Навивачки Клуб Мајмуни Прилеп          


 
 
     

Македонија-Англија 1:2

Навивачката група “Мајмуни” досега многупати присуствувала на репрезентативните настапи на Македонската селекција било на фудбалските било на ракометните натпревари.Но фудбалскиот натпревар против Англија што се играше на 6 септември 2003г. претставуваше голем предизвик за уште едно гостување.Веднаш после пријателскиот натпревар Македонија-Албанија што се играше во Прилеп,започнаа подготовките за гостување во Скопје. Пред натпреварот беа одржани неколку состаноци на кои се договараа деталите околу престојниот натпревар.Така беше договорено да се направи еден транспарент на кој ќе пишува “First Two Kings-Macedonia vs England” и ќе ги има знамињата на двете земји со круни над нив.Иако беше договорено да се направи кореографија тоа не се случи поради оправдани причини.Во пресрет ни излезе и “Тутунски Комбинат”-Прилеп кој ни обезбеди автобус за патување.Договорено беше од Прилеп да се тргни во 12.30ч.
Собирот беше стандардно “Пред Реклами” во 12.15 но тргнувањето задоцни па се тргна во 12.50 откако пристигна договорениот автобус снабден со сендвичи,пиво и сок.Како и секогаш “Мајмуни” беа во целосна опрема со знамиња,шалови,дресови,капи а расположението се зголеми со тргнувањето за Скопје.На Плетвар следеше едно непријатно изненадување поради минирањето на патот поради што моравме да чекаме 20мин. да се расчисти патот па да продолжиме понатаму.По пат бевме поздравувани од многубројните автомобили и камиони со кои се разминувавме и со тоа ни беше давана поддршка.За време на целото патување не престануваше пеењето и скандирањето кое стануваше се погласно со влегувањето во Скопје каде добивавме поддршка од сите граѓани кои случајно се најдуваа по Скопските улици.Во 15.30 ние веќе бевме пред стадионот каде повторно со песна го најавивме нашето доаѓање.Тука почнаа и провокациите од страна на комитите.Најпрво движејќи се кон стадионот еден младич упати пцовка кон нас по што еден од нашите навивачи веднаш се стрча кон него и успеа да го фати но беше спречен поголем инцидент од останатите мајмуни кои не сакаа доброто расположение да биде нарушено од некоја будала.Откако ја поминавме првата полициска контрола на влезот,една помала група на комити кој одеа на запад почна да провоцира со упатување навредливи зборови кон нас на што им беше соодветно вратено.До поголем инцидент не можеше да дојди бидејќи тие веднаш потоа избегаа.Строгите полициски контроли беа поминати без никакви инциденти при што ни беа одземени сите тврди предмети што ги носевме со нас освен неколку кои што успешно беа прошверцувани.На источната трибина го окупиравме првиот блок кој што беше предвиден за нас а притоа ни се приклучија и други гледачи од Скопје и Велес кои што навиваа со нас.Од другите навивачки групи на стадионот ни трага ни глас.Комити ги имаше едвај 100 души а Loyal Fans околу 30-40.За време на првото полувреме расположението и навивањето беше добро а за тоа придонесуваше и водството на Македонија од 1:0.”Мајмуни” беа единствените на стадионот кои пееја навивачки песни но притоа не беа поддржани и од останатите гледачи на другите трибини.Тие единствено што знаеја е “Македонија,Македонија” и “Fuck you England”,па така останавме единствено ние да го браниме достоинството на Македонското тифо на овај натпревар иако не имаше околу 80 души.Полувремето беше искористено за разговор и запознавање со малубројните Англиски фанови на источната трибина.Притоа од наша страна им беше подарен еден шал од фудбалскиот клуб Победа и запознавање со клубот за кој навиваат “Мајмуни”.А за спомен од натпреварот посакаа да се сликаат со девојките кои беа со нас и со нивните шалови “Macedonia”. За жал нивниот оптимизам дека на крајот ќе победат со 1:2 се покажа како точен но тоа не беше причина да се престане со навивање иако во помала мера.Сепак добрата игра беше причина Македонските фудбалери со аплауз да бидат испратени во соблекувалните а ние со мала разочарување од резултатот но задоволни од прикажаната игра да се вратиме во Прилеп.На излегување од стадионот немаше никакви инциденти како и секогаш кога е во прашање навивачката група “Мајмуни”.

 


Написи Линкови Yahoo Група Контакт

Copyright (c) 2002,2003 Majmuni.cjb.net - All Rights Reserved.
Designed by Новески Оливер

   
Hosted by www.Geocities.ws

1