Дома
 


Рената Димчова

Предигра

Да го дувнам
глуварче.
Јас сум вистинска,
одбрана
и собрана
со забрана
набрана.


Мигот

Соголен покрив на
свршениот ден,
претпладне
попладне.
Наизуст познат пат
отаде времето,
пукнатина.


Воено пристаниште

Топла хоризонтала
- црвена линија,
исправен сив метал се бранува
- оружје
го голтам пространо,
го заробил времето одбрано,
а сè тоа огромно со душа.
Измеѓу одвоено тло,
отсека низ плима
- ладно споено
неубавото
- запенет стих
и пак е убаво.

Грешење

Од кориците на сенките,
завева, завлекува се заборава
храброст.
Загадочен порив
ме повлекува, привлекува, завлекува,одвлекува.
До тебе стојам, удирам.
Ковачницата е мокра,
а некаде искри,
се бистри с# на бис.


Сомнеж

Лаик го кине ланецот
денес
од ланскиот премин
кој настапува.
Несвесен свиок
одгатна
груптула во алка,
маска е тој мирис,
суптилен накит
кој не отстапува.


Поет

Упс, простете
на мојата неукост,
одученост
од присвојување во моја
а условувана како сечија,
дрско ја бранам како нечија.
Уште пишува седнат,
утре песна стана.

Hosted by www.Geocities.ws

1