Дома
 


Божидар Барлакоски

***

Ние и нашата мистерија
еве сме прави!

Никогаш не ќе да има доволно
од издишките на пролетта
љубов да се крене
колку копја што има.

А никогаш немало повеќе
копја од сега
ни пролет повеќе од сега
ни трева повеќе од сега.

Јас и мистеријата моја
еве сме прави!
лактите во празнините на
езерата и пештерите
си ги одморам
со копја в раце и очи на сред знаме
како тревата се суши
гледам!


***

Од очите наши снежи!
И две снегулки
два ангела
на смрека седнати
муабетат
за снегот во нив
и времето пред нив.
Од очите наши снежи
пред нас браќа цело поле
а во срцата мрежи
од сега до часовите твои
стори ни го јазикот убрус
оти од очите наши снежи!


***

Сe што е земја под небо
и ние на земја едно сме.
И те чекав
ко ранет цвет од ветар
да те видам
и каде што земјава зборува
да те положам
за да не ? е залудно зборувањето.
Ко ранет цвет од ветар
те чекав
при сe што е небо над земја
и ти на небо
да ме земеш
да не ми е залудно чекањето
и пак,
едно да сме.

***

Кога си под милион капки
те парчат чекори.
Камењата се баунтовите
бунтовници
а мравките се капките
свртени наопаку.
На птиците мал им е светот
да им биде дом
затоа не сум птица
затоа сум
гром.
Кога сум под милион капки
ме парчат дождови
во мене се скриваат мравките
од операта на чекорите

Водите не знаат за доста!

***

Убавино зад ридон
веќе си ти!
До ридон ни пат, река
ни сенка
само ред земја
ред камења
и насреде небо.
Убавино ридон е во мене
а зад него веќе си ти
ни ти, ни јас сме
на земја
натежнале небата
од нас
натежнале планините
од мраз
и стенкаат
а не можат без нас
а не можат без нас
Убавино зад ридон
сум јас,
а пред мене
веќе си ти

Hosted by www.Geocities.ws

1