефоните се вжештија од автобусите ни трага ни глас.Пристигнатите автобуси веќе беа преполнети со многу повеќе патници од дозволениот капацитет,па тргнаа кон Струмица.Останатите навивачи потоа не бираа средства како да стигнат до Струмица.Се ангажираа сопствени возила,такси возила(беа ангажирани повеќе од 40 такси возила),камиони,се искористи и редовната автобуска линија Прилеп-Струмица но ни тоа не беше доволно.Па така голем дел не успеаја да стигнат во Струмица и останаа натпреварот да го следат во Прилеп. Откако сите навивачи се собраа пред влезот на Струмица со полициска придружба бевме спроведени на стадионот.Бидејќи натпреварот веќе беше започнат не се бираа средства што побргу да се влезе на стадионот,па така многумина место главниот влез го искористијa ѕидот за да влезат побрзо и да почнат да ја бодрат својата екипа.А веднаш по пристигнувањето на навивачите, фудбалерите на Победа постигнаа погодок и ја кренаа атмосферата на уште повисоко ниво.Иако поминаа долг и напорен пат,никој од “Мајмуните” не го штедеше своето грло и своите раце и со прекрасно навивање и солидна кореографија беа од голема помош при освојувањето на првиот трофеј.Нормално,прославата на крајот беше зачинета со солидна пиротехника и громогласен аплауз. По патот кон Прилеп,песна и алкохол на сите страни.Ниту во автобус не се штедеа грлата и дланките и со нетрпение се очекуваше да се стигне во Прилеп каде што забавата продолжи во кафе-клуб “Bullevard” заедно со фудбалерите на Победа.Но не за сите беше така добро и забавно.Еден од автобусите (во кој беше и авторот на текстов) уште пред Валандово имаше мала несреќа поради падот на задното ветробранско стакло,па со отворен автобус се патуваше до Прилеп.Но,на Плетвар уште еден малер. Автобусот,по се изгледа не можеше да го издржи товарот на 100-тината Мајмуни во него па започна да гори во делот на ауспухот. Само присебноста на навивачите не доведе до поголема несреќа. Но затоа патот кон Прилеп беше продолжен пешки (околу 10км). Пред Прилеп бевме пречекани ос околу 15 такси возила со кои бевме префрлени со “Boullevard” каде забавата беше во полн ек и се славеше до раните утрински часови. Да се спомене дека како и обично не беше направен ниту еден поголем инцидент и за таквото однесување и коректното навивање навивачката група “Мајмуни” беа пофалени од организаторите и од спортските весници.

by Дарко Стеваноски - "Митич"

 


Написи Линкови Yahoo Група Контакт

Copyright (c) 2002,2003 Majmuni.cjb.net - All Rights Reserved.
Designed by Новески Оливер

   
Hosted by www.Geocities.ws

1