Дома
 


Горан Иванов Крстевски
 

Мојот лош филм

од еден филм
американски
разбрав
дека
кога на дете
ќе му умрел родител
му купувале куче
а
мене
никој ништо
не ми купи


Ако може

зад
онаа планина
велат
планина имало
а зад неа
пак планина
и сега
да прашам ако може
до кога така
зад планината планина

 


Патриотска

мочам
оти ми се моча
а не сум богзнае каков мочло
ама мочам
и на тебе
и во тебе
никогаш крај тебе
мила моја земјо

Писмо

мило мое
алипен сум
маанлија
не табанлија со дус
ил чкулосан
од чкурт чкуртосан
делкан па изделкан
туку нешто
како недоделкан
мило мое
не сум свое
менувам зборче за чкорче
само за да се запалам
напалам
попалам
па во тебе да се истресам
исцедам
доцедам
ако може
а
и којзнае дал ќе можам
мило мое
оти ми се стори
па ќе речам
да не се повтори
оти не е мај втори четврти е


За расколот

кучкана
ем бела
ем руса
со кол ме колоса
колосално боже беше
раскол в гради чинам ми стори
чунки да дишам
но не дишам веќе
тишам

Hosted by www.Geocities.ws

1