Дома
 


Марко Костовски

Крлеж

Влезе еднаш под кожа
и сродна душа ти стана
крв со тебе иста има
зашто
целата ти ја исцица


Темнина

Ми се допаѓа темнината
затоа што
во неа светам

Ми се допаѓа темнината
затоа што
во неа месечината со мене свети

Ми се допаѓа темнината
затоа што
на неа ѕвездите спијат

Ми се допаѓа темнината
затоа што
птиците неа ја водат

Ми се допаѓа темнината
затоа што
во неа често дождот брзо како копје паѓа

Ми се допаѓа темнината
затоа што
сенки свои прекрасни има

Ми се допаѓа темнината
затоа што
таа е мирна

Ми се допаѓа темнината
затоа што
таа е своја

Ми се допаѓа темнината
затоа што
во неа светам

Некогаш

Некогаш мислам
дека јас сум ти

Некогаш мислам
дека ти си јас

Некогаш мислам
дека ти и јас сме едно

Некогаш мислам
дека ти си добра

Некогаш мислам
дека ти си таа што ми треба

Некогаш мислам
дека јас знам сe

Некогаш воопшто не мислам


Не ја најде

Не ја најде
зашто
по душата нејзина
не одеше ти...


Огледало

Дали сум тоа јас
или има некој од другата страна
кој ги знае моите мисли
кој ме знае мене

Дали ги гледам моите потези
или тоа се лажни слики
кои некој човек ги прави
во исто време

А што би гледал тој
дали се чувствува и тој вака, како мене
дали и нему му е чудно

Прашувам, а нема одговор
Одговарам, а нема ново прашање
Викам, а никој не ме слуша
И пак се чувствувам
Како осамено дете

Hosted by www.Geocities.ws

1