Дома
 


Емилија Матаничкова

Свеќа

во обилна расфрленост
на собата

долго ја барам
анализата на сонот
ми пречиш

на рајскиот пат
немој да

отварање на месечината
немој
има посилни од тебе
да
сонцето ја надминува твојата моќ
немој да ми пречиш
оти како тебе
такви има многу
ми пречиш
еве го сонцето
еве ги нив

 

И не да би ...

Болно се извивав
а бев
Крикови распнати

отклучував
а бев железна.
Полека стивнува ...
слуша слуша гласот на

на железните
го полазија
моето житие- тело
а бев

(Е. Ма 3 клас)

Темјан

Те згнасува
вдишуваш со душа
окована во нов стил.
Зарекнувајќи се од изживеаното парче,
лита трага те обраснува,
минливо
низ преоден мост кон усилбата.
како камен што
зборува и мисли
како темен облак
зад грамадните планини.
Се однесуваш како часовник
и остарена книга,

турнувајќи се дифузно.
Понира со
моментен неспокој и
кон точка на одредено.
Осцилира во хаос
во невритите

христовото причестије,

теза крепната со скепса.
Празничниот познат мирис

те воведува во беда и желба за откритие.

дивото ѕвоно на старите камбани

Расцепен бран

хоризонтално ја очекува
привидноста на рибите
Косковидно, пластично, триаголно,

ошеметуваат

раздвижување
Нашиот Еол
мудроста
ја осмислува
А тие?
ја очекуваат ли
брановата в
на зачатието
Ркулецот го осмислува
бремето на Еол
Можеби на некој
друг
ти Еа
-Таа знае се!
Дури Гилгамеш
ја бара тревата
на "бесмислата"
таа ги гледа
уживајќи во
полубожното трагање

патешествие
А Утнапиштин -пензиониран
може само да ги
окоричува
камените житија

фрескосликар

Жлеб распнат на крст
дупка во железо
пупка
затвор лавиринтен злез
Помпеја- бискуп над
битијето срознато

житие па параграфи
можен избор за реставрација (?)
Толку дуваат пасатите
јужно од рајот ...

Што се случува
кога метеор ќе падне
на носилка од метафори
и кога сјајот очаен
ќе виси врз нашите глави (?)
Анахроно
на хронос
тестис терциус
му фали ?!?

Знаме

сабјата ѕвечка удирајќи на железната парабола
сабјата сунѓерасто мазно навлегува
во слабото тело на рударот

Hosted by www.Geocities.ws

1